Мегавин на Државна лотарија ја додели премијата од својата прва наградна игра


Со радост споделуваме дека вчера во рамките нашата најнова ТВ емисија СЕДМО НЕБО, на Канал 5, ја доделивме премијата  од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“. Наградната игра траеше до 29 ноември, а наградите од богатиот награден фонд се извлекуваа во живо на сцената на мега концертот Мегастарс, на 30 ноември. Водителите Марјана […]

Објавена листа: Знаете ли кој е најевтиниот град на светот?


Листата е направена споредувајќи ја со Њујорк, референтниот индекс на градовите. Дамаск, опустошениот главен град на Сирија, е прогласен за најевтин град во светот според листата на EIU, која ги истражува глобалните трошоци за живот. Листата е направена споредувајќи ја со Њујорк, референтниот индекс на градовите. EIU составува цени за повеќе од 200 производи и […]

(Видео) Направете спреј дома: Како да ја одмрзнете шофершајбната


Со пристигнувањето на зимата за возачите доаѓа и напорната и досадна задача за чистење на замрзнатите стакла и шофершајбни. Не е пријатна ситуација во студените денови, особено ако доцните на работа. За среќа, постојат едноставни и многу ефективни трикови кои ќе ви го олеснат животот. Се што е потребно е да се направи специјална смеса […]

Водостоите на поголем дел од реките во земјава повисоки од декемврискиот просек


Водостоите на поголемиот дел од реките во земјава се повисоки од просекот за декември. Кај останатите тие или се во рамки на декемврискиот просек или под него. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат порадоците од мерењата што […]

Прислушуван командантот на вооружените сили на Украина, Залужни


  Уредите за прислушање беа пронајдени во кабинетот на главниот командант на вооружените сили на Украина (АФУ) Валериј Залужни, изјавија извори за „Украинска правда“. Според нив, една од „бубачките“ била во новата канцеларија на главниот командант, која била проверена пред да се пресели Залужни. Безбедносната служба на Украина (СБУ) ги потврди овие податоци и отвори […]

Пет инвестициски совети за 2024 година


  Во свет полн со несигурност, тешко е да се дадат какви било значајни инвестициски препораки. Единствената вистина е дека се може да се случи. Сепак, Блумберг побара помош од неколку експерти за да ги добие нивните најдобри совети како да се подготвите за следната година без да се обложувате премногу на некој исход, пренесе […]

(Во живо) Панел-дискусија „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“


 Панел-дискусија „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“, на која ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, претседателот на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија Андреас Шидер и претседателот на „ЕЛИАМЕП“, Лукас Цукалис. 

Во Белгија почнува судскиот процес против 124 обвинети за меѓународна трговија со накротици


Во Брисел денеска почнува судскиот процес против 124 обвинети за нелегален увоз и шверц на дрога, јавија локалните медиуми. Изрекувањето на пресудата се очекува кон средината на следната година. Истрагата беше покрената откако полициските служби во Белгија, Холандија и Франција соработуваа за да упаднат во шифрирана телефонска мрежа. Во овој случај, осомничените сторители комуницирале преку […]

Со платежната сметка за основни функции за минимален надоместок се добива поголем пакет платежни услуги


  Со новата регулатива во сферата на платежните услуги се воведуваат одредени ограничувања за надоместоците коишто ги наплаќаат банките, заради заштита на потрошувачите. За месечен надоместок од 34 денари, или 0,1% од просекот во изминатите 12 месеци од просечната исплатена нето-плата во земјата, граѓаните коишто ќе отворат платежна сметка со основни функции можат да користат […]

Осигуренци за еден месец наплатија 9 милиони евра од штети покриени со осигурување


Граѓани, компании и институции наплатија 550 милиони денари (9 милиони евра) за штети покриени со неживотно осигурување во ноември годинава. Во споредба со октомври вредноста на исплатените штети покриени со неживотни осигурувања е зголемена за 45 отсто, покажува споредбата на прелиминарните податоци што до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставуваат сите компании за […]

Ресен слави со семејството на Ристо Георгиевски за новиот „Хјундаи тусон“ освоен на инстант лоз на Државна лотарија


