18 декември во историјата – Првите британски колонисти со „Мејфлауер“ се истоварија во Америка


  На 18 декември 1620 година, англискиот брод „Мејфлауер“ се закотви на американското копно во денешен Плимут, Масачусетс, а неговите патници се подготвуваа да ја започнат да ја градат својата нова населба, колонијата Плимут. Познатата приказна за „Мејфлауер“ започна во 1606 година, кога група реформски настроени пуританци во Нотингемшир, Англија, основаа своја црква, одвоена од […]

Лига на шампиони: Наполи против Барселона, Манчестер Сити против „чудото“ Копенхаген…


Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), попладнево со жрепка беа одредени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите.  Пред извлекувањето 16-те екипи беа поделени во две групи, носители и неносители, при тоа две екипи од иста земја и два учесника во иста група од групната фаза не можеа да се сретнат во осминафиналето.  Извлечени […]

Бугарија ја укина таксата за транзит на рускиот гас


  Откако не можеше да ја наплати, а потоа сигна и предупредување од Унгарија дека ќе го блокира влезеот на Бугарија во шенген, параламентот во Софија денеска ја укина таксата за транзит на рускиот гас од 10 евра по мегаватчас. Таксата стапи на сила на 13 октомври кога беа објавени измените на законот за санкции […]

ЕК започна формална постапка против Икс за можно кршење на Законот за дигитални услуги на ЕУ


Европската комисија започна формална постапка за да процени дали социјалната мрежа Икс го прекршила Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ поврзано со управувањето со ризици, умереноста на објавените содржини, транспарентноста на рекламирањето и пристапот на истражувачите до податоците на платформата, соопшти денеска портпаролот на ЕК за дигитална економија, истражување и иновации Јоханес Барке.  Тој […]

Во Александрополис пристигна танкер за гас, ќе ја снабдува и Македонија


  Специјално прилагодениот танкер „Александрополис“, односно пловната единица за складирање и регасификација (FSRU) доплови до грчкиот град Александрополис, од каде што, откако ќе биде ставена во функција, веројатно во првиот квартал од 2024 година, ќе снабдува со приоден гас низа земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Од компанијата „Гастрејд“, која […]

Браната на реката Отиња кај Штип се гради без запирање


  Прогресот во изградбата на браната на реката Отиња кај Штип е веќе 60 отсто, а работите одат со силна динамика. Ова го изјави министерот за транспорт Благој Бочварски, кој денеска изврши увид во работите. Браната е инвестиција на  Владата во износ од 300 милиони денари. Со проектот е предвидено да се изведе камено-земјена брана […]

Изабел Аџани доби двегодишна условна затворска казна за даночна измама


Француската актерка и пејачка Изабел Аџани (68) беше осудена на две години условна затворска казна и парична казна од 250.000 евра поради затајување данок, потврди „Вариети“. Една од најпочитуваните француски уметници беше прогласена за виновна затоа што била регистриранa во Португалија во 2016 и 2017 година за да избегне плаќање данок во Франција,а потоа уплатила […]

На изборите ќе има два блока – за и против ЕУ, вели Ковачевски


  На изборите ќе се судрат два концепти, два блока кои природно се издиференцираа, едниот за интреграција во ЕУ и вториот против интеграција во ЕУ, а ќе победи европскиот предводен од СДСМ и на претседателските и на парламентарните избори, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Студио 10“ на Телевизија 24. „Кај нас […]

Јавното обвинителство уште ги чека резултатите од обдукцијата на Вања Ѓорчевска


Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството.  Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – […]

Почнува ски – сезоната на Попова Шапка


Ски-центарот „Попова Шапка“ официјално ја започнува ски – сезоната денеска 18 декември 2023 година, е објавено на Фејсбук страницата на Ски центарот. Во функција ќе бидат ски-лифтовите “Поток”, “Аеродром”, “Ге”, како и двоседот “Св.Илија”. По повод отворањето на скијачката сезона, цената на ски билетите за денеска ќе биде 700 денари за сите категории на ски-билети. […]

