Саем на добавувачи во Скопје за поврзување на домашни фирми со компании купувачи во организација на АХК


Бизнис настан SUBEX – Suppliers Balkan Expo денеска и утре ќе се одржи во Скопје во Скопје во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АХК), дел од мрежата на германските стопански комори во странство.

Цел на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, електро, ИТ, текстилна, дрвна и прехранбена индустрија со компании купувачи од Германија, Романија, Србија, Албанија и Косово.

На настанот е најавено присуство на министерот за економија, Крешник Бектеши и на директорката на АХК Северна Македонија, Албанија и Косово, Антје Ванделт.