Калифорнија ја погоди големо невреме, го нарекоа „Ананас експрес“


Американската национална метеоролошка служба (NWS) објави дека се очекува „невидена бура“ во Лос Анџелес, пренесува Sky News.

Тоа е бура што ја нарекоа „Ананас Експрес“ затоа што доаѓа од Хаваи. Една таква бура веќе ја погоди Калифорнија минатата недела. Бурите се случуваат токму на време за Греми наградите, на кои многу познати личности се собраа во ЛА.

Гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во градовите Лос Анџелес, Оринџ, Риверсајд, Сан Бернардино, Сан Диего, Сан Луис Обиспо, Санта Барбара и Вентура.

„Ова е сериозна бура што може да има опасен и потенцијално смртоносен ефект. Ве молиме внимавајте на предупредувањата на локалните власти“, рече Њусом, додадавајќи дека Калифорнија е подготвена за невремето и дека се подготвени рекорден број интервентни тимови.

 

Според веб-страницата poweroutage.us, 900.000 луѓе останале без струја во вчерашното невреме. Тие дури издадоа предупредување за урагански ветрови, кои корнеа дрвја и далноводи. Метеоролозите очекуваат да врне непрекинато до 48 часа.

„Ова може да биде историска бура. Очекуваме немилосрдни ветрови, грмотевици, дури и торнада“, рече градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас.

Издадени се предупредувања за евакуација за областите Монтереј, Санта Барбара, Вентура и Лос Анџелес.

„Ако веќе не сте заминале, ве молиме соберете го семејството и домашните миленици, подгответе ги лековите и веднаш заминете“, рече супервизорот на округот ЛА, Линдзи Хорват.