Што да јадете кога сте настинати? Овие намирници го зајакнуваат имунолошкиот систем


Имајќи предвид дека сезоната на настинки и грип е во полн ек, покрај чаевите и лековите, постојат и одредени намирници кои можат да му помогнат на вашето тело да закрепне. Нутриционистот Ријанон Ламберт за The Sun откри дека покрај омилената пилешка супа, има уште неколку намирници кои можат да ви помогнат да го зајакнете имунолошкиот […]

Илон Маск го брани роботот кој нападна работник


Сопственикот на „Тесла Моторс“ Илон Маск му одговори на корисник на X платформата кој сподели извештај на „Дејли меил“ за инцидент со фабрички робот од 2021 година. Станува збор за извештај кој укажува на нови детали за инцидент кој го обиколи светот пред две години, а за кој до денес малку се знаеше. „Навистина е […]

Малолетник избодел двајца други малолетници кај Бит пазар


Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ пријавила дека вчера кај нив во 19:15 часот со убодни рани бил донесен 16-годишник од Скопје. Немилиот настан се случил на подрачјето полициската станица Бит Пазар каде претходно бил нападнат од друг малолетник со нож. Малку подоцна во текот на денот друг малолетник на возраст од 17 години пријавил дека […]

Струјата во Германија останува скапа


Клаус Милер, претседател на германската Федерална агенција за мрежни системи, која е одговорна за енергетските системи, оценува дека цената на струјата ќе остане висока и следната година. „Електричната енергија стана поевтина на големо од 2022 година. Цената е сè уште повисока отколку пред руската агресија во Украина и тоа нема да се промени многу наскоро“, […]

Во Херсон избувнаа пожари по руско гранатирање, најмалку две жртви


По руско гранатирање избувнаа пожари во Херсон, а има и жртви, соопшти вечерва шефот на воената управа на областа Херсон, Олександр Прокудин, пренесуваат украинските медиуми. -Центарот на Херсон повторно е под оган од руската артилерија. Мета на окупаторите биле станбени згради. На некои места, пожарите се разгоруваат на местата на ударот. Во моментов се познати […]

Бајден ќе ја слави Новата година на Карибите


Претседателот Бајден ќе ѕвони во 2024 година од карипскиот остров Сент Кроа. Белата куќа соопшти дека Бајден и првата дама Џил Бајден отпатуваа во средата наутро на Американските Девствени Острови. Белата куќа не откри кој ќе ја придружува првата двојка на излетот, но Бајден ја помина минатата Нова година со семејството таму, како што тоа […]

Пендаровски испи вино со Дино Мерлин пред концертот во Скопје (фото)


 „Пријатен муабет со легендарниот БиХ музичар Дино Мерлин пред неговиот вечерашен концерт во Скопје,“ напиша претседателот Пендаровски на неговиот фејсбук-профил. Регионалната поп-ѕвезда од Босна (61) која за Нова година ќе пее во Дубровник ( а не во Скопје) руши рекорди со своите концерти во регионот.  „Мерлиноманија“ владееше со Загреб и Хрватска цели десет дена. Четири […]

ДИК ги повика граѓаните да проверат дали се впишани во Избирачкиот список


Државната изборна комисија (ДИК) ги повика сите граѓани на Република Северна Македонија да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список. Граѓаните можат да извршат увид во своите податоци по електронски пат, на https://www.sec.mk/ или https://izbirackispisok.gov.mk/, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Барањето за бришење, запишување или промена на податоци во Избирачкиот список се поднесува лично, […]

Функционерите од следната година електронски ќе ги поднесуваат анкетните листови за имотната состојба


Од наредната година, Државната комисија за спречување на корупцијата, која од февруари ќе биде во нов состав, ќе има обврска да ја исконтролира имотната состојба на четворица судии и јавни обвинители, тројца директори на болници, четири градоначалници и советници во советите на општините, како и имотната состојба на тројца директори на јавни претпријатија и на […]

Стопирани подготовките за сите тестирања и матурата, вработените во ДИЦ бараат за 8.000 денари повисоки плати


Дваесет и тројцата вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе 11 дена се во штрајк и не ги извршуваат нивните работни обврски. Тие бараат повисоки плати, но засега нема никакви најави дека Минстерството за финансии ќе им излезе во пресрет. „Сите процеси што ги води ДИЦ се стопирани, односно тоа се приправничките испити за наставници, […]

За два месеци, удвоен бројот на случаи на грип


Во период од два месеци, двојно се зголемил бројот на лица заболени од грип односно заболувања слични на грип, пишува во последниот извештај кој го објави Институтот за јавно здравје. Така, во октомври, биле регистрирани 196 случаи на грип, во ноември овој број бил 268, а во тековниов месец вкупниот број на грипозни е 426. Освен тоа, […]

Google Maps: Се укинува популарна функција, дали сте ја користеле?


