Советот на странски инвеститори ќе презентира наоди од анкета за инвестициите


Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе презентира резултати од анкета за странските директни инвестиции во земјава – актуелните состојби, ограничувачките фактори, идните трендови и очекувањата на компаниите со странски капитал за наредниот период.

Наодите од анкетата, пред претставници на компании членки, странски амбасади во земјава и медиумите, ќе ги претстави Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори на прес-конференција на тема „Бизнис и инвестициски индикатор 2023“.