Радев од утре во дводневна посета на Косово


Во дводневна посета на Косов утре ќе пристигне бугарскиот претседател Румен Радев, соопштија од кабинетот на претседателката на Косово, Вјоса Османи, пренесе Бета. Османи, ќе го прими претседателот Радев со државна свеченост со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Ибрахим Ругова“, се наведува во соопштението. По средбата Османи и Радев ќе одржат заедничка прес-конференција. Засега […]

Руди Џулијани поднесе барање за стечај


Руди Џулијани, сојузник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, денеска поднесе барање за стечај, неколку дена откако поротата одлучи дека тој мора да плати отштета од 148 милиони долари на поранешните изборни работници во државата Џорџија. Џулијани лажно ги обвини дека помогнале во местење на изборите во 2020 година, на кои победи претседателот Џозеф Бајден. […]

Совршена поезија и совршен балет – Молитвите на Ацо Шопов го маѓепсаа Скопје (галерија)


90 минути публиката, синоќа, во Националната опера и балет ја следеше без здив балетската претстава – триптих „Молитвите на моето тело“ според истоимениот циклус поезија на Ацо Шопов,  маѓепсана од креативното „сплотување“ на тим од тринаесет уметника, од различен профил. Тоа беше волшебна ноќ каде талентот, технологијата, естетиката, искреноста, страста, животот, емоцијата, душата, совршенството, харизмата, […]

Убиецот од Прага е 24-годишен студент, кој претходно си го убил таткото


Чешката полиција соопшти дека напаѓачот на универзитетот во Прага е 24-годишниот студент Давид Козак, чиј крвав пир заврши со 15 жртви и 24 повредени. Претходно денеска, по него, полицијата распишала потерница поради сомнение дека утринава го убил својот татко во селото Кладенско. Потоа стана јасно дека бараниот е тој што попладнево уби десет лица на […]

Чешки министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со „тероризам


Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа  15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада. „Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет. Повеќе од 15 лица загинаа, […]

НАСА испрати видео од 30 милиони километри далечина за само 101 секунда


Американската национална вселенска агенција НАСА успеа со ласер да испрати видео од 15 секунди, со ултра-висока резолуција, на растојание од повеќе од 30 милиони километри. Видеоснимката со мачката Тејтерс беше поставена во сондата „Сајк“ (Psyche) пред лансирањето и испратено до Земјата на 11 декември. НАСА ова го направи како експеримент за проектот „Оптичка комуникација со […]

Одлуката за втор мандат Пендаровски ќе ја соопшти до февруари, таа ќе зависи и од партиска поддршка


 Од личниот рејтинг и од рејтингот на потенцијалните политички поддржувачи, т.е. партиите кои би му дале поддршка, ќе зависи одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски дали ќе се кандидира за втор мандат за претседателските избори напролет.  Одлуката се очекува да ја соопшти на крајот на јануари или почетокот на февруари, најверојатно пред објавувањето на […]

Советот за македонски јазик при Владата повикува на усвојување на Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик


 Советот за македонски јазик при Владата на Република Северна Македонија го повикува претседателот на собраниската комисија за култура Кастриот Реџепи, веднаш да ја свика комисијата за култура на Собранието и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик.  – Советот за македонски јазик при Владата на РСМ упатува јавен повик до претседателот на Комисијата […]

„Сони“ со над 50 милиони продадени „Плејстејшн 5“ конзоли


По три години од почетокот на продажбата, компанијата „Сони“ ја надмина бројката од 50 милиони продадени примероци од конзолата за видеоигри „Плејстејшн 5“. Ова, според познавачи, е импресивен број и рекорд, особено ако се земат предвид проблемите со синџирот на снабдување, коишто ја ограничија испораката по ноември 2020 година. На „ПС-5“ конзолата ѝ требаше само […]

Гевгеличанец нападнал медицинска сестра на Клиника


На 20.12.2023 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.Т.(44) од Гевгелија затоа што околу 10.45 часот во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје физички ја нападнал медицинската сестра Н.Р.Б.(41) од скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Чеферин за Суперлигата: Се надевам дека што поскоро ќе го започнат својот турнир со два клуба


Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин го коментираше можното претстојно стартување на Суперлигата. -Нема да се обидуваме да ги спречиме. Тие можат да создадат што сакаат. Се надевам дека што поскоро ќе го започнат својот главен турнир… со два клуба. Фудбалот не е на продажба, ги цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Чеферин. […]

Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо


 Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло. Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи […]

Дискусија: Планот за раст на ЕК e голема можност за регионот, но потребни се здрави проекти и реформска агенда


Како државните од Западен Балкан најдобро да го искористат Планот за раст на Европската комисија е целта на дискусијата „Growth Plan for the Western Balkans: How to make it work for all?“ што денеска во Скопје ја организира Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, на која има претставници на креаторите на политиките, на граѓанското […]

Повторно зголемен број на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Грција


Во периодот од 11 до 17 декември во Грција е регистриран зголемен број заразени со Ковид-19, во споредба со една седмица претходно, а зголемување бележат и хоспитализираните, приклучените на апарати, но и на починатите, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во конкретниот период регистрирани се […]

„Иуте Кредит Македонија“ се ребрендира во „Иуте“


Компанијата „Иуте Кредит Македонија“, која е дел од групацијата „Иуте Естонија“ со седиште во Талин, официјално започна со процесот на ребрендирање по чиешто комплетирање ќе продолжи да работи под името „Иуте“. Ребрендирањето е дел од стратегијата на групацијата за проширување на обемот на работа и услуги на пазарот, со што покрај кредитирањето ќе се понудат […]

ГП ,,Клепало” кај Берово се очекува да се доизгради догодина


На почетокот на следната година би требало да се реализираат завршните активности за доградба и официјално отворање на Граничниот премин „Клепало“, велат од Царинската управа. Интензивно во моментов работи и бугарската страна, рече при денешната посета на Универзитетот ,,Гоце Делчев” -Штип, Златко Ветеровски помошник директор на Сектор за меѓународна соработка и европска интеграција, проекти и […]

Дипломатката од МНР што остана без сертификат тврди дека сакаат да ја замолчат


Министерството за надворешни работи соопшти дека на двајца дипломати не им е даден безбедносен сертификат, но дека одлуката за тоа не ја носи оваа институција туку Дирекција за безбедност на класифицирани информации . -Согласно појавените реакции кон Министерството за надворешни работи поврзани со издавањето сертификат за безбедност на вработените во дипломатијата, дозволете да информираме дека […]

Пукање во Прага: 10 мртви и многу повредени на Филозофскиот факултет (Фото и видео)


  Чешката полиција соопшти дека 10 луѓе се убиени и повредени во пукање во Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во центарот на Прага. Уште девет лица се тешко повредени, а десетина други полесно. Напаѓачот е убиен и со него бројот на загинати е 11. Инцидентот се случил на Филозофскиот факултет кој е веднаш до Карловиот […]

Преку јавен повик финансирано украсувањето на плоштадот во Скопје?


Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици, соопштија од Град Скопје, по написите дека нетранспарентно е направено и онака штурото украсување на центарот на градот.  – Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно […]

По 40 години: Со 9,6 милиони денари подновена салата во Спомен домот АСНОМ во Делчево 


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во беше во работна посета на Делчево, каде заедно со градоначалникот Горан Трајковски  направија увид во активностите на новата сала во Спомен домот на АСНОМ, проект финанскиски поддржан од Програмата на Министерството за култура за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа, за 2023 година.  – Проектот е прва […]