Google подготвува промени кои ќе го променат начинот на кој многу корисници ги користат мапите, а веројатно нема да им се допадне премногу. Некои делови од кодот на „Карти на Google“ покажуваат дека Google ќе го повлече „Режимот за возење“ во февруари 2024 година, како што објави 9to5Google. Ако некогаш сте користеле Google Maps, веројатно […]

Експлозија во Холандија: Луѓето се евакуирани


Десет домови се евакуирани по експлозија во станбен комплекс во холандскиот град Алмере, изјави портпаролот на локалната полиција. Според очевидци, најголема штета претрпел влезот во комплексот, а повредени нема, пренесува „NL Times“. Уште една експлозија се случи во деловна област во јужниот холандски град Влаардинген, при што беше оштетена една зграда, но нема повредени. Минатата […]

Ковачевски: Државата не смее уште еднаш да ја повтори грешката од 2008 година


Не смее државата уште еднаш да ја повтори грешката што ја направи во 2008 година кога тогашната влада наместо да гледа 100 години напред, тие решија да гледаат 2300 години назад. Наместо европеизација на државата, добивме лажна антиквизација на државата и беа носени Хунзи и чекани на аеродром, облечени како фалангата на Александар Македонски. Тоа […]

Косовската дијаспора во изминатите 11 месеци испратила во земјата над 1,2 милијарди евра


Централната банка на Косово (ЦБК) соопшти дека косовската дијаспора од 1 јануари до крајот на ноември 2023 година испратила во земјата милијарда и 217 милијарди евра, што претставува зголемување од околу 10,2 отсто во однос на истиот период од минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина. Според извештајот на ЦБК, вредноста на дознаките само […]

Почина Дик Марти – човекот кој го разоткри скандалот со трговија со органи во Косово


Поранешниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, кој ги истражуваше злосторствата на т.н. ОВК и трговијата со човечки органи на Косово и Метохија, почина денеска на 79-годишна возраст. Марти, поранешен швајцарски сенатор и обвинител, бил болен неколку месеци, објави швајцарскиот RSI. „Кориере дел Тичино“ објави дека Марти боледувал од рак и дека починал во […]

Мелони се разболе – веќе двапати ја откажа конференцијата


Рим – Два пати се одложува прес-конференција на италијанската премиерка Џорџа Мелони за крајот на годината е закажана за 4 јануари, соопшти денеска нејзиниот кабинет. Прес-конференцијата, која ќе се одржи во 11 часот, првично беше закажана пред Божиќ (католички 25 декември), потоа Мелони ја одложи за 28 декември поради здравствени причини, а вторпат беше одложена […]

Американец шест дена бил заробен во згмечен автомобил. Рибарите го нашле и го спасиле


Возач во американската сојузна држава Индијана шест дена по несреќата останал заробен во својот камион, а случајно го пронашле двајца рибари. Додека ги чекаа своите сопруги, Марио Гарсија и неговиот зет Нивардо Де Ла Торе го искористија времето за да најдат соодветно место за риболов, соопшти полицијата. Притоа го пронашле Метју Реум (27), чиј камион […]

„Знам како се крадат изборите. Бев таму“: Зорана Михајловиќ ја објаснува технологијата во Србија


  Поранешната министерка и вицепремиерка на Србија, Зорана Михајловиќ, која пред половина година го напушти СНП на Вучиќ, за Н1 откри дека протестите на белградските улици поради нерегуларностите во изборниот процес се природен тек на настаните. Основачот на движењето „Секогаш за Србија“ изјави дека била грешка да се оди на гласање додека не се уредат […]

Во Будимпешта Дунав се излеа од коритото – брановите стигнуваат и до парламентот


Дунав се излеа од коритото што е невообичаено за рани зимски поплави во Будимпешта денеска, со највисоки водостои во последните десет години поради обилните дождови и снег придружени со благо време. Главниот унгарски водовод објави дека Дунав доцна во средата го достигнал врвот од 6,93 метри, што е сè уште помалку од 8,91 метри во […]