Човек од Хонг Конг остана без 25 милиони долари – крадците користеле дип фејк технологија


Работник во мултинационална компанија во Хонг Конг останал без 25 милиони долари откако бил измамен од непознати криминалци кои користеле дип фејк технологија за да му ги украдат парите, пишува Си-ен-ен. Измамниците користеле дип фејк технологија за да ги имитираат директорите на компанијата во која работел човекот преку лажен видео повик, објави полицијата во Хонг […]

Овој зимски зачин може да биде и одлично средство за чистење


Циметот е еден од најпопуларните зимски зачини, но дали знаевте дека циметот е и одлично средство за чистење? Имено, циметот, кој со векови се користи за ароматични цели, има фантастичен вкус и мирис, а воедно има и природно антибактериско дејство. Кога се користи како средство за чистење на подот, овој зачин може да убие до […]

Хеликоптер на руското Министерство за вонредни ситуации се урна над Карелија


Москва – Хеликоптер Ми-8 на руското Министерство за вонредни ситуации се урна кај езерото Онега во северна Карелија со тројца членови на екипажот, соопшти денеска Министерството, додавајќи дека во тек е подводна потрага. „Хеликоптерот беше на тренажен лет“, објави Министерството на апликацијата за пораки Телеграм. „Хеликоптерот беше управуван од искусен екипаж со илјадници часови лет“, […]

Истражување: Постарите работници се чувствуваат дискриминирани на работа


Oтприлика секој петти вработен на возраст над 55 години смета дека е дискриминиран поради неговата возраст, покажува британско истржажување. Истражувањето на две илјади возрасни лица од финансиската компанија „Канада Лајф“ (Canada Life) открило поплаки кои вклучуваат помалку можности за напредување на работното место и чувство на поголем притисок да ја завршат својата работа добро. Постарите […]

Австралиската полиција пронајде 139 килограми кокаин скриени во луксузни автобуси


Канбера – Две лица се уапсени во Аделаида откако полицијата пронашла 139 килограми кокаин скриени во луксузни автобуси, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на австралиската федерална полиција. Дрогата била откриена кон крајот на минатиот месец во четири луксузни автобуси, дел од меѓународна пратка до Аделаида. Двајца мажи, на возраст од 22 и 19 години, […]

Македонија и Албанија можеа попрагматично да ги развиваат односите: Интервју со Салим Керими


  Публицистот и дипломат Салим Керими неодамна издаде нова книга „Аспекти на југословенско и македонско – албанските односи и соработка (1945-1991-2000)“, чие објавување се совпадна со одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Албанија. Негов заклучок е дека во југословенскиот период учеството на НР/СР Македонија во вкупната југословенско-албанска соработка била […]

Турција ќе го снабди Египет со дронови


Анкара – Турција одобри испорака на борбени беспилотни летала на Египет, а се очекува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган набрзо да го посети Каиро. – Процесот на нормализација (на односите) е завршен во голема мера. Односите (помеѓу двете земји) се важни за безбедноста и трговијата во регионот, се договоривме да им обезбедиме беспилотни летала. Мора да […]

Мајли Сајрус кралица на Греми: Златна награда и златен изглед


Лос Анџелес– Мајли Сајрус го освои најпрестижното Греми во нејзината кариера кога нејзиниот хит „Flowers“ беше награден за снимка на годината, синоќа, во Лос Анџелес. Песната се најде во категоријата Најдобра поп соло изведба, што значеше дека Сајрус го освои своето прво Греми.   Марк Ронсон и неговата свекрва Мерил Стрипѝ ја доделија наградата, шегувајќи […]

Годишен одмор не можат да си дозволат 55 отсто од Македонците


Над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење не можат да си дозволат 55 проценти од жителите на земјава. Полошо од нас во Европа стојат Албанија каде што 58,3% од граѓаните не можат […]

Тејлор Свифт испиша историја на Греми, еве зошто


Тејлор Свифт ја освои наградата Греми за албум на годината за „Midnights“ од 2022 година на синоќешното доделување на престижните награди во Лос Анџелес, со што стана женски изведувач со најмногу победи во категоријата. Имено, ова и е четврто Греми за албум на годината. Наградата претходно ја доби во 2009 година за „Fearless“, во 2015 […]

Османи во Рим на средба со министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на ЗБ”


Министерот за надворешни работи во техничката Влада, Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Италија, каде што ќе учествува на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на државите од Групата „Пријатели на Западен Балкан”, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио […]

Од денеска штрајк во ФЗО, ќе се работат само неопходните предмети


Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од денеска ќе стапат во штрајк. Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи. Како што информираат од Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при […]

Протест пред Апелација во Белград поради ослободувањето на обвинетите за убиството на Ќурувија


Белград – Пред Апелациониот суд во Белград денеска ќе се одржи протест поради ослободувањето на обвинетите за убиството на новинарот и уредник Славко Ќурувија. -Дваесет и пет години по убиството нарачано и организирано од државата и девет години од почетокот на судењето, убиството на Славко Ќурувија останува неказнето кривично дело, а граѓаните на Србија остануваат без […]

Почина Курт Хамрин, последниот учесник во финалето на фудбалскиот Мундијал во 1958 година


Стокхолм – Почина последниот учесник во финалето на Светското првенство во 1958 година, Курт Хамрин. Поранешниот напаѓач на Шведска имаше 89 години. Хамрин беше последниот учесник во финалето на Светското првенство во 1958 година со Бразил (2:5). Од шведската репрезентација од тој состав жив е само Уве Олсон, кој не играше во финалето. Во текот […]

Украина, руското мешање и земјоделските протести главни теми на сесијата на ЕП


Брисел – Поддршката на ЕУ за Украина, резултатите од минатонеделниот специјален Самит на Унијата, руското мешање и протестите на земјоделците се главни теми на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур.  Пленарната сесија ќе започне денеска со расправа за новите правила за инстант плаќања во евра, со кои треба да се обезбеди дека префрлените средства […]

Студентите пред МОН ќе протестираат заради доцењето на исплатата на стипендиите и ваучерите за превоз


Студентите денеска ќе протестираат пред Министерството за образование и наука поради, како што велат, неправдите врз нив и против неефикасното работење на ресорното министерство. Преку протест студентите ќе искажат револт од ненавремената исплата на продолжените студентски стипендии, од задоцнетите исплати на ваучерите за превоз, од доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата […]

Сончево и натпросечно топло


Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 5 февруари 2024 година, 36-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 330 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 43 минути, а ќе зајде во 16 часот и 53 минути. Денов трае 10 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Путин патува во членка на НАТО за прв пат од почетокот на војната


Турскиот претседател Таип Ердоган ќе разговара за новиот механизам за извоз на украинско жито преку Црното Море со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата претстојна посета на Турција, откри министерот за надворешни работи Хакан Фидан. Средбата се очекува на 12 февруари, изјави претходно турски претставник. Тоа е прво патување на руски лидер во […]

Вулканската лава уништи дестици згради во исландскиот град Гриндавик


Вулканската ерупција и лавата што поплави делови од југозападен Исланд уништи десетици згради во малиот рибарски град Гриндавик, пренесува ДПА. Директорката на Исландската осигурителна компанија за природни катастрофи, Хулда Рагнхеидур Арнадотир, изјави дека досега се добиени повеќе од 400 барања за отштета од жители на Гриндавик. Градот со околу 3.700 жители почна да се евакуира […]