Медиумите во регионот за убиството на Вања Ѓорчевска
Медиумите од регионот објавија вести за најновите детали поврзани со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, повикувајќи се на информациите од денешната прес-конференција на министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски.
Сите медиуми во Србија – РТС, РТВ, ТВ Н1, Еуроњус Србија, ТВ Нова, Политика, Танјуг, Данас, Блиц, Курир, порталите, социјалните мрежи, како топ тема, од кои повеќето од час на час соопштуваат за грабнувањето и убиството на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, како голема трагедија која ги потресе граѓаните во регионот, јави дописникот на МИА од Белград.
Повикувајќи се на информациите од прес-конференцијата на министерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски, српските медиуми ги пренесуват „шокантните“ детали за грабнувањето и убиството, апсењето на обвинетите, мотивите и инволвираноста на петмината осомничени во оваа трагедија што ја потресе Македонија.
-Главниот организатор и извршител кој на 27.11.2023 година некаде околу 11.00 часот ја уби малолетничката со пиштол во страв од доказите до кои МВР може да дојде, го извршил ова кривично дело. Ќе сторам се за да го изведам овој монструм пред лицето на правдата штом стапне на наша почва, го наведуваат медиумите министерот Спасовски.
Според медиумите, првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешкиот фризер Панче Жежовски е Љупчо Палевски Палчо које е во бегство заедно со неговиот адвокат, чиј идентитет обвинителот Гаврил Бубевски не можеше да го открие поради истрагата.
-Државата ја напуштил со автомобил и се упатил во Белград. Потоа оттаму отишол следниот ден во Бугарија, а сега полицијата е во траг на Палевски, но Спасовски не сакаше да открие каде се наоѓа, соопштија српските медиуми.
Како што пишува Блиц, Љупчо Палевски неодамна бил приведен во Хрватска, а како што се дознава, пред неколку години бил приведен и во Србија по хрватска потерница. Каконаведува пишува Блиц, тој бил приведен во Белград во 2019 година, кога сакал да се качи на авион за Москва.
Палевски по хрватска потерница бил приведен и бил во екстрадиционен притвор. Според неговиот адвокат Васко Стојков, апсењето е извршено по хрватска потерница, поради долг на неговата фирма во Хрватска од 2.500 евра. Стојков тогаш рече дека тој никогаш не добил покана на адреса во Македонија да се појави пред хрватските правосудни органи.
Медиумите ја наведуваат изјавата на обвинителот Бубевски дека „осомничените кои се во притвор ќе одговараат за опасност од бегство и влијание и најстрога можна мерка. За лицето кое не е во земјата ќе биде распишана меѓународна потерница.
Хрватските медиуми јавија дека не е јасна поврзаноста меѓу убиството на 74-годишникот Панче Жежовски и Вања. Медиумите во Загреб пренесуваат дека ниту еден од семејството на Панче не ја познавал Вања ниту кој било од нејзината фамилија. Тие јавија дека според неофицијални инфомрации во случајот со Вања станува збор за изнуда на пари од нејзините родители додека во сличќајот со Жежовски пари биле од лица со кои бил во роднинска врска. Дел од нив јавија дека Палевски бил приведен во Хрватска. Она што најмногу ги измачува во Македнците е фактот дека исчезнувањето на Вања е пријавена двапати во различно време, наведува Слободна Далмација.
Бугарските медиуми јавија дека извршителот на убиството на В.К. ја напуштил нашата држава со автомобил со својот адвокат и заминал за Белград по што се упатил во Бугарија. Тие пренесуваат детали од утринската прес конференција на министертот за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот Бубевски.
Во нивните извештаи се додава дека таткото на Вања е нарачател на убиството. Во дел од нив се наведува дека осониченито убиец Љупчо Палевски е „еден од директните одговорни за омразата кон Бугарија“.
Медиумите во нашата источна сосед нагласуваат дека државава е потресена од убиството на 14-годишната Вања Ѓрочевска. Целта на киднапирањето на Вања наведуваат тие е изнуда на пари од мајката која била разведена од сопругот, татко на малолетничката. Пренесуваат дека киднаперите откако ги фатило паника одлучиле да го убијат девојчето со пиштол.
Бугарското Министерство за внатрешни работи попладнево објави дека „до моментот нема информации дека на бугарска територија“ е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје
„Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти МВР на Бугарија, јави БТА.
