Извлечени три деца од под ѕидот што се урна во училиште во Романија


Сид од домот на средното училиште Тамаси Арон во Одореј Секуеску, Романија, попладнево се урна, а спасувачките екипи се на терен.

Сомнежите се  дека до уривање дошло откако работници вршеле работи на приклучување на објектот со канализационата мрежа.

Според портпаролката на градскиот совет, Зорга Ноеми, во училишниот двор се изведувале работи за приклучување на канализационата мрежа, што можеби влијаело на уривањето на објектот.

„Во дворот на училиштето се работеше за приклучување на мрежата, можно е работите да се изведуваат под темелот на објектот и да влијаеле на градбата“, рече Зорге.

Според информациите, досега се спасени три деца.

„Едниот е свесен, другиот е полусвесен, а третиот е во тешка состојба и сите се пренесени во болница. Три деца сѐ уште се под урнатините. Децата се на возраст од околу 16, 17 години“, изјави градоначалничката Алина Марија Коботариу.

Несреќата се случила во објект кој служел како средношколски интернат, а е во сопственост на училиштето „Тамаси Арон“.