(Видео) Хаос во албанскиот парламент. Активирани димни бомби, превртени столчиња


Албанската опозиција успеа да ја блокира работата на парламентот на вчерашната пленарна седница со поставување димни бомби. Ова е вторпат претставници на албанската демократска партија да поставуваат димни бомби во парламентот, откако пред две недели на ист начин ја блокираа расправата за буџетот. Пленарната седница на која на дневен ред беа проблемите на граѓаните, уште […]

Распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски


 Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски.  – Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, објавено е на веб страницата на МВР.

Леклер останува во Ферари до 2029


Италијанските медиуми објавија денеска дека 29-годишниот возач од Монако, Шарл Леклер, ја продолжи соработката со Формула 1 тимот Ферари до 2029 година. Леклер имаше договор со Ферари до 2024, а продолжувањето на соработката е доказ дека италијанскиот тим е задоволен од неговите настапи и резултати. Леклер досега заработуваше 25 милиони евра годишно, а со новиот […]

Србија обвини маж за шпионажа во корист на Бугарија


Во српскиот град Босилеград е уапсено лице поради сомнение дека сторил кривично дело шпионажа, соопшти Вишото јавно обвинителство Врање. „Тој е обвинет за соопштување тајни воени информации на членови на странска организација на Република Бугарија, што може да предизвика штетни последици за безбедноста, одбраната и воените интереси на земјата“, соопшти Обвинителството. Осомничениот Љ.Г. (61) е […]

Поранешниот американски амбасадор во Боливија 40 години шпионирал за Куба


Поранешен американски амбасадор во Боливија и член на Националниот совет за безбедност е обвинет за шпионирање за Куба цели 40 години, соопшти денска Министерството за правда на САД. Обвиненијата против Виктор Мануел Роча (73) „ја разоткриваат една од најдостапните и најдолготрајните инфилтрации во владата на САД од страна на странски агент“, рече државниот обвинител Мерик […]

Магла со видливост од 100 метри на планинскиот премин Ѓавато


 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Од ЈП Македонија пат информираат дека магла со видливост од 100 метри има на планискиот премин Ѓавато. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и […]

Таткото на Ѓорчевска донесен во Основниот кривичен суд во Скопје кај судија на предистражна постапка


Во Скопскиот кривичен суд попладневно е донесен таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството.   Тој беше донесен од полициската станица „Центар“ каде последните 24 часа беше на распит. Се очекува на барање на Скопското Јавно обвинителства да му биде изречена мерка притвор од 48 часа, како и […]

Естонија за недоаѓањето во Скопје поради Лавров: Не сакавме да учествуваме во циркус


  ТАЛИН -Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Естонија, Јoнатан Всевиов,  го спореди со  „циркус“ доаѓањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Скопје, појаснувајќи зошто Талин не се солидаризираше со напорите да се спаси ОБСЕ и реши да не биде присутен на министерскиот состанок во Скопје.  „Одвреме навреме треба да се […]

ЕУ ќе ги отвори преговорите со БиХ кога ќе се договорат критериумите


Брисел – Европската унија е подготвена да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина кога ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство, според нацрт-договорот за кој утре ќе разговараат дипломатските претставници на 27-те земји-членки на ЕУ. Неименуваните официјални лица велат дека овој прв нацрт, кој е подготвен за дискусија, е подложен […]

Спасовски: Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе


Искрено сочувство до семејството, другарките и другарите, како и наставниците, за големата загуба на Вања, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – Нека оваа трагедија ни биде повод да размислиме како да ги вратиме вредностите и како да бидеме луѓе. Почивај во мир, Бог нека ти подари рајски градини, објави […]

Медиумите во регионот за убиството на Вања Ѓорчевска


Медиумите од регионот објавија вести за најновите детали поврзани со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, повикувајќи се на информациите од денешната прес-конференција на министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски.  Сите медиуми во Србија – РТС, РТВ, ТВ Н1, Еуроњус Србија, ТВ Нова, Политика, Танјуг, Данас, Блиц, Курир, порталите, социјалните мрежи, како топ тема, од […]

Ердоган во историска посета на Атина, ќе се сретне со Мицотакис


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган неделава ќе престојува во Атина на средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. И Грција и Турција имаат очекува од средбата неделава, пишува грчкиот весник Екатимерини. На средбата на Ердоган со Мицотакис ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете земји, како и врвни дипломати. Екатимерини пишува дека е тешко изводливо […]

Оваа година 2.990 Македонци побарале бугарски пасош


  Бугарија ја одржува позицијата да биде мека на странски државјани кои бараат бугарски пасош. Според информациите на министерот за правда, како одговор на пратеничко прашање во 2023 дури 20.817 странци побарале бугарски пасош. Меѓу нив се 2.990 граѓани на Македонија. Генерално, бугарски пасоши бараат граѓани од регионов и од земјите кои се во војна […]

Генерално собрание на ЗЕЛС: Се разговара за блок дотациите во образованието, за децентрализацијата, за пожарникарите


Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, во фокусот меморандумот за соработка со Владата и блок дотациите за основното образование. Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ја одржa петтата седница на Генералното собрание, што е највисоко тело на заедницата. Во фокусот на седницата се потпишувањето меморандум за соработка со Владата и новата формула за […]

Бугарското МВР тврди дека „до моментот нема информации“ оти Палевски е во Бугарија


Бугарското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека „до моментот нема информации дека на бугарска територија“ е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје „Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти МВР на Бугарија, јави БТА. БТА потсетува дека доцна синоќа три лица се приведени во […]

Се очекува пред Кривичен да биде донесен таткото на Вања


 Таткото на Вања Ѓорчевска попладнево се очекува да биде спроведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.  Тој беше на распит синоќа во полициска станица, а денеска на прес-конференција, главниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Габрил Бубевски рече дека посредните докази укажуваат дека организаторите ги добиле информациите од нејзиниот татко […]

Изборите ќе бидат на ист датум, техничката влада на 28 јануари


  По неколку месеци политичко натегање лидерите на парламентарните партии денеска на лидерската средба се согласија дека на 8 мај ќе се одржат двојни избори: вториот круг од претседателските и парламентарните. Тој датум беше единствено можен за да се овозможи парламентарните избори да бидат во нивниот редовен термин, а претседателските да завршат до истекувањето на […]

МВР: Против Љ.П. во изминатите години се поднесени пет кривични и прекршочни пријави


Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, МВР информира дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави […]

Кавадарчанец во бесознание со тешки повреди најден на улица


Седумдесет и четиригодишен кавадарчанец вчера бил пронајден со тешки телесни повреди и во бесознание на улицата „Индустриска“ во Кавадарци, информираа денбеска од СВР Велес. – Во ОВР-Кавадарци вчера било пријавено дека во 15:45 часот на улицата со тешки телесни повреди и во бесознание бил пронајден О.Ш. од Кавадарци. Лицето било пренесено во Општа болница – […]

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието


Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот Скопје, советниците од Општина Карпош расправаа и полноважно одлучуваа по 16 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, мнозинството во Советот ја поддржа Предлог – Одлуката за давање на согласност за спогодбено преземање на административен службеник – овластен просветен […]