Во најубавиот месец во годината, Државна лотарија Ви претставува уште еден среќен добитник кому му ја разубавивме годинава што изминува. Тимот на Државна лотарија заедно со Марјана го посетија градот на јаболката − Ресен каде што се сретнавме со новиот добитник на Hyundai Tucson,  Ристо Георгиески и неговото семејство. Марјана ги предаде клучевите од прекрасниот автомобил пред продажното место „СИМ Комерц“ од каде што е купен добитниот инстант лоз од серијата под име „7х7“, а Ристо за возврат ни ја раскажа среќната приказна. Имено, Ристо купил само еден инстант лоз во кој се криела помала добивка, а ја заменил за нов лоз „7х7“. Неколку дена подоцна, […]

Претрес во скопски Чаир, пронајдена дрога, приведени се две лица


 На подрачјето на Чаир, вчера попладнето во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Единиците за интервентна полиција и за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Г.(40) и Г.Ѓ.(32), двајцата од Скопје, информираат од МВР. При […]

Оризовиот отпад како дизајн материјал – на креативноста на учениците од Виница се воодушеви и кинескиот амбасадор


Под слоганот „Како може оризовиот отпад да се трансформира во дизајн?“, Македонското модно здружение – Скопје заедно со дваесетина млади ученици од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница, во петок (15.12.2023), приреди изложба на тема „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн-суровина во Општина Кочани и во Општина Виница“, во Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница. […]

Голем годишен хороскоп за Рак: 2024 е година на големи промени


Доколку сте родени во знакот Рак, еве што ви кажуваат ѕвездите според годишниот хороскоп за Рак во 2024 година! Еве како ќе изгледа за вас 2024 година кога станува збор за љубовта, работата и здравјето! За Ракот 2024 година ќе биде динамична година, хороскопот вели дека ќе направите голем скок во љубовта и кариерата. Прочитајте […]

Охрид како Виена – аплаузи и ракоплескање во ритамот на маршот „Радецки“ од Штраус на новогодишниот концерт


Со изведба на дела на Штраус, Брамс и Калман Оркестарот под покровителство на „Охридско лето“ синоќа во салата „Билјана“ во хотелот „Метропол“ во Охрид одржа незаборавен новогодишен концерт. Во претпразнична атмосфера, во салата исполнета со емоции и радост, бројните љубители на уметноста уживаа во прекрасниот настан на мешовитиот камерен состав диригиран од Бисера Чадловска. Маестралната […]

(Видео) Со автомобил удри во возило на тајната служба што го обезбедуваше Бајден


Аавтомобил удри во паркиран теренец кој ја чуваше колоната на американскиот претседател. Џо Бајден во тој момент го напушташе својот изборен штаб. Американскиот лидер и прва дама Џил Бајден не се повредени. Додека Бајден одеше од предизборната канцеларија до неговиот блиндиран теренец, автомобилот удри во возило на тајната служба што се користеше за затворање на […]

(Видео) Поплави во Австралија, градот ќе се евакуира. Крокодил плива низ улиците


Реекордна количина на врнежи е причина за огромните поплави во Австралија, на крајниот север на Квинсленд. Властите наведуваат дека ова е најлошата поплава некогаш забележана во Австралија, а на улиците дури е забележан и крокодил, пишува Би-би-си.   Екстремните временски услови предизвикани од тропски циклон фрлаат годишно количество дожд во некои австралиски области. Фотографиите објавени […]

Дводневен „Диги образовен хакатон“


Дводневен „Диги образовен хакатон“ на кој студенти ќе изнаоѓаат конкретни решенија за спроведување на брза и одржлива дигитализација во високото образование, ќе започне денеска во просториите на „Млади Хаб“ во Скопје. Хакатонот е во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Клубот за младински прашања и младински политики при […]

Презентација на анализа за трансформативниот потенцијал на дигиталните технологии за микро, мали и средни претпријатија


Бизнис Конфедерација на Македонија денеска ќе ги презентира резултатите од анализата „Овозможувачка средина за дигитална трансформација на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во Северна Македонија“. Организаторите најавија дека на настанот обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација Азир Али, Јулија Друмеа експерт за работодавачи од Меѓународната организација на трудот, Сана Фрковик од […]

Чилеанците го отфрлија текстот на уставот што требаше да го замени оној од времето на Пиноче


Чилеанците вчера го отфрлија новиот конзервативен текст на уставот кој требаше да го замени оној од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче. По пребројувањето на 99,65 отсто од гласовите, вкупно 55,76 отсто од Чилеанците го отфрлија новиот текст, додека за него гласаа 44,24 отсто. Тоа е втор нацрт-устав што чилеанските гласачи го отфрлија како замена […]