(Видео) Направете спреј дома: Како да ја одмрзнете шофершајбната


Со пристигнувањето на зимата за возачите доаѓа и напорната и досадна задача за чистење на замрзнатите стакла и шофершајбни.

Не е пријатна ситуација во студените денови, особено ако доцните на работа.

За среќа, постојат едноставни и многу ефективни трикови кои ќе ви го олеснат животот. Се што е потребно е да се направи специјална смеса и да се испрска стаклото. Таа ќе го стопи мразот за неколку секунди!

Истурете 2/3 медицински алкохол и 1/3 вода во пластично шише (со распрскувач). Тоа е се. Смесата можете да ја нанесете навечер, или пред да заминете за град. Во следното видео погледнете како функционира овој одличен трик во пракса: