Амбасадорот на Израел во ОН бара Гутереш да поднесе оставка


  Постојаниот претставник на Израел во Обединети нации, Гилад Ердан денеска го повика генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш веднаш да поднесе оставка, нарекувајќи го неподобен да раководи со светската организација. „Генералниот секретар на ОН, кој покажува разбирање за кампањата за масовно убивање на деца, жени и стари лица не е способен да раководи со […]

Владата усвои предлог за преговори за признавање на дипломите од средно образование во Западен Балкан


 Владата на денешната седница го разгледа и усвои Предлогот за поведување на постапка за водење преговори на Договорот за пристап до студии и прием во високо образование во Западен Балкан и Нацрт текстот на Договорот за пристап до студии и прием во високо образование во Западен Балкан кој ќе биде основа за водење на преговорите […]

Antidisinfo.net, нова веб-страница како алатка во борбата против дезинформации


Фондацијата Метаморфозис денеска го најави лансирањето на својата нова веб-страница – Мрежа против дезинформации на Балканот, Antidisinfo.net. Оваа веб-страница е витален ресурс за јавноста, новинарите и креаторите на политики со цел откривање на странското малигно влијание на Западен Балкан преку разоткривање и мапирање на протокот на дезинформации и пропагандата што потекнуваат од надворешните актери низ регионот. […]

Теренот на Арената „Тодор Проески“ добива нов лик


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави денеска дека до крајот на оваа седмица ќе ги заврши започнатите активности за поставување нова, хибридна подлога на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Хибридната трева од најновата генерација е поставена на Националната арена по околу еден месец работа, која опфати отстранување на претходната трева, поставување на […]

Полицијата го бара ова лице за пукањето во „Ист гејт мол“


Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Притоа, ги […]

Австрија: Неколку лица хоспитализирани по користење фалсификуван лек за дијабетес Оземпик


Неколку луѓе во Австрија завршија во болница откако, според првичните претпоставки, користеле фалсификувани верзии на лекот за дијабетес Оземпик од данскиот Ново Нордиск, соопшти денеска австрискиот регулатор за здравствена безбедност во првиот таков извештај, подготвен со цел да се сузбијат фалсификуваните лекