Бугарија ја укина таксата за транзит на рускиот гас


 

Откако не можеше да ја наплати, а потоа сигна и предупредување од Унгарија дека ќе го блокира влезеот на Бугарија во шенген, параламентот во Софија денеска ја укина таксата за транзит на рускиот гас од 10 евра по мегаватчас.

Таксата стапи на сила на 13 октомври кога беа објавени измените на законот за санкции против Русија, но од неа бугарската држава немаше никаков приход. Таа се однесуваше на три земји корисници – Македонија, Србија и Унгарија. Сите три земји отстро протестираа и објавија дека немаат намера да ја наплаќаат таа такса.

Првично требаше да биде собирана од „Гаспром“ преку операторот „Булгартрансгаз“ и потоа да се уфрли во буџетот.  На годишно ниво од таксата Бугарија требаше да собере 1,3 милијарди евра.

Без расправа и со 144 гласа „за“ бугарските пратеници донесоа уште една важна одлука – да се воведе забрана за извоз на горива произведени од руска нафта од 1 јануари, а од 1 март работата на „Лукоил“ со руската нафта ќе биде прекината.