Во Берово измерени минус 5 степени, во Маврови Анови 35 сантиметри снег


 Во Берово изутрина во 7 часот се измерени -5 степени, -3 во Битола и Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Тетово, -1 во Велес, Кавадарци, Попова Шапка и Виница, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Претор, Крушево, Куманово, Гевгелија, 1 во Охрид, 2 во Дојран. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека […]

Њујорк Тајмс: САД започнаа преговори за користење на замрзнатите руски средства


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден започна итни преговори со сојузниците за користење на замрзнатите руски средства за воена поддршка на Украина, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори. Белата куќа, наводно, „сигнализирала“ дека се согласува со користењето на рускиот имот, со оглед на тоа што се повеќе конгресмени се залагаат за закон што […]

Изралските сили убиле повеќе од 2.000 оперативци на Хамас


Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари денеска изјави дека од крајот на привременото примирје на 1 декември, повеќе од 2.000 оперативци на палестинската милитантна група Хамас се убиени во Појасот Газа. „Го зголемивме бројот на војници кои се борат во источниот дел на Кан Јунис и таму се бориме решително, со акцент на подземните […]

Ковачевски во посета на ЈЗУ „Козле“-Скопје по повод промена на дејноста и називот на клиниката


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај деца „Козле” – Скопје ќе присуствува и ќе се обрати по повод промената на дејноста, видот и називот на институцијата. Како што е наведено во најавата од владината прес-служба, дејноста на оваа универзитетска клиника е вршење специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита […]

Времен режим на сообраќај на крстосница бул. „АСНОМ“ со ул. „Февруарски Поход“


Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје најави дека денеска во 8:30 часот  екипи одговорни за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе почнат со реализација на активности за монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови на крстосницата помеѓу булевар „АСНОМ“ и  улицата „Февруарски поход“.  За време на изведување на работите  сообраќајот ќе […]

Советот за безбедност на ОН уште еднаш го одложи гласањето за резолуцијата за Газа


 По промените во компромисниот нацрт за резолуцијата за Газа во Советот за безбедност на ОН, гласањето денеска повторно е одложено. Како што пренесе ДПА, неколку земји морале да се консултираат со нивните влади. Во разговорите зад затворени врати, некои членки на советот изразиле незадоволство од „разводнетиот текст за зголемување на хуманитарната помош за Појасот Газа“. […]

Во Основниот суд во Струга третпат почнува судскиот процес за родилката од Дебар


Во Основниот суд во Струга денеска третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдз Веапоска од Дебар, на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Судскиот процес, како што информира за […]

Промоција на стихозбирката „Ѕвонливи тишини“ на Верица Мукоска, добитник на наградата „Бели мугри“


Во рамки на традиционалната манифестација „Денови“ вечер од 18 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“ ќе биде промовирана стихозбирката „Ѕвонливи тишини“ на Верица Мукоска,  добитник на наградата „Бели мугри“ за најдобра поетска книга од автор до 35-годишна возраст. На манифестацијата ќе говори директорот на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, Сафет Камбери, а […]

Во Чешка утре е Ден на жалост заради масовното убиство на универзитетот во Прага


Чешкиот премиер Петр Фијала соопшти дека владата донесе одлука 23 декември ( сабота) да биде Ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот.  -Владата донесе заклучок во кој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и со едноминутно молчење на почетокот на […]

Во МНТ премиера на претставата „Божествена рапсодија“


 Во Македонскиот народен театар вечер со почеток од 18 часот ќе биде премиерно изведена претставата „Божествена рапсодија“. На сцената настапуваат членовите од инклузивен ансамбл на возраст од 10 до 55 години, актери кои досега успешно соработуваат во поставување на заеднички претстави како „Шумска бајка“, „Други приказни за Алиса“ и „Дрво низ времето“, односно членови кои […]

Промовиран новиот европски суперкомпјутер „МареНострум 5“


Во Суперкомпјутерскиот центар во шпанскиот град Барселона беше промовиран најновиот европски суперкомпјутер „МареНострум 5“, кој е рангиран меѓу десетте најмоќни компјутери во светот и се смета за „најзелен“ во Европа поради неговата високо енергетска ефикасност и целосното напојување со енергија од обновливи извори.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, „МареНострум 5“ ќе им […]

Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во Националната опера и балет


 Во Националната опера и балет вечер од 20 часот репризно ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ – инспириран од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов, а по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на […]

Советот на ЈО ќе избира в.д. републички јавен обвинител


Советот на јавни обвинители денеска ќе ја одржи деведесет и третата седница, на чиј дневен ред е донесување одлука за определување на вршител на функцијата Јавен обвинител на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Мандатот на актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески му истекува на 25 декември, а постапката за избор на негов наследник е […]

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК


Во Собранието за денеска е закажана 135 седница, на чиј дневен ред една од точките е Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. За претседател на ДКСК е предложена Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР), која од членовите на Комисијата […]

Дополнетиот предлог Буџет пред пратениците


Пратнеиците во Собранието денеска во рамки на 135 седница ќе расправаат за Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година – второ читање. По амандаманската расправа во законодавниот дом, Владата на 18 декември го утврди текстот на Дополнетиот предлог буџет. Во него се вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во […]

ЕК одвои 1,2 милијарди евра за зелена и енергетска транзиција на три региони во Бугарија


Европската комисија и додели на Бугарија 1,2 милијарди евра од Фондот за праведна транзиција (ЈТФ), како поддршка за отворање на нови работни места и економски активности во регионите на Стара Загора, Ќустендил и Перник, кои се соочуваат со најголеми социо-економски предизвици во процесот на исфрлање на јагленот од употреба и намалување на емисиите на јаглерод […]

Сообраќајот по влажни коловози, снег на Попова Шапка, магла кај Кичево


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег, со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, а во Куманово, Берово и на планинските премини Стража и Пресека се бележат послаби врнежи од дожд и снег. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во […]

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, на планините снег


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка. Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој […]

Пакистан користи вештачки дожд за да го намали загадувањето во Лахоре


Во Лахоре, Пакистан, се користеше вештачки дожд во обид да се намали нивото на загадување. Главниот град на источната провинција Пенџаб, во близина на индиската граница, има еден од најлошите квалитети на воздухот во светот и стана екстремно загаден поради растечката популација од повеќе од 13 милиони луѓе. До почетокот на декември, квалитетот на воздухот […]

Колку навистина e лошо користењето влажни марамчиња?


Многу луѓе користат влажни марамчиња на дневна основа, верувајќи дека тие ќе исчистат потемелно од обичната тоалетна хартија. Но, пред да се одлучите за влажни марамчиња, треба да размислите колку тие всушност се штетни за вашиот задник. Иако одвреме-навреме можете безбедно да се избришете со антибактериски марамчиња, прекумерната употреба на влажни марамчиња потенцијално може да […]