Во среда ќе се избира нов државен обвинител и уставен судија


Предлозите за избор на обвинителот Љупчо Коцевски за нов републички јавен обвинител, и изборот на професорката Ана Павлова Данева за судија на Уставен суд, се на дневниот ред на 140. Седница на Собранието на Република Северна Македонија закажана за в среда. Предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствениот кој доби […]

МСУ слави 60 години од основањето со ретко дело „Доблест во нужност“ на Барукело


Музејот на современа уметност, викендов, на 10 февруари, слави 60 години од основањето. Во таа чест, после 35 години,  ќе биде изложено делото „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело (1924 –2023). Ексклузивното изложување на делото, како што велат од МСУ, е во чест на одбележувањето на 60 години од основањето на 11 […]

Таравари пронашол куршум во дворот, полицијата истражува


  Полицијата од утрово е во домот на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, откако тој пронашол куршум во неговиот двор, дознава „Oрa24.тв“. Куршумот, како што се сомнева Таравари, е заканувачка порака до него, по последните превирања во партијата, кои ескалираа вчера.   Прво поранешниот претседател, сега претседател на Централното собрание на АА, Зијадин […]

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова во њујоршка МоМА


Музејот на модерната уметност во Њујорк (МоМА) ја објави својата престижна програма „Док фортнајт 2024“, а еден од само тринаесетте селектирани долгометражни филмови е и „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова. МоМА ја претставува селекцијата како програма од најдобрите филмови реализирани минатата година, кои ќе бидат прикажани за првпат во Северна Америка, вклучувајќи и филмови […]

За Османи партиите во албанската опозиција се „деривати на ДУИ“ што не носат промена


ДУИ не се плаши од Таравари, вели  Бујар Османи за најавената коалиција меѓу Арбен Таравари и здружената албанска опозиција, како и блиските релации со косовскиот премиер Албин Курти. Според Османи, партиите во албанската опозиција се „деривати на ДУИ“, односно како што вели, сите тројца се поранешни функционери на ДУИ. -Гаши е гласач на ДУИ, а […]

Одбројуваме до саботното музичко цунами – концертот на Јелена Розга


Сабота 10 февруари е датумот и денот резервиран за најголемиот аудиовизуелен настан во месецот на љубовта и виното – концертот на една од најголемите музички ѕвезди во регионот Јелена Розга. Организаторот Скајмјузик продукција, регионалниот лидер во организацијата на најголемите музички настани и фестивали, најавува вистински спектакл, а во нивната лабораторија веќе се подготвени повеќе од 400 […]

Тажен викенд за Пере од „Нокаут“ и Перо Камиказа од „Меморија“


Овој викенд беше тажен за двајца познати музичари, двајца лидери на едни од најпознатите македонски поп-рок бендови  кои остаа без еден од своите родители.   Основачот и лидер  на култната македонска рок група„Меморија“, Петар Георгиевски, познат како Перо – „Камиказа“ остана без својот татко Ристо, кој почина во сон, во длабока страост на 97 годишна возраст. Перо […]

Малта, Норвешка, Украина и Шпанија ги избраа претставниците за Евросонг (видео)


Четири земји викендов ги избраа нивните претставници на 68. издание на Евросонг што ќе се одржи во мај во Малме, Шведска. Сара Боничи, „Гејт“, Алиона Алиона и Џери Хејл, како и Небулоса ќе ги претставуваат овие земји на големиот музички натпревар. Нивните песни ги носат насловите „Луп“ (Loop), „Улвехам“ (Ulveham), „Тереза и Марија“ (Teresa & […]

Огромни разлики во можностите на здравствена заштита во земјава, подобро стојат големите градови


 Највисоки можности за здравствена заштита во државата имаат жителите на главниот град, Скопје. Најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево, покажуваат податоците од истражување, чии резултати ги објави Центарот за граѓански комуникации. – Има огромни разлики во можностите, односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите на 30-те градови […]

Герасимовски: Бесплатен транспорт до здравствените установи за полнолетните лица со попреченост


Бесплатен превоз до здравствените установи за сите полнолетни лица со попреченост од Општина Центар обезбеди денеска градоначалникот Горан Герасимовски со потпишување на Меморандумот за соработка со секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Саит Саити. Оваа соработка значи превоз до здравствените установи со наменски возила за корисници за лица над 18 години, кои користат ортопедско […]

Не дозволувајте да ве измамат: Како да видите дали е вратена километражата на автомобилот


Не дозволувајте да ве измамат да купите автомобил Луѓето многу често ја враќаат километражата кога го продаваат својот автомобил за да добијат повисока цена за него. За среќа, постојат неколку начини на кои можете сами да проверите дали тоа е случај со половниот автомобил што планирате да го купите, што е многу важно, особено ако […]

Ангеловска-Бежоска: Преку реформи кај човечкиот капитал, инвестициите и институциите, до побрза конвергенција кон ЕУ


Гувернерката Ангеловска Бежоска учествуваше на панел-дискусија на дваесет и второто издание на престижниот Mеѓународен економски самит Ворвик 2024, којшто се одржува на истоимениот универзитет во Обединетото Кралство. На панел-дискусијата на тема „Навигација на монетарната политика: Гледишта од централните банки ширум светот“, покрај гувернерката, учествуваше и гувернерот на централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ, гувернерот на […]

САД загрижени од провокациите на Курти


Американската влада е длабоко загрижена поради неодамнешните постапки на властите во Приштина, кои имаат директни негативни последици за српската заедница и припадниците на другите малцинства на Косово, изјави американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер. Тој ја осуди акцијата на косовската полиција во која беше запленето возилото на Пошта Србија и парите наменети за социјални бенефиции […]

Русија: Борис Надеждин на пат да биде исфрлен од претседателската трка


  Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија откри 15,3 отсто дефекти на листовите со потписи што поранешниот пратеник на Државната дума Борис Надеждин ги достави за регистрација како претседателски кандидат, изјави претставникот на неговиот штаб, Игор Артемјев. „За да бидат вклучени во гласачкото ливче, не се потребни повеќе од 5% дефекти од 60 илјади потврдени“, […]

Јетон Шаќири тврди: Џабе протестирате, стипендиите ви се исплатени


Министерот за образование Јетон Шаќири преку Фејсбук им порача на студентите да не си губат време на протестирање во недела кога се полагаат испитите, бидејќи стипендиите веќе им се исплатени, а тие подлегнуваат на шпекулации. „Додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие студенти кои ги исполнивте условите […]

Јајца во фрижидер? Многумина грешат – предупредување од експертите


Експертите предупредуваат на грешка која сите ја правиме Луѓето имаат тенденција да чуваат јајца во вратата од фрижидерот во повеќето домаќинства, но дали е тоа најдобрата опција? Иако јајцата се меѓу основната храна во сите домаќинства, доколку не се складираат правилно, може да станат небезбедни за јадење или нивниот вкус може да се влоши. За […]

Во Шкотска минималната цена на алкохолните пијалоци се зголемува за 30%?


Властите во Шкотска имаат намера да ја зголемат минималната цена на алкохолните пијалоци како дел од мерките за намалување на бројот на хоспитализации и смртни случаи поврзани со алкохол. Министрите во Единбург наскоро треба да дадат зелено светло за зголемување од 50 на 65 пени по единица, кое треба да започне од почетокот на мај. […]

Нападнат директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Небиу, по синоќешната поддршка за Села


Синоќа бил нападнат членот на Алијанса за Албанците и директор на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу. Настанот го потврди и полицијата. -Вечерва во 19.40 часот во СВР-Тетово било пријавено дека во угостителски објект на улица „Маршал Тито“ во Тетово Д.Н. бил физички нападнат од К.О. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување […]

Селин Дион се појави на Греми додека се бори со неизлечива болест


Селин Дион ги изненади гостите и учесниците на Греми со своето појавување на крајот на церемонијата за да ја додели последната награда за албум на годината. Музичката икона беше надвор од центарот на вниманието откако во декември 2022 година откри дека има синдром на вкочанета личност – прогресивно невролошко нарушување кое влијае на мозокот и […]

Парижаните гласаа за воведување три пати повисоки цени за паркирање за џипови


Парижаните гласаа за тројно зголемување на трошоците за паркирање на SUV возилата. На вчерашниот референдум, кој будно го следеа и другите главни градови, 54,6 отсто од луѓето гласаа за посебни давачки за паркирање теренци, покажуваат првичните резултати. Сепак, одѕивот – од околу 5,7% од регистрираните гласачи во Париз – беше помал отколку што се надеваа […]