Ковачевски, Маричиќ и Шекеринска на панел „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“


Во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ПолитикУм – Институт за одржливи и иновативни политики, денеска во Скопје,  во Даут Пашин Амам, ќе се одржи настан во рамки на проектот „Ревидиран процес на проширување на Европската Унија: нов геополитички контекст, нови можности, исти ризици“.

Настанот ќе започне со воведни излагања на претседателката на ПолитикУм и потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и директорот на Фондацијата Фридрих Еберт во Северна Македонија Петер Хурелбринк.