Заврши протестот во Белград, се бара ослободување на уапсените


Пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград започна деветтиот протест на опозициските партии и активисти. Протест на опозициските партии и активисти е организиран поради нерегуларности на изборите одржани на 17 декември. Демонстрантите се собраа пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград, а вечерва за првпат протест се одржува и во Краљево. […]

Еклстон за улогата на Шумахер во Ферари: Што и да кажеше Шумахер, Тод го следеше


Поранешниот извршен директор на Формула 1, Берни Еклстон, проговори за улогата на Михаел Шумахер во Ферари. Тој кажа дека официјалниот шеф на Шумахер во Ферари, Жан Тод, ги слушал упатствата на возачот. – Еден ден го прашав кој навистина го води тимот. Тој одговори: Јас. И добро се снајде. Успеа да го извлече најдоброто од […]

Над 4.700 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа во последните два месеци


Палестинската Црвена полумесечина денеска објави дека примила повеќе од 4.700 камиони со хуманитарна помош од Египет во последните два месеци. Претставниците на организацијата примија 4.760 камиони со кои беше доставена хуманитарна помош до луѓето од енклавата од Египет во периодот од 21 октомври до 22 декември, се наведува во соопштението. Хуманитарната помош главно вклучувала храна, […]

Во четврток Дац и Александар ќе ги забавуваат центарци во пресрет на Нова година


Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски го најави предновогодишно дружење на Боемска 1 на кое присутните ќе ги забавуваат познатите Дац и Александар. Овој четврток (задутре) забавата започнува од 19 часот со настап на ДЈ Александар Јорданов, а од 21 часот продолжуваат Дац и Александар Митевски. – Истиот ден со почеток во 11 часот свои музички […]

Комитетот за надворешни работи на турскиот Парламент го одобри приемот на Шведска во Алијансата


Комисијата за надворешна политика на турскиот Парламент денеска ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, што е клучен чекор кон проширување на Алијансата, по 19 месеци одложувања во текот на кои Анкара бараше отстапки од Стокхолм. Следниот чекор ќе биде гласање за кандидатурата на Шведска во Парламентот за неколку недели, кога се очекува […]

Дали идеите го заслужуваат нашиот живот: Премиера на „Падот на Масада“ од Венко Андоновски во Драмски театар


  Вреди ли да се положи животот за некоја идеја или не. Ова вечно прашање е во сржта на претставата „Падот на Масада“ од нашиот реномиран писател Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, која што утре, на 28 декември во 20 часот премиерно ќе биде изведена во скопскиот Драмски театар.  Андоновски вели дека […]

Хакери украле лични податоци преку апликации за плаќање паркинг низ Европа


Хакери украле лични податоци на клиенти преку апликации за плаќање паркинг низ Европа и Велика Британија. Најголемиот европски оператор на апликации за паркирање ја пријавил ситуацијата кај регулаторите за информации во ЕУ и во Велика Британија, соопшти Гардијан.  Земени се имиња на клиенти, телефонски броеви, адреси и делови од броеви на кредитни картички, но податоците за […]

Кој треба да преземе мерки против аерозагадувањето?


Од централна на локална власт и обратно. Вака деновиве кружат обвинувања меѓу институциите на национално и на локално ниво во однос на тоа кој треба да преземе мерки за справување со високото ниво на загаденост на воздухот во македонските градови. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во изјава за емисијата „Топ тема“ […]

Инсталиран новиот акцелератор на Клиниката за онкологија


Линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти деновиве беше инсталиран на Клиниката за онкологија. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска кажа дека со ова е исполнето уште едно ветување, иако акцелераторот е набавен уште пред седум години. „Производителот и одговорните физичари во установата, потпишаа сертификат – документ со кој се потврдува дека медицинскиот апарат […]

Хакерите годинава украле две милијарди долари во криптовалути


Вашингтон – Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари во криптовалути, но оваа сума е помала од минатата година, соопштија компании специјализирани за кибер безбедност. Компанијата „Дифај“(De.Fi) верува дека хакерите во оваа 2023 година присвоиле две милијарди долари во криптовалути, што, според нејзиниот извештај, „ги истакнува постојаната ранливост и предизвиците во рамките на екосистемот „Дифај“, пишува […]

