Мелони се разболе – веќе двапати ја откажа конференцијата


Рим – Два пати се одложува прес-конференција на италијанската премиерка Џорџа Мелони за крајот на годината е закажана за 4 јануари, соопшти денеска нејзиниот кабинет.

Прес-конференцијата, која ќе се одржи во 11 часот, првично беше закажана пред Божиќ (католички 25 декември), потоа Мелони ја одложи за 28 декември поради здравствени причини, а вторпат беше одложена затоа што повторно се зарази со грип, пренесува Анса.

Од кабинетот на Мелони беше соопштено дека таа „има проблеми со онолитот“, односно со внатрешното уво и дека последните два дена ги поминала во кревет.

Во соопштението се наведува и дека таа „веќе закрепнува“ и дека можела „да стане и да разговара на телефон“.