Експлозија во Холандија: Луѓето се евакуирани


Десет домови се евакуирани по експлозија во станбен комплекс во холандскиот град Алмере, изјави портпаролот на локалната полиција.

Според очевидци, најголема штета претрпел влезот во комплексот, а повредени нема, пренесува „NL Times“.

Уште една експлозија се случи во деловна област во јужниот холандски град Влаардинген, при што беше оштетена една зграда, но нема повредени.

Минатата недела во истата зграда беше активирана експлозивна направа, а полицијата истражува можна поврзаност меѓу нив, иако, засега, нема индиции дека двете експлозии се поврзани.

Тим за отстранување експлозив пронашол експлозив во куќа во Урмонд, Лимбург, кој ќе биде отстранет денеска, а околу десет домови во областа се евакуирани како мерка на претпазливост.

Претходниот ден, тим за деактивирање експлозивни направи пронашол сомнителен материјал и во Лимбург, а полицијата верува дека двата случаи се поврзани.