Над 4.700 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа во последните два месеци


Палестинската Црвена полумесечина денеска објави дека примила повеќе од 4.700 камиони со хуманитарна помош од Египет во последните два месеци.

Претставниците на организацијата примија 4.760 камиони со кои беше доставена хуманитарна помош до луѓето од енклавата од Египет во периодот од 21 октомври до 22 декември, се наведува во соопштението.

Хуманитарната помош главно вклучувала храна, лекови и вода за пиење. Околу три илјади возила биле испратени директно до Палестинската Црвена Полумесечина, додека нешто повеќе од 1.700 биле испратени до Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА).

Од организацијата посочуваат дека целата помош била проследена до локалните агенции, кои ја дистрибуирале до граѓаните.