Скопски „Водовод“ има нов директор


Од Град Скопје преку соопштение информираат дека на местото нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ е назначен Виктор Панчевски. – Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие „Паркови и зеленила“, со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие. Во наредниот период ЈП „Водовод и […]

„Простор“ – самостојна изложба на романскиот уметник Владимир ПАУН – Врапциу


Самостојна изложба на романскиот уметник Владимир ПАУН – Врапциу со наслов „Простор“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галеријата „ОСТЕН“, во Скопје. На отворањето најавено е обраќање на амбасадорката на Романија, Моника Аксинте. „Простор“, како што наведуваат од галеријата, претставува проект во развој кој постојано добива нови форми и димензии, како што всушност […]

Без струја делови од општините Аеродром, Карпош и Сарај


  ЕВН Македонија известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Сарај. Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче, улица 10 и улица 12 во општина Аеродром ќе бидат без струја, а во периодот од 09.00 до 10.30 часот, корисниците од Средно […]

Во Анкара ќе се бараат информации што треба да се направи за екстрадиција на Палевски


Делегација предводена од министерот за правда Кренар Лога на 8 февруари ќе престојува во Анкара каде ќе има средби со официјалните турски претставници, а едно од прашањата за коишто ќе се разговара е екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Техничкиот премиер Талат Џафери во интервју за МИА вели […]

Во Рио де Женеиро прогласена вонредна здравствена состојба во пресрет на карневалот


Рио Де Женеиро – Властите во бразилскиот град Рио де Женеиро прогласија вонредна состојба во јавното здравство поради појава на Денга треска, само неколку дена пред почетокот на карневалот низ Бразил. И покрај тоа, не се очекува епидемијата да го наруши карневалот, кој официјално почнува во петок навечер и ќе трае до 14 февруари. Градското […]

Претежно сончево со мала локална облачност и тивко


Наутро со услови за појава на мaгла понекаде во котлините. Преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степени. Во Скопје претежно сончево со мала […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 6 февруари 2024 година, 37-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 329 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 42 минути, а ќе зајде во 16 часот и 54 минути. Денов трае 10 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Три грешки кои можат да доведат до срцев удар во зима


Студеното време е поврзано со зголемување на инфекциите на горните дишни патишта, но зимите можат да бидат тешки и за вашето срце. Истражувањата покажаа дека стапката на смртност од кардиоваскуларни болести драстично се зголемува како што се приближува студеното време. Се верува дека ненадејната срцева смрт е одговорна за половина од сите кардиоваскуларни смртни случаи […]

Митрески ќе ги распише претседателските и парламентарни избори на 14 февруари


Претседателот на Собранието, Јован Митрески вечерва соопшти дека претседателските избори ќе ги распише на 14 февруари. Посочи дека планира на истиот ден да ги распише и парламентарните избори. -Во однос на вашето прашање за распишувањето, во Уставот вели од 70 до 90 дена пред одржувањето на изборите, што значи 24 април е првиот круг за […]

Трагедијата на Леонард Фаруку, младиот музичар од Албанија чиј сон за подобар живот заврши во Англија


Шест месеци пред да биде пронајден мртов на шлепот Биби Стокхолм, Леонард Фаруку имал надеж дека ќе изгради нов живот во Британија. „Во Обединетото Кралство сум од август 2022 година. Се надевам дека ќе можам да ги добијам моите документи затоа што сега сум во установа за баратели на азил. Дојдов на гумен чамец“, рече […]

Иран најави изградба на најголемиот вселенски центар во Западна Азија


Иранскиот министер за комуникации и информатичка технологија (ИКТ) Иса Зарепур рече дека земјата ја гради најголемата база за вселенско лансирање во западноазискиот регион. Ова во неделата го изјави Иса Зарепур, додавајќи дека земјата ќе лансира уште еден сателит до крајот на тековната иранска календарска година (до 20 март 2024 година). Важни случувања се случија во […]

