Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“ во Филхармонија


Камерен концерт на пијано трио „30 прсти“ ќе се одржи вечер во Филхармонија, со почеток во 20 часот. Во Камерната сала ќе свират пијанистите Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски. На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Д. Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков. Марија Вршкова, од […]

Саем на добавувачи во Скопје за поврзување на домашни фирми со компании купувачи во организација на АХК


Бизнис настан SUBEX – Suppliers Balkan Expo денеска и утре ќе се одржи во Скопје во Скопје во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АХК), дел од мрежата на германските стопански комори во странство. Цел на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, електро, ИТ, текстилна, дрвна и […]

Промоција на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски


Со промоција на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски, книгоиздавателството „Матица македонска“ денеска ќе ја одбележи 30-годишнината од физичкото заминување на Блаже Конески. Промоцијата ќе почне во 18 часот, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите – „Св. Климент Охридски“. Промотори ќе бидат универзитетските професори Венко Андоновски и Димитар Пандев, […]

Полски бискуп поднесе оставка поради оргија во дом на свештеник


Полскиот бискуп, во чија епархија имаше скандал поради оргија во дом на свештеник, поднесе оставка, соопшти Ватикан. Во соопштението не се наведува точната причина за оставката на епископот Гжегож Кажак, туку само дека Папата ја прифатил. Епархијата на Кажак во југозападна Полска ја потресе скандал откако во септември во полските медиуми беа објавени извештаи за […]

Ковачевски на отворање на нов објект за форензички испитувања на МВР


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на отворање на нов објект за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи, со почеток во 10:30 часот. Покрај Ковачевски, на настанот обраќања ќе имаат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир. Новата зграда на […]

Унгарскиот парламент го одби предлогот да се гласа за членството на Шведска во НАТО


Унгарскиот парламент синоќа го отфрли предлогот за гласање за кандидатурата на Шведска за влез во НАТО, што дополнително го одложи вклучувањето на оваа нордиска земја во Алијансата. Унгарија е главната пречка за Шведска да влезе во НАТО, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера го поднесе протоколот до турскиот Парламент со кој го одобрува приемот. […]

Конференција за зелена енергија во организација на МАРЕС


 Инаугуративна конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Македонско здружение за енергија од обновливи извори (МАРЕС). На конференцијата е најавено присуството на министерот за економија Крешник Бектеши и на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Во рамки […]

Израелската воена авијација гранатира сириски воени позиции


Израелските одбранбени сили (ИДФ) нападнаа воени позиции во Сирија како одговор на гранатирањето од земјата, соопшти денеска ИДФ. – Пред кратко време, борбени авиони на ИДФ погодија воена инфраструктура и минофрлачи на сириската армија како одговор на вчерашното лансирање кон Израел, соопшти израелската војска на социјалните мрежи. Израел редовно бомбардира цели во соседната Сирија разорена […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно […]

САД се против прекин на огнот меѓу Израел и Хамас


Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е против прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. -Примирјето сега ќе му користи само на Хамас, рече Кирби на прес-конференцијата, но не прецизираше дали и САД се против хуманитарниот прекин на огнот побаран од Обединетите нации, пренесува […]

„Златна лира“ 2023: Концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска


 Во рамки на фестивалот „Златна лира“ вечер концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска. Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба, со почеток во 20 часот. Дуетот ќе настапи со дела од Шуман, Сен-Санс, Лутославски, Ковач, Берксон и Шаловски. Ристо Ѓоревски додипломските и постдипломските студии по кларинет ги завршува на […]

Перуанската полиција заплени над три тони кокаин


Перуанската полиција заплени повеќе од 3 тони кокаин на северот на земјата, јави ДПА. Дрогата требало да биде прошверцувана на север во Централна и Северна Америка, соопшти полицијата и додаде дека вкупно шестмина осомничени од Еквадор и Колумбија се приведени за време на операцијата. Во објава на Националната полиција на Перу на X, се вели […]

УНИЦЕФ соопшти дека во Појасот Газа до сега загинале 2.360 деца


 Детскиот фонд на ОН УНИЦЕФ соопшти дека 2.360 деца загинале во контранападите на Израел во Појасот Газа како одговор на нападите на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел. Хуманитарната организација соопшти дека 5.364 деца се повредени, цитирајќи извештаи без именување извори. Според УНИЦЕФ, се работи за „немилосрдни напади“. Од ненадејните напади на Хамас на […]

Макрон на средба со Абас: Палестинскиот живот вреди исто како израелскиот


Францускиот претседател Емануел Макрон се сретна и со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамалах на окупираниот Западен Брег и изјави дека нападот на Хамас против Израел е исто така „катастрофа за Палестинците“ и дека „ништо нема да може да го оправда страдањето“ на цивилите во Газа. „Животот на Палестинците вреди колку еден француски живот и […]

Историски прв бод за Алкалоид во евро-куповите


Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид го освои првиот бод на меѓународната сцена. Во својот прв натпревар на гостински терен во ЕХФ Европската лига, избраниците на тренерот Кирил Лазаров, вечерва одиграа нерешено, 29:29 против шпанска Логроњо Ла Риоха. Алкалоид во неколку наврати се враќаше по негатива од три и четири голови, за на почетокот на второто полувреме, […]

Зошто Израел бара оставка на генералниот секретар на ОН, Гутереш?


  Амбасадорот на Израел во Обединетите нации повика на оставка на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, откако тој рече дека нападот на Хамас на 7 октомври во кој беа убиени 1.400 луѓе „не се случи во вакуум“. „Важно е да се признае и дека нападите на Хамас не се случија во вакуум“, рече Гутереш […]

Рекордни 125 странци сезонава во НБА лигата


Рекордни 125 кошаркари од 40 земји на шест континенти ќе бидат дел од новата сезона во НБА лигата која почнува вечерва со натпреварот меѓу актуелниот шампион Денвер и Лос Анџелес лејкерс. Ова е трета сезона во серија во која во најсилната кошаркарска лига во светот ќе настапат повеќе од 120 странски играчи и десетта во […]

Повредените при пукањето во „Ист гејт мол“ сѐ уште во животозагрозувачка состојба


Двајцата повредени при денешното пукање во „Ист гејт мол“ сѐ уште се во животозагрозувачка состојба, потврдија за МИА, директорите на болниците каде беа оперирани, директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи. Арсенков појасни дека едното лице е се […]

Зголемен бројот на македонски војници во НАТО операцијата КФОР во Косово


 Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово. Со одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата […]

Институтот „Козле“ прераснува во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата


Владата на денешната седница донесе одлука со која Јавната здравствена установа Институт по белодробни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, прераснува во Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, соопштија вечерва од владината прес-служба. – Со оваа одлука се овозможува проширување на дејноста на оваа здравствена установа преку специјалистичко […]