Сејдини: Имаме подготвено план за воведување ВАР


 Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за започнување процес за воведување и имплементирање на ВАР технологија (видео помошни судии) за натпреварите од Македонската фудбалска лига (МФЛ), согласно прописите и процедурите на ФИФА. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини очекува со воведување на ВАР да се сведат на минимум судиските грешки на прволигашките натпревари. […]

Шведска ги враќа учебниците во училиштата: „Намалена брзината на читање на учениците поради лаптопите“


Шведска долго време се гордее со своите дигитализирани училници, но се покажа дека овој систем има свои недостатоци. Така, конзервативната влада сега сака повеќе книги во училиштата. За ова во 2023 година издвои 60 милиони евра, пишува Дојче веле. Учениците од 4-то одделение во основното училиште „Ловестад“ во Сјобо, јужна Шведска, ги ставија своите паметни […]

Земјотрес во Далмација: „Го почувствувавме силно, како голема експлозија…“


Утрово земјотрес беше почувствуван во Сплит и централна Далмација. Според сведоци на социјалните мрежи, земјотресот бил краток, но силно почувствуван. Велат, многумина ги разбудил од сон, пренесе Index.hr. Сеизмографиte на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во средата во 6 часот и 31 минути забележаа умерен земјотрес со епицентар во близина на островот Чиово, три километри […]

Русија ќе распореди свои хаубици близу границата со Финска


Москва – Русија ќе  распореди свои најнови хаубици во северниот воен округ што се граничи со Финска и Норвешка, изјави шефот на државниот одбранбен конгломерат Ростек. – Тестирањето на новите самоодни артилериски единици е завршено и нивното масовно производство е веќе започнато, изјави Сергеј Чемезов, шефот на Ростек, додавајќи дека првата пилот серија ќе биде […]

Мултимедијален проект „Капење“ на Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков во Чифте амам


Мултимедијалниот проект, насловен „Капење“, на авторите Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков денеска ќе биде отворен во Чифте амам, во 20 часот и ќе трае до 7 јануари 2024 година. Оваа инсталација на видеа и звук, е последен проект за 2023 година на Националната галерија. – Со овој проект, на еден симболичен начин, ја продолжуваме традицијата […]

ОН назначија холандски дипломат од кариера за координатор за хуманитарна помош за Газа


Њујорк – Холандската политичарка од кариера и дипломат Сигрид Каг денеска беше назначена од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за координатор за хуманитарна помош за Газа, јави ДПА. Каг, која ќе ја преземе новосоздадената функција на 8 јануари следната година, неодамна беше вицепремиерка и министерка за финансии на Холандија. Таа претходно имаше различни високи функции […]

Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“


Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ денеска ќе се одржи во библиотеката на Кампус 4 во Универзитет Гоце Делчев – Штип. Меѓународната научна конференција беше организирана од Филолошкиот факултет при УГД на 25 и 26 мај оваа година. Зборникот содржи 40 реферати кои беа презентирани на конференцијата […]

Без струја дел од Аеродром


ЕВН известува дека денеска, од 09:00 часот, без струја ќе останат дел од корисниците на бул. 12-та Македонска Бригада (околу бр. 83-Б) во Општина Аеродром. Корисниците без електрична енергија ќе бидат од 09.00 до 13.00 часот. 

Без вода улица „Прашка“


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците на  ул. „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради штопирање на водоводна мрежа на таа улица. 

Претпладне со појава на магла, преку денот сончево со слаб северен ветер


Времето ќе биде сончево и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на магла. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со слаб […]

Астрономски календар


 Денеска е среда, 27  декември  2023 година, 363-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 5 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 9 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, […]

Новиот аргентински претседател Милеи ќе отпушти 5.000 вработени во владата


Администрацијата на новиот аргентински претседател Хавиер Милеи денеска објави дека новата влада ќе отпушти повеќе од пет илјади луѓе кои биле вработени на почетокот на оваа година, пред Милеи да ја преземе функцијата. Отпуштањето на владините службеници е дел од сеопфатниот план кој, според Милеи, има за цел да ја трансформира економијата на Аргентина. До […]

Спасовски нема да биде дел од техничката влада – ЦО на СДСМ ги утврди кандидатите


  На денешната седница Централниот одбор на СДСМ донесе повеќе одлуки и заклучоци. Врз основа на иницијативата за широк Европски фронт, Централниот одбор на СДСМ го овласти претседателот Димитар Ковачевски да формира работна група и да разговара со сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите оние кои го поддржуваат европскиот пат и иднината […]

Снежен коктел хит на социјалните мрежи (видео)


За време на новогодишните и божиќните празници ќе испиете генијален пијалок кој ќе ги воодушеви сите гости. Подготовките за празниците се во полн ек и веруваме дека многу размислувате како ќе ја украсите вашата празнична трпеза, а во морето совети на социјалните мрежи се истакна вирален трик благодарение на кој пијалокот ќе стане вистинска магија. […]

(Галерија) Орден за заслуги за Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски


Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија. Со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ги одликува Гоце Тодоровски, Бајруш Мјаку и Коле Ангеловски. Гоце Тодоровски се одликува за исклучителен и неповторлив […]

Тренчевска: Во четврток ќе биде исплатена првата транша од антикризниот пакет, на 2 јануари исплата на редовните пензии


  Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вечерва најави дека во четврток ќе биде исплатена првата транша од деветтиот антикризен пакет, меѓу кои и финансиската поддршка за пензионерите со ниски примања. Редовните пензии, како што изјави, ќе бидат исплатени на 2 јануари. – Пензионерите ќе добијат финансиска помош соодветно на која категорија припаѓаат, […]

Судскиот совет експресно закажа дисциплинска постапка за Беса Адеми


Со осум гласа „за“ и ниту еден „против“, Судскиот совет доцна попладнево усвои одлука со која се согласи целокупната постапка  за утврдување на одговорност и разрешување на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, да биде јавна. По иницијативата за нејзино разрешување Судскиот совет ќе расправа в петок, на последниот работен ден од оваа година. Дисциплинска […]

ЕУ чека предлози од Косово за ЗСО, имале 10 години да ги подготват


Европската унија објави дека косовските власти имале десет години да го изготват статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) и дека во сегашната фаза од дијалогот се очекува да понуди коментари и предлози за нацрт-статутот донесен во Белград и Приштина од Западната петорка. Во врска со изјавата на косовскиот премиер Албин Курти дека […]

Владата ја усвои Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година


Владата на денешната седница ја усвои Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година, во насока на, како што се наведува во владиното соопштение, зголемување на ефикасноста на правосудниот систем. Како што соопшти владината прес-служба, Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година, според предлагачот, Министерството за правда, е стратешки документ, којшто се […]

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 31 јануари


Цените на основните прехранбени производи, водата, негазираните и газираните пијалоци и пивото остануваат замрзнати до 31 јануари, одлучи денеска Владата. Одлуката е донесена на предлог на Министерството за економија и, како што се наведува во владиното соопштение, е во интерес на граѓаните поради престојните новогодишни и божиќни празници.  – Според денешната владина одлука, донесена на […]