И во Бугарија протест на земјоделците


Стотици бугарски земјоделци денеска протестираа во Софија бидејќи, како што наведоа, Владата не презема ништо за да ги реши нивните се поголеми проблеми, а протестите ќе продолжат и утре. Демонстрантите го повикаа бугарскиот министер за земјоделство Кирил Ватев да поднесе оставка поради неисполнување на ветувањата за олеснување на административниот товар на земјоделците, како и неможноста […]

Шведска неделава ќе ја објави одлуката за истрагата за експлозијата на Северен поток


Обвинителот што ја води шведската истрага за експлозијата на гасоводот „Северен поток“ во Балтичкото Море во 2022 година планира оваа недела да објави одлука дали да се откаже од случајот, да поднесе тужба или да побара некои апсења, соопшти денеска Обвинителството. Веднаш по експлозијата Шведска објави дека при истрага во шведската економска зона на лице […]

Принцот Хари доаѓа во Велика Британија поради болеста на неговиот татко


Принцот Хари разговарал со својот татко, кралот Чарлс Трети, откако на британскиот монарх му бил дијагностициран рак. Според Би-Би-Си, Хари, кој живее во САД, во наредните денови ќе отпатува за Велика Британија, каде ќе го посети Чарлс. Бакингемската палата претходно денеска соопшти дека на Чарлс му бил дијагностициран рак за време на посетата на болницата […]

Се разбира, и Мерил Стрип беше на Греми


Лос Анџелес– Иако секое појавување на Мерил Стрип е подарок за сите нас, многу луѓе се чудеа прашувајќи се зошто легендарната актерка се појави синоќа на 66. Греми награди во Лос Анџелес. Некои веруваа дека тоа е затоа што нејзината ќерка Грејс Гамер, исто така, присуствуваше да го поддржи нејзиниот сопруг музичар Марк Ронсон, но […]

Рама: Косово треба да се координира со сојузниците


Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше во врска со одлуката на Централната банка на Косово да ја отстрани од пазарот српската валута динар, пренесуваат албанските медиуми. Рама побарал од Косово да се координира со сојузниците, кои побараа суспензија на оваа мерка, бидејќи според нив, таа може да поттикне нови тензии на Косово. Како што навел […]

Такер Карлсон е во Москва за интервју со Путин?


Конзервативниот полемичар Такер Карлсон, или некој што личи исто како него, е забележан во Москва, на голема радост на про-Кремљ заедницата. Канал на Телеграм кој се смета за близок до руските органи за спроведување на законот објави дека Карлсон летал во Москва од Истанбул три дена претходно. Објавата вклучува две фотографии, на кои наводно Карлсон […]

Кралот Чарлс III има рак


  Кралот Чарлс Трети има рак, објави Бакингемската палата. 75-годишниот британски монарх – кој се искачи на тронот во 2022 година по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора – ќе продолжи со своите кралски должности, но се повлекува од аспектите на улогата со „јавно соочување“, се вели во соопштението. . Чарлс минатиот месец помина […]

Таравари за куршумот пред врата: И да пукате тешка артилерија, промената нема да запре


Претседателот  на  Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, се огласи за инцидентот со куршумот што го пронајде пред својот дом и го сфати како закана. -Денеска кај мене дома полициски екипи вршеа увид затоа што пред мојот дом е пронајден куршум, со јасна мафијашка заканувачка порака. Жал ми е за моето […]

Нетанјаху: Со тотална победа ќе му зададеме фатален удар на Хамас, но и на Иран


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека со „тоталната победа“ на израелската армија во Појасот Газа ќе ѝ биде зададен „фатален удар“ на палестинската исламистичка организација Хамас, но и на Иран и неговите сојузници. „Апсолутна победа е од суштинско значење затоа што гарантира безбедност за Израел. Целосната победа ќе зададе фатален удар на оската на […]