Залужни го демантираше Зеленски за потребата од мобилизација на половина милион војници


 Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, ја демантираше информацијата што ја изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција минатата недела дека воената команда побарала мобилизација на половина милион луѓе, но тој потврди дека е формиран одреден број потребен персонал за следната година. „Воената команда не постави никакви барања во однос на какви […]

Од погодениот руски брод не остана ништо, само парчиња метал


  Откако веќе ги претрпе најголемите загуби од Втората светска војна, руската Црноморска флота загуби уште еден голем брод како резултат на удар на украинските вооружени сили. Ноќта на вторникот, 26 декември, големиот десантен брод „Новочеркаск“ беше разнесен од украинските воздухопловни сили во пристаништето Феодосија на Крим. Нападот бил извршен со крстосувачки проектили и предизвикал […]

Во компаниите во ТИРЗ работат над 18.000 лица, бруто-платите зголемени над 20 отсто во однос на лани


Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски ја оцени 2023-та како успешна година. Прв пат, рече, се надмина бројката од 18.000 работни места што е над 11 проценти раст во однос на лани.   ТИРЗ, информира Деспотовски на брифинг со новинарите, во 2023-та регистрира и минимум 20 проценти раст на бруто […]

СДСМ со коалицијата го презеде мнозинството во Советот на Македонски Брод


  СДСМ со партиите од коалицијата, меѓу кои ЛДП, како и независни советници го презеде мнозинството во Советот на општина Македонски Брод. Коалицијата на ДПМНЕ и Левица од денеска се во опозицијата во советот, со нивните советници. „Изминаа две години од локалните избори но за жал советот досега беше нефункционален. Сега тоа ќе се промени. […]

МЗ: Санирана повредата на бебето на ГАК, акушерката суспендирана


На одделот за новородени деца при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла мал дел од палецот на бебето. Како што информира денеска Министерството за здравство, дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за […]

Прилепската локална самоуправа ги намалила обврските за близу шестпати


За близу шест пати прилепската локална самоуправа ги намалила обврските преземени во 2021 година, информираат од Локалната самоуправа од Прилеп. Долговите, или обврските преземени во 2021 година во висина од 292 милиона и 562 илјади денари се сведени на 47 милиони и 85 000 денари. Ова, според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, значи дека одговорно работеле. […]

Петардите не се играчки – тие се опасни


Петардите се опасни, штетни и воопшто не се кул е пораката на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства „Петарди НЕ – безбедност пред сè“ која денеска ја порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на показна вежба која се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Оваа година кампањата ја реализираат Министерството за внатрешни […]

Како Русите ги напуштаат своите војници на фронтот (Видео)


  Во руската војска постои наводна максима дека „Русите никогаш не ги напуштаат своите војници“.  Но едно видео од фронтот во Украина го покажува токму спротивното. Еден борбен оклопен транспортер поминува покрај руските војници залегнати покрај патот и не застанува и покрај повиците за помош од нив. Еден од војниците трча по тренспортерот и се […]

Директорката на „Рибникар“ поднесе оставка


Министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ потврди дека В.Д. директорката Олга Митровиќ, на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, поднесе оставка. „Таа поднесе оставка од здравствени причини“, изјави Ѓукиќ Дејановиќ. Пред масовното убиство во „Рибникар“, што се случи на 3 мај, директорка на училиштето беше Снежана Кнежевиќ, а по тој инцидент родителите на учениците од тоа […]

Домот од детството на Бијонсе уништен во пожар на Божиќ


Лос Анџелес – Домот од детството на пејачката Бијонсе Ноулс беше уништен во пожар на Божиќ. На пожарникарите во Хјустон, Тексас, САД, во раните утрински часови на Божиќ, им биле потребни 10 минути за да го изгаснат пламените јазици, иако за само три минути пристигнале на местото на несаканиот настан. Двојката која живее со двете децаво […]