Во Србија ништо ново: Продолжува неконтролираната моќ на СНС


Изборите се и не се завршени. Тие се затоа што гласањето заврши, гласовите главно се преброени, а резултатот – освен во Белград – е сосема јасен. Но, не се, бидејќи најголемата опозициска сила „Србија против насилство“ ги нарекува изборите недемократски и најавува борба за нивно оспорување со сите легитимни средства. Извори на Дојче Веле и […]

Во Советот за безбедност на ОН се подготвува нова резолуција за итен прекин на огнот во Појасот Газа


Во нацртот на новата резолуција за конфликтот меѓу Израел и Хамас, за која денеска треба да се гласа во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), се повикува на „ итен и одржлив прекин на непријателствата што би овозможил безбеден и непречен хуманитарен пристап до Појасот Газа и итно и безусловно ослободување на […]

Загреб полн со туристи


  Очекувањата на туристите во главниот град се големи. Тоа го потврдува и фактот дека сместувањето во Загреб е се потешко да се најде. Во Загреб очекуваат уште една рекордна туристичка година. Градот и овој декември е преплавен од туристи. – Сезоната е токму онаква каква што очекувавме. Сегашната пополнетост ни е околу 60, 70 […]

Колумбиските герилци ќе прекинат со киднапирањата


Герилците на Ослободителната национална армија (ЕЛН) денеска се договорија со Владата на Колумбија да ги запрат киднапирањата за откуп. Ова е резултатот од петтата рунда мировни преговори што почнаа на 4 декември во Мексико Сити. Според договорот, ЕЛН, „како дел од продолжувањето на примирјето, ќе ги запре киднапирањата за економски цели“ во Колумбија, се вели […]

Насекаде минусни температури, над нулата само во Дојран


Најстудено утрово е во Берово -9 степени и во Скопје, Прилеп, Маврови Анови, Крушево и Битола – 6. Во Тетово, Демир Капија, Крива Паланка, Штип, Велес и Кавадарци се измерени -5, во Виница, Струмица, Дебар, Охрид и Куманово -4, во Гевгелија -2, а над нулата е само во Дојран со два степена, соопшти УХМР. Најмногу […]

Северна Кореја изврши ново тестирање на интерконтинентална балистичка ракета


Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета во морето и продолжи со ракетни тестови од висок профил, ветувајќи силен одговор на потезите на САД и Јужна Кореја за зајакнување на плановите за нуклеарно одвраќање, соопшти војската на Јужна Кореја. Официјален Сеул остро ја осуди „непромислената провокација на Северна Кореја“, додавајќи дека Пјонгјанг ќе биде одговорен за […]

Во израелските напади врз кампот Џабалија загинале 90 Палестинци


Во израелските напади врз бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа, загинаа 90 Палестинци, соопшти синоќа Министерството за здравство во Газа. На објавени видеа на Интернет, како што велат оттаму, се гледа последицата од најновиот израелски напад, Палестинците копаат низ урнатините со раце и лопати во потрага по преживеани, јавува Би-Би-Си. По еден од […]

Забрана за камиони на патот Струмица – Берово


Од 8:30 часот се укинува забраната за тешки моторни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови, соопшти АМСМ. Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Струмица – Берово. Патниот правец Истебањи-Македонска Каменица е рачистен и сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти. Сообраќајот на државните патишта се одвива во […]

Влегле на забава и пукале: Најмалку 11 убиени и 12 повредени во вооружен напад во Мексико


Најмалку 11 лица загинаа, а 12 се повредени во престрелка во Мексико, соопштија властите. Престрелката се случила вчератро на забава на една поранешна хациенда во градот Салватиери, наведуваат медиумите. Напаѓачите, наводно, влегле во забавата и отвориле оган врз присутните. Според медиумите, на забавата присуствувале само млади луѓе. Општинската администрација преку соопштение наведува дека повредените се […]

Анализа на јавното мислење за процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ во 2023 година


 Во организација на Институтот за демократија и Фондација Конрад Аденауер денеска во Европска куќа – Скопје ќе бидат промовирани два истражувачки труда: „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2023)“ и „ЕУ интеграциите во сенка на внатрешните процеси – Анализа на јавното мислење за 2023 година“.   Анализите, […]

Албанија ќе го преземе од Северна Македонија претседавањето со САД-Јадранската повелба


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе претседава со завршниот состанок на Партнерската комисија на САД-Јадранската повелба (А5) со кој се заокружува претседавањето на Северна Македонија со А5 за 2023 година. Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат достигнувањата и иднината на Повелбата како и актуелните состојби во Западен Балкан. Во […]

Ковачевски, Маричиќ и Шекеринска на панел „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“


Во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ПолитикУм – Институт за одржливи и иновативни политики, денеска во Скопје,  во Даут Пашин Амам, ќе се одржи настан во рамки на проектот „Ревидиран процес на проширување на Европската Унија: нов геополитички контекст, нови можности, исти ризици“. Настанот ќе започне со воведни излагања на претседателката […]

Rасправа за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација


Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која се очекува да се расправа за Утврдување предлог-листа за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Собранието на Република Северна Македонија објави јавен оглас за избор на четири члена на Комисијата за спречување и […]

Промоција на najdime.org.mk – веб страницата на Системот за рано предупредување за исчезнати деца


Во организација на Граѓанската организација Новинари за човекови права, во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ-Австрија, денеска ќе се одржи завршната конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“, на која ќе биде промовирана веб-страницата на Систем за рано предупредување за исчезнати деца – najdime.org.mk. Веб-страницата ќе биде на три јазици – […]

„Jingle Bells Symphony“ – предновогодишен концерт во Филхармонија


Во Филхармонија вечер во 20 часот ќе се одржи предновогодишниот концерт „Jingle Bells Symphony“, на кој ќе настапат Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот оркестар на Битола. Публиката ќе може да ужива во изведбата на песните како „Jingle Bells“, „Santa Claus is comin to town“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“, […]

Сојуз за Србија: Не ги прифаќаме изборните резултати што Вучиќ ги соопшти


На последната прес конференција на коалицијата Србија против насилството“ соопштено е дека оваа каолиција не може да ги прифати изборните резултати и на државно ниво и во градот Белград „онака како што ги соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ“ и ќе бараат од РИК да им се достават „физичките записници од лице место“, обвинувајќи притоа […]

Наутро студено, а преку денот сончево, температурата до 10 степени


Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје утрото студено […]

Уште еден изборен триумф на Александар Вучиќ


  Владејачка Српска народна партија објави убедлива победа во неделата на парламентарните избори во земјата, кои беа нарушени со извештаи за големи нерегуларности и за време на тензичната кампања и на денот на гласањето. Српската напредна партија освоила 46,5 отсто од гласовите и очекува да има околу 130 места во 250-членото собрание, што е за […]

Во Германија 22 години по воведувањето на еврото, се уште има 12,2 милијарди марки во оптек


Германија – Речиси 22 години по воведувањето на еврото, во оптек се уште 12,2 милијарди германски марки кои граѓаните не ги замениле за евра, објави денеска Централната банка на Германија. „На крајот на ноември во оптек се уште имаше 12,2 милијарди монети и банкноти од германски марки, односно 6,24 милијарди евра“, изјави директорот на германската […]

Пронајден досега најголемиот тунел што го користел Хамас во Појасот Газа


Тел Авив – Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека го пронашла најголемиот тунел во Појасот Газа во близина на граничниот премин Ерез кон Израел, кој исламскиот екстремистички Хамас го користел за напади. Тунелот е долг околу четири километри, педесетина метри под земја, а на некои места, се чини, е доволно широк за да можат да […]