Русија истрелала над 7.000 проектили врз Украина од почетокот на војната


Руските сили истрелале 7.400 проектили против Украина од почетокот на војната, рече Јуриј Игнат. Од 24 февруари 2022 година, руската армија истрелала 7.400 проектили од различен тип кон Украина, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Игнат, пренесоа украинските медиуми. -Од почетокот на целосната инвазија, руската окупаторска армија истрела 7.400 проектили од различни типови. Од […]

Провладините медиуми ја обвинија Германија дека се вмешала во изборите во Србија


  Германската медиумска куќа Дојче веле  во реакција за порталот „Јуропијан вестерн балканс“ ги демантираше наводите на српските провладини медиуми дека е вмешана во актуелните антивладини протести. „ДВ не застапува ниту една политичка гледна точка во Србија и затоа зазема неутрална позиција за постизборните протести“, се наведува во писмената реакција од овој медиум. Со барање […]

Откажан штрајкот на контролорите на летање


Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.  На денешниот состанок Синдикатот одлучил сепак да го прифати огласот за вработувања што го оспоруваше поради дел од позициите што ги смета за несуштенски и што беше […]

ЕУ ѝ даде на Бугарија 1,2 милијарди евра за ослободување од јагленот


  Во четвртокот Европската комисија ги одобри територијалните планови за трансформација на јагленовните региони Стара Загора, Перник и Ќустендил, со што ефективно се отклучи пристапот на Бугарија до 1,2 милијарди евра за финансирање проекти за климатска транзиција на сегашните индустрии кои го загадуваат воздухот. Одобрувањето доаѓа во последен можен момент пред Бугарија да ја изгуби […]

Жената која беше тепана од сопругот, па потоа го уби, е обесена во Иран


  Иран ја обеси 30-годишната Самира Сабзијан, која беше осудена на смрт за убиството на нејзиниот сопруг и помина 10 години во затвор. Егзекуцијата на Сабзијан беше пријавена од организацијата Човекови права во Иран. Според активистите за човекови права, Сабзијан бил погубен на 20 декември во затворот Гезел Кесар во предградието на Техеран. Егзекуцијата на […]

Украинскиот министер за одбрана најави враќање на Крим во 2024


  Украина ќе може да го врати Крим припоен од Русија во 2024 година. Ова го изјави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во интервју за германски „Билд“. „Јас сум 100 отсто сигурен. Ова е нашата стратешка цел – да се вратиме на меѓународно признатите граници. Ние сме во состојба да го направиме тоа со […]

Педесет милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции


Владата и Министерството за финансии овозможија пристап до нов дополнителен капитал од 50 милиони евра за домашните мали и средни претпријатија за своите инвестиции. Средствата ќе се пласираат преку Развојната банка на Северна Македонија, а до крајните корисници ќе бидат достапни преку деловните банки во земјата. Средствата се обезбедени преку Француската развојна банка, со која […]

Стопанската комора и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги прошируваат заедничките активности за поддршка на македонската економија


Засилување на врската помеѓу науката и бизнис секторот преку заеднички проектни активности, како и градење на заеднички ставови и иницијативи кои ќе ја поддржат конкурентноста на домашната економија беа темите на денешната работна средба меѓу претседателот на Стопанската комората Бранко Азески и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) проф. д-р Биљана Ангелова. На […]

Преку повикот „Стартапувај 5”, 2,3 милиони евра финансиска поддршка за стартапите


  Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги прогласи добитниците на финансиска поддршка преку јавниот повик „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“, преку кој 2,3 милиони евра се распределуваат за развој и поттикнување на иновативноста кај домашните претприемачи и започнувањето на сопствени бизниси. Вкупно 61 проектни апликации (29 компании и 31 […]

Уапсени две лица во Прилеп затоа што запалиле автомобил


  На 20 декември полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б. (34) и Д.М. (22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, на 19 декември на ул. „Кире Базерко“ во Прилеп, на […]

Доделена наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ на Мишко Иванов и Ненад Георгиевски


Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварувања во областа на публицистиката денеска во Собранието му беше доделена на Ненад Георгиевски, а за остварување во областа на новинарството на Мијалче-Мишко Иванов. Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ е Зоран Бојаровски. Наградата на лауреатите во име на комисијата им ја врачи истакнатиот […]

Орбан: ЕУ ја уценува Унгарија


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во четвртокот дека Европската комисија ја уценува Унгарија со задржување на милијарди замрзнати средства поради загриженоста за владеењето на правото. Орбан рече дека уцената е „факт“, дури и признаена од самите уценувачи – членови на Европскиот парламент. „Според нас, Унгарија ги исполнува сите квалитети на владеењето на правото, и […]

Просечната плата во октомври 38.843 денари


 Просечната исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.  Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 проценти), Снабдување […]

Шпанија нарача 16 авиони „Ербас Ц295“ за поморска патрола и набљудувачки операции


Шпанското Министерство за одбрана нарача 16 авиони „Ербас Ц295“ наменети за поморска патрола и набљудувачки операции, јави ДПА, повикувајќи се на европската авиокомпанија. Новиот авион ќе и овозможи на шпанската армија „да го зајакне националниот капацитет за борба со подморници и да ги зголеми и подобри единиците за надзор,разузнавање, пребарување и спасување“, се вели во […]

Градот Скопје почнува со реализација на проектот за булевар „Хрватска“


Градот Скопје отпочнува со реализација на проектот за булевар „Хрватска“, кој е ветуван пред граѓаните, а не е реализиран повеќе децении. Проектот е еден од најголемите инфраструктурни проекти по чија реализација Скопје ќе има сообраќајно решение со карактер на внатрешна обиколница околу централното јадро и со која се обезбедува побрзо и посигурно поврзување на општината […]

Патувањето со воз и за време на празниците е поскапо од патувањето со авион


Според еколошката организација Гринпис, патувањето со воз е генерално поскапо од патувањето со авион. Како што покажа анализата, системот поттикнува и користење на авиони за време на празниците, иако, според нив, тоа е спорно од еколошки аспект. Тие ја повикаа и Европската комисија да преземе мерки. Во декември, Гринпис ги спореди трошоците за железничко и […]

Не е потребно одобрение од УЕФА за организирање на Супер лигата, реши Европскиот суд на правдата


  Судот на правдата на ЕУ денеска пресуди дека правилата на УЕФА кои се однесуваат на организирањето на фудбалски натпреварувања, како што е Супер лигата, се во спротивност на законодавството на Унијата.  „Правилата на ФИФА и УЕФА за претходно овластување за клупски фудбалски натпреварувања, како што е Супер лигата, претставуваат кршење на правото на Унијата“, […]

Во ноември годишен раст од 7,2 отсто на вкупните депозити и од 5,2 отсто на вкупната кредитна поддршка


Според анализите на Народната банка вкупните депозити се зголемени за 7,2 отсто на годишно ниво како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Истовремено, посочуваат од НБ, на годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 5,2 отсто, којшто се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем […]

Папата Франциск донесе историска одлука за геј паровите и ги нападна конзервативците


Папата Франциск денеска предупреди на нефлексибилните идеолошки позиции кои би можеле да ја спречат Црквата да ја види реалноста и да продолжи напред, говорејќи неколку дена откако конзервативците ја осудија декларацијата со која се дозволува благослов на истополови двојки. Папата, кој во неделата наполни 87 години, ги даде своите коментари во традиционалната божиќна честитка до […]

Во Основниот суд во Струга утре третпат почнува судскиот процес за родилката од Дебар


Во Основниот суд во Струга утре третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдз Веапоска, од Дебар на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Судскиот процес, како што информира  претседателот […]