Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието. Обраќањето на шефот на државата е согласно член 85 став 1 од Уставот, во кое ги известува пратениците за прашања од негова надлежност и е единствена точка на дневниот ред на 134. собраниска седница. Обраќањето на Пендаровски во Парламентот е последно во […]

Магла на патиштата кај Битола и Македонски Брод


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 100 метри има во Битола и 200 метри во Македонски Брод, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез […]

Наутро магла, преку ден сончево со температура до 14 степени


Времето денеска ќе биде сончево и претежно тивко, минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени. Во Скопје наутро се очекува појава на магла, а преку денот да биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 7 степени. Во […]

Советот на странски инвеститори ќе презентира наоди од анкета за инвестициите


Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе презентира резултати од анкета за странските директни инвестиции во земјава – актуелните состојби, ограничувачките фактори, идните трендови и очекувањата на компаниите со странски капитал за наредниот период. Наодите од анкетата, пред претставници на компании членки, странски амбасади во земјава и медиумите, ќе ги […]

Без струја дел од корисниците од село Горно Блаце


Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Горно Блаце, општина Чучер Сандево. Прекинот на струја ќе биде во периодот од 09.00 до 12.00 часот.

Руски судови прекинаа седум рочишта против Навални откако тој исчезна


  Руските судии ја прекинаа новата кривична постапка за затворениот опозициски лидер Алексеј Навални, a поддржувачите велат дека тој не контактирал со своите адвокати речиси две недели, а официјален претставник на ОН рече дека неговото отсуство значи „присилно исчезнување“. Судовите во понеделникот прекинаа седум судски рочишта „додека не се утврди каде се наоѓа [Навални]“, рекоа […]

Ердоган во Унгарија, Орбан му подари коњ


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека сака да ги продлабочи односите со унгарскиот премиер Виктор Орбан, за време на неговата втора посета на Будимпешта во последните четири месеци. Унгарија и Турција се единствените членки на НАТО кои не го ратификуваа пристапувањето на Шведска во Северноатлантскиот договор. Унгарскиот парламент допрва треба да гласа за […]

Во Црна Гора пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња


Од почетокот на ноември во Црна Гора се пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња. „Помеѓу пријавените случаи (129), најголем дел од заболените има во возрасната група од 11-15 години (71), во групата од 26-64 години (20), во групата од 6-10 години (15 ), 1-5 години (9), до една година (6), […]

Без вода дел од корисниците на ул. „Св. Наум Охридски“ и „Чедомир Кантарџиев“ поради уличен дефект


 ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Св Наум Охридски“ бр. 2 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и тоа од бр. 2 до бр. 20 и од ул. „Чедомир Кантарџиев“. Прекинот на водоснабдување ќе биде од 20:30 час до завршување […]

Риши Сунак: Премногу цивили се убиени во конфликтот Израел-Хамас


 Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека премногу цивили загинале во конфликтот меѓу Израел и Хамас и го обнови својот повик за „одржлив прекин на огнот“ за да се овозможи ослободување на заложниците. Портпаролот на Сунак посочи дека одржливиот прекин на огнот значи траен прекин, но додаде дека Велика Британија не се залага за целосен […]

Ватикан одобри: Свештениците може да благословуваат истополови парови


Ватикан, во историска одлука одобрена од папата Франциск, денеска објави дека римокатоличките свештеници ќе можат да вршат обреди на благослов за истополовите парови, под услов обредите да не бидат дел од редовните католички ритуали или литургија. Во документ од ватиканската администрација за доктрина се наведува дека таквите благослови нема да ги озаконат неправилните ситуации, туку […]

Поради неисчистен снег камиони во колони чекаат за влез во земјава на преминот Ѓуешево -Деве Баир


 Неисчистен снег на македонската страна од граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир, според тврдењата на превозниците, го отежнува влезот на товарните возила во државава, кои чекаат со часови, а со таков проблем се соочуваат од викендот  од кога била формирана колона долга повеќе километри.  -Нашите камиони останаа заглавени за викендот, кога возачите мораа да останат и да […]

Ловџија заглавен во дол спасен од новиот медицински хеликоптер


Ловџија што паднал во длабок дол опкружен со карпи во близина на скопското село Буковиќ, денеска бил спасен со помош на новиот медицински хеликоптер, што се подготвувал за промоција во Битола. Медикоптерот, „бел 212“, е на Министерството за внатрешни работи, а е опремен со медицинска опрема за итен транспорт на високоризични пациенти. Од Центарот за […]

Ахмети на средба со Таравари за да разговараат за можна коалиција


Во просториите на општина Гостивар попладнево се одржала средба меѓу лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а тема на разговор, како што пренесува ТВ 21, била можната коалиција на двете албански политички партии, кои се дел од Владата на претстојните парламентарни избори. Ахмети по средбата изјавил дека сите […]

Протест во Србија, бараат поништување на изборите во Белград


На повик на коалицијата „Србија против насилството“, пред градското собрание во Белград се собраа граѓани кои тврдат дека имало изборна кражба на вчерашното гласање. Кандидатот за градоначалник на таа коалиција Владимир Обрадовиќ изјави дека сите биле сведоци на нерегуларностите што се случија вчера и дека нема да ги прифатат резултатите од изборите во Белград. – […]

Човек е отсечен од снегот во Кавадаречко – одбива помош ако не се спасат и неговите кучиња


Во околината на Кавадарци, висината на снежната покривка е над 70 см, а едно лице кое е отсечено од цивилизацијата одбива помош, затоа што во четирициклот, со кој му е понудено да биде вратен дома, нема место за неговите две кучиња. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, лицето е отсечено поради снегот, во […]

Восочната фигура на Жерар Депардје отстранета од музејот Гревин во Париз


Париз – Восочната фигура на актерот Жерар Депардје е отстранета од најпознатиот музеј во Париз, по негативните реакции од посетителите поради наводите за неговото однесување со жени, соопшти музејот во понеделникот. Одлуката да се отстрани фигурата од музејот Гревин, таканаречениот „Пантеон на восочни познати личности“, уследи по неодамнешната репортажа за актерот на француската телевизија што […]

Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на ДИК


Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на Државната изборна комисија. Предлог листата е веќе доставена и се очекува Комисијата за избори и именувања да го утврди кандидатот, потврдија доцна попладне од Собранието. Адбуш Демири е поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени, информираше денеска пратеничката на Алтернатива дел од оваа […]

Награден конкурс за најдобра беседа „Како против пизмата?“ во чест на Григор Прличев


 Градската библиотека „Григор Прличев“ распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена големиот поет и преродбеник, патронот Григор Прличев, на тема „Како против пизмата?“. На Конкурсот можат да се пријават заинтересирани млади автори на возраст меѓу 15 и 30 годиини, државјани на Република Северна Македонија. Според пропозициите, беседата „Како против пизмата?“ не смее да биде […]

Извлечени три деца од под ѕидот што се урна во училиште во Романија


Сид од домот на средното училиште Тамаси Арон во Одореј Секуеску, Романија, попладнево се урна, а спасувачките екипи се на терен. Сомнежите се  дека до уривање дошло откако работници вршеле работи на приклучување на објектот со канализационата мрежа. Според портпаролката на градскиот совет, Зорга Ноеми, во училишниот двор се изведувале работи за приклучување на канализационата […]