Прилепската локална самоуправа ги намалила обврските за близу шестпати


За близу шест пати прилепската локална самоуправа ги намалила обврските преземени во 2021 година, информираат од Локалната самоуправа од Прилеп. Долговите, или обврските преземени во 2021 година во висина од 292 милиона и 562 илјади денари се сведени на 47 милиони и 85 000 денари. Ова, според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, значи дека одговорно работеле.

-Едноставно кажано, нашата општина која со моето доаѓање на функцијата градоначалник имаше речиси пет милиони евра долгови, тие сега изнесуваат нешто помалку од 800 000 евра. Во меѓувреме реализиравме огоромен број проекти а сигурен сум дека во иднина ќе имаме можност да реализираме уште повеќе и со тоа да ги подобриме условите за живот на сите прилепчани, вели Јовчески.

Прилепскиот градоначалник уверува дека Прилеп е пример за одговорно финансиско работење.

-Ова беше докажано и преку јавно признание од Обединетите нации врз основа на темелно истражување во 2022 година на сите општини во Република Македонија, според која Прилеп има одлична оценка за финансиското работење, смета прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.