Османи: Не учиме ниту од сопствените грешки


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека граѓаните не се вознемирени од одлуката на ЕУ за Украина и Молдавија, туку од политичарите кои ризикуваат повторно исти грешки. Зборувајќи во утринското интервју за „Слободен печат“, Османи рече: „Паметните учат од туѓите грешки, непаметните од своите. Ние се доведуваме во ситуација да не учиме ни […]

Германскиот канцелар Шолц заразен со Ковид-19


Берлин – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е позитивен на тестот за коронавирусот, а неговата Влада соопшти дека поради тоа е откажана посетата на словачкиот премиер Роберт Фицо. Шолц на социјалната платформа „Икс“ напиша дека има благи симптоми на инфекција со вирусот. Неговиот портпарол изјави дека канцеларот ќе работи во неговата канцеларија и ќе […]

Истражување: Корупцијата го јаде здравствениот систем на Бугарија


  Бугарската држава троши најнизок процент од својот бруто домашен производ за здравствена заштита меѓу земјите на ЕУ, што доведува до огромни приватни партиципации за лекување на бугарските граѓани и конфликти во здравствениот систем, според истражувањето на „Еурактив“. Според податоците на Бугарското здружение за заштита на пациентите, земјите од ЕУ трошат во просек 9% од […]

Проработе системот за пронаоѓање исчезнати „Најди ме“


Медиумите, хотелите, рестораните, банките, такси-превозниците, градскиот сообраќај, од денеска сите тие може да се вклучат во акција за пронаоѓање исчезнати лица, откако проработе системот „Најди ме“ како дел од „Пилот-проектот за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“. На денешната завршна конференција беше промовирана и веб-страницата на Системот за рано предупредување за исчезнати деца – […]

Верувале или не, Бред Пит наполни 60 години


Лос Анџелес– Тешко е да се поверува ако го погледнете, но Бред Пит штотуку наполни 60 години. Холивудскиот срцекршач го слави својот роденден денес и изгледа „подобро од кога било“, според безбројните наслови за неговиот младешки изглед. Иако стандардите за убавина еволуираа неверојатно откако Пит првпат ја краси насловната страница на списанието People како „Најсекси […]

Во ЕУ годишно над 3.900 лица заболуваат од карциноми поврзани со професијата


Во периодот од 2013 од 2021 година во ЕУ се официјално регистрирани вкупно 33.712 случаи на „професионални карциноми“ или во просек 3.909 случаи годишно, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.   Под терминот „професионален карцином“ се подразбира заболување од рак како последица на долготрајна изложеност на канцерогени фактори на работното место. Најчестите типови […]

Патот Берово-Струмица повторно прооден за сите видови возила


Патот Берово-Струмица од 10:30 часот е прооден за сите видови возила, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Завчера, АМСМ соопшти дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот. Екипи на „Македонијапат“ работеа на отстранување на паднатите дрвја. […]

Шефот на „Рајанер“ на прагот на еден од најголемите бонуси во историјата


Директорот на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири се приближува до потенцијалниот бонус од 100 милиони евра, кој би бил меѓу најголемите во историјата на европската компанија, откако акциите на авиокомпанијата достигнаа рекордно високо ниво. Цената на акцијата на „Рајанер“ се искачи на 18,99 евра на крајот на минатата недела, со што О’Лири се приближи […]

Чиле го отфрли на референдум новиот конзервативен устав


  Чилеанците гласаа да го отфрлат новиот конзервативен устав за да го заменат својот тековен текст, во национален плебисцит, при што опцијата „против“ освои повеќе од 55%. Уставот во 1980 година, подготвен за време на крвавата диктатура на генералот Августо Пиноче, сега ќе остане во функција, со што резултатот е горчлив за прогресивците на Чиле […]

Бочварски го чека извештајот за автопатот Кичево – Охрид: Сѐ уште не може да зборуваме за раскинување на договорот


Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски денеска изјави дека следните чекори во врска со реализација на автопатот Кичево – Охрид ќе зависат од експертскиот извештај кој го очекува неделава. Според него, сѐ уште не може да се зборува за раскинување на договорот со „Синохидр“. „Извештајот е во изработка, очекувам во текот на оваа недела […]