Овој зимски зачин може да биде и одлично средство за чистење


Циметот е еден од најпопуларните зимски зачини, но дали знаевте дека циметот е и одлично средство за чистење?

Имено, циметот, кој со векови се користи за ароматични цели, има фантастичен вкус и мирис, а воедно има и природно антибактериско дејство.

Кога се користи како средство за чистење на подот, овој зачин може да убие до 20 различни видови бактерии!

 

Во исто време, тој е нежен на површината, така што нема потреба да се грижите за промена на бојата.

Водата со цимет брзо се подготвува. Потребно е да се зоврие водата заедно со неколку стапчиња цимет или уште поедноставно да се додаде цимет во прав во неварена вода. Може да се користи и етерично масло од цимет, во тој случај треба да се додадат околу 20 капки во водата.

Подот треба да се избрише и да се остави да се исуши. Овој начин на перење се препорачува еднаш неделно, а најдобро од се, цела куќа ќе мириса на цимет.