Плејоф жрепка во Лига Европа, Феенорд против Рома, Милан против Рен


Европската фудбалска федерација (УЕФА) попладнево со жрепка во седиштето в Нион ги одреди паровите од плејофот за пласман во осминафиналето во Лига Европа.

Паровите се Феенорд – Рома, Милан – Рен, Ленс – Фрајбург, Јанг Бојс – Спортинг Лисабон, Бенфика – Тулуз, Брага – Карабах, Галатасарај – Спарта Прага и Шахтјор – Олимпик Марсеј.

Првите натпревари се на програмата на 15 февруари, а реваншите една недела недела.

Победниците ќе се пласираат во осминафиналето каде како првопласирани во групната фаза веќе се Аталанта, Брајтон, Баер Леверкузен, Ливерпул, Глазгов Ренџерс, Славија Прага, Виљареал и Вест Хем.

Финалето во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе се игра на 22 мај во Даблин.