Путин ги достави документите за регистрација за претседателските избори следната година во Русија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги доставил своите документи до Централната изборна комисија на Русија за да се регистрира како кандидат за претседателските избори во земјата во 2024 година.

„Тој ги достави“, потврди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за руските државни медиуми.

Поддржувачите на Путин минатата сабота официјално ја започнаа неговата кандидатура за претседателските избори во 2024 година како независен кандидат. Според рускиот изборен закон, секој независен кандидат мора да биде номиниран од најмалку 500 негови поддржувачи. Независните кандидати мора да соберат и најмалку 300.000 потписи од најмалку 40 региони во земјата.

Групата што го номинираше Путин вклучува високи претставници од владејачката партија Единствена Русија, истакнати руски актери и пејачи, спортисти и други јавни личности.