Албанските медиуми, без исклучок, кои и претходно информираа за случвањата околу исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, информираат опширно и за последните случувања.
„Ужас предизвикан од најблиските“, медиумите ги нарекуваат двете убиства што деновиве ја разбрануваа пошироката јавност во регионот, тоа на Лиридона Адемај (32), од Косово, мајка на две деца, чие убиство го нарачал нејзиниот сопруг за 30 илјади евра и која беше егзекутрана пред очите на децата, а во присуство на сопругот, со цел да добе милионски износ на средства од осигурувањето. И за случајот со Вања „никаков паричен интерес не може да го оправда однесувањето на таткото“, пишуваат албанските медуми.
„Исчезнатото девојче во Скопје пронајдено мртво“, „Во грозоморниот чин вмешан и таткото“, „Настан кој ја вознемири јавноста во поширокиот регион заврши трагично“ се дел од насловите на информациите кои ги пренесуваат медиуми.
-Настанот што ја шокираше јавноста во Северна Македонија и пошироко, доби завршница од која многумина стравуваа. Сомнежите на полицијата товари повеќе од 5 лица, од кои тројца веќе се во притвор. Скопското обвинителство соопшти дека на распит е и таткото на убиеното девојче, чија смрт е трагедија за семејството но и нејзините соученици и сите граѓани, наведува Топ чанел.
Медиумите ги пренесуваат и изјавите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, при тоа оценувајќи дека полицијата покажала висока ефикасност во расветлувањето на случајот.
-Полицијата ќе направи се за да се изведе пред лицето на правдата главниот сторител на делото. Станува збор за лицето со иницијали Љ.П од Скопје, надалеку познат како водач на политичката партија „Десна“. Ќе направиме се овој човек или овој монструм штом стапне на нашата земја да биде изведен пред лицето на правдата, рече Спасовски.
Според Спасовски, наведуваат медиумите, мотивот за двете убиства, на девојчето и жител на Велес е од личен интерес.
Медиумите го пренесуваат и целиот тек на грабнувањето на Вања, повикувајќи се на изјавите на македонските надлежни органи.
-Шокантно, трагедија, ужас, исчезнатото 14-годишно девојче во Скопје е пронајдено убиено. Во случајот вмешан и таткото на девојчето, кој помогнал во киднапирањето, а потоа пријавил негово исчезнување. Она што е пролематично е што тој се јавил во 11 часот или час по убистото на девојчето, наведува Ора њуз.
Јавноста е во шок по убиството на 14-годишното девојче, кое пред една недела беше киднапирано пред нејзиниот дом во Скопје, а вчера беше пронајдена мртва на локација надвор од Скопје, во киднапирањето на 14-годишната наводно е вмешан и нејзиниот татко, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, на почетокот од текстот за убиството на Вања, текст кој го презедоа онлајн медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
„Скопје: Мртва 14-годишната која беше киднапирана-се истражува вмешаност на нејзиниот татко“; „Шок од суровото убиство на 14-годишната Вања, која беше киднапирана во Скопје“; „Северна Македонија: Пронајдена мртва 14-годишната, која беше киднапирана во Скопје“; „Скопје: пронајдена мртва 14-годишната – се бара нејзиниот убиец“; „Пронајдена мртва 14-годишна киднапирана во Скопје – се чини дека е вмешан нејзиниот татко“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои ја пренесуваат веста од АНА-МПА.
Грчката новинска агенција, ги пренесува изјавите на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски и ставот дека мотивот за киднапирањето била лична корист, со цел киднаперите да извлечат пари од мајката на 14-годишната, но и дека наводно, добиените информации за девојчето биле од нејзиниот таткото.
-За случајот уапсени се три лица, додека убиецот првично побегнал во Србија, а оттаму во Бугарија и се трага по него. Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска негира вмешаност во киднапирањето на неговата ќерка. Според министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, „мозокот“ на киднапирањето ја убил 14-годишната со пиштол, во страв дека би можел да биде уапсен од полицијата која имаше започнато истрага за киднапирањето, пишува АНА-МПА.
Во опширниот текст додава дека полицијата го знае идентитетот на убиецот, дека станува збор за контроверзен бизнисмен, познат на полицијата од минатото, а е и основач на мала вонпарламентарна националистичка партија.