Путин ги достави документите за регистрација за претседателските избори следната година во Русија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги доставил своите документи до Централната изборна комисија на Русија за да се регистрира како кандидат за претседателските избори во земјата во 2024 година. „Тој ги достави“, потврди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за руските државни медиуми. Поддржувачите на Путин минатата сабота официјално ја започнаа неговата кандидатура за претседателските избори […]

Динамо Загреб против Бетис, Олимпијакос против Ференцварош во плејофот во Конференциската лига


Осумте парови од плејофот за пласман во осминафиналето во Конференциската лига попладнево беа одредени со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Паровите се Штурм – Слован, Сервет – Лудогорец, Унион Сент Жил – Ајнтрахт Франкфурт, Бетис – Динамо Загреб, Олимпијакос – Ференцварош, Ајакс – Бодо Глимт, Молде – Легија и Макаби Хаифа – Гент. […]

Плејоф жрепка во Лига Европа, Феенорд против Рома, Милан против Рен


Европската фудбалска федерација (УЕФА) попладнево со жрепка во седиштето в Нион ги одреди паровите од плејофот за пласман во осминафиналето во Лига Европа. Паровите се Феенорд – Рома, Милан – Рен, Ленс – Фрајбург, Јанг Бојс – Спортинг Лисабон, Бенфика – Тулуз, Брага – Карабах, Галатасарај – Спарта Прага и Шахтјор – Олимпик Марсеј. Првите […]

Одрони на патот Скопје – Велес


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од Е-112 е добиена пријава дека има одрони на патот на 100 метри пред тунелот во правец Катланово накај Велес. Од страна на РЦУК – Велес е добиена информација дека ЈП за Одржување и заштита на магистрални и регионални патишта е известена за понатамошна постапка.

Во Шпанија 18 училишта беа затворени поради лажни закани за бомби


Неколку меѓународни училишта во Шпанија денеска беа затворени поради извештаи за закани со бомби, за кои полицијата соопшти дека по проверките биле лажни. Извор од полицијата во Сарагоса потврди дека четири меѓународни училишта во тој град добиле закана преку електронска пошта и дека француската гимназија „Молиер“ денеска е затворена. Три британски училишта во Мадрид потврдија […]

Судските рочишта во процесот против Навални одложени за јануари


Двете судски рочишта во судскиот процес против притворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, закажани за денеска, се одложени за јануари, објавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на судски документи. Рочиштата се одложени за 11 и 16 јануари. Соработниците на Навални, кои се подготвуваа за неговиот очекуван трансфер во колонијата на „специјалниот режим“, односно најстрогата во […]

Љупчо Георгиевски – „војводата“ ќе го брани Љупчо Георгиевски од бугарскиот клуб во Битола


  БИТОЛА – Љупчо Георгиевски – „војводата“, претседател на ВМРО-Народна партија и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде сведок на одбраната на судењето на имењакот Љупчо Георгиевски, екс-претседателот на сега згаснатиот бугарски клуб во Битола „Ванчо Михајлов“. Во Основниот суд во Битола денес се одржа третото по ред рочиште за судењето на Љупчо Георгиевски […]

Поевтинуваат дизел горивата


Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинството се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 […]

Универзалните вредности и котелот на војната


Пред седумдесет и пет години, земјите-членки на Обединетите нации на состанокот во Париз ја усвоија Универзалната декларација за човекови права. Тоа не беше обврзувачки закон, само изјава на принцип. Но, тоа беше првата декларација што го вгради античкиот морален идеал за човечка еднаквост во новата архитектура на меѓународното право, воспоставена како одговор на геноцидниот национализам […]

Прифатени три амандамани од поднесени 272: Владата го утврди Дополнетиот предлог буџет за 2024 година


Владата на денешната седница утврди текст на Дополнетиот предлог буџет на Република Северна Македонија за 2024 година. Како што соопшти владината прес-служба, Дополнетиот Предлог Буџет, предложен од Министерството за финансии, претставува нов интегрален текст, во којшто Владата, на предлог на Министерството за финансии, ги вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието, а […]

Конференција на ОЛАФ за борба против фалсификувањето на играчки


Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) во соработка со Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ (ЕУИПО) и Даночната агенција на Шпанија, денеска и утре во шпанскиот град Аликанте организира Конференција за борба против фалсификувањето играчки. Како што соопшти денеска ОЛАФ, околу 60 учесници на дводневната конференција ќе разговараат за идентификување на најновите криминални трендови […]

Тие што ставаат вето не излегуваат за кафе, вели Маричиќ


  По уникатното откритие во Македонија дека лидерите на ЕУ можеле да донесат одлука и без да има едногласност, односно дека и бугарскиот премиер Кирил Петков можел да излезе од гласањето за да пие кафе по сугестија на германскиот лидер Олаф Шолц, вицепремиерот Бојан Маричиќ порача денес дека тоа звучи симпатично, но сите знаеме како […]

Микро и малите претпријатија заостануваат со дигитализација, покажува анализата на Бизнис конфедерација на Македонија


 Подготвеноста за дигитално усвојување кај претпријатијата, особено микро и малите претпријатија, заостанува и покрај напредокот на Северна Македонија во продорот на интернетот, покажува анализата „Овозможувачка средина за дигитална трансформација на ММСП во Северна Македонија“ на Бизнис конфедерацијата на Македонија. Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, на денешната презентација на анализата во хотел „Панорамика“ […]

Истражување: Евроскептицизмот не расте, граѓаните се неодлучни


  Иако нивото на поддршка кај граѓаните за членството во ЕУ оваа година е најниско евроскептицизмот не е во пораст и поголем дел од граѓаните остануваат неодлучни по ова прашање, изјави денеска Марко Трошановски од Институтот за демократија (ИДСЦС), образложувајќи анкетни истражувања. На промоцијата на „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон […]

Онколошките пациенти од источна Македонија ќе бидат ослободени од плаќање патарини


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се подготвени да излезат во пресрет на барањето за ослободување од плаќање патарини на онколошките пациенти од источна Македонија, кои мораат често да патуваат во Скопје за терапиите. По денешниот увид во градежните работи за браната на реката Отиња во Штип, министерот Бочварски, одговарајќи на новинарски […]

Угледниот лекар и теоријата за вонземјаните: Кој е Бранимир Несторовиќ, „победникот“ на изборите во Србија


  Најголемото изненадување на изборите на 17 декември во Србија несомнено е успехот на листата „Ние – глас од народот“, чиј лидер е познатиот лекар Бранимир Несторовиќ. Оваа листа освои 13 мандати во парламентот на републичко ниво и може да одлучува за формирање влада во Белград, каде што е неизвесна трката меѓу „Србија против насилството“ […]

Од Зафир не се бега – емотивна вечер со ѕвезди во Филхармонија


Од Зафир не се бега. И по две години откако не е меѓу нас и не напушти на 78 години, неговиот дух, како сестран уметник, како човек и пријател, се врати, синоќа, на неповторливиот концерт во Филхармонија, во негова чест, во организација на „Авалон“. Не собра неговиот син Васил Хаџиманов, надарен на татко му како […]

Партијата на Вучиќ има предност од 45.000 гласови во Белград


  Српскиот Центар за истражување, транспарентност и одговорност – ЦРТА, граѓанска организација која имаше набљудувачка мисија на изборите, излезе со проекција на резултатите од изборите во Белград. Според таа проекција, листата на Александар Вучиќ и Српската народна партија „Србија не смее да запре“ има околу 370.000 гласови, а опозициската листа „Србија против насилство“ околу 325.000, […]

ИСОС го закружува процесот на ажурирање и објавување на регистрите на професионални сметководители


За да се овозможи целосна имплементација на одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи, со што се обезбедува подобра евиденција и управување со сите финансиски текови во земјата, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ја започна финалната фаза од процесот на ажурирање и објавување на податоците во регистрите на сметководители и овластени сметководители, […]

Хрватите доаѓаат по сперма и јајни ќелии во Македонија


Во Хрватска нема банка за сперма и јајни ќелии, па затоа двојките кои не можат да станат родители по природен пат, мора да одат во други земји меѓу кои и во Македонија, пишува Индекс. Имено, во Хрватска уште во 2000-тите една болница откупувала сперма по цена од 400 куни по доза, но денеска тоа веќе […]