Малолетник избодел двајца други малолетници кај Бит пазар


Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ пријавила дека вчера кај нив во 19:15 часот со убодни рани бил донесен 16-годишник од Скопје.

Немилиот настан се случил на подрачјето полициската станица Бит Пазар каде претходно бил нападнат од друг малолетник со нож.

Малку подоцна во текот на денот друг малолетник на возраст од 17 години пријавил дека бил нападнат исто така со нож од истото тоа лице на истото место.

Како што соопшти МВР се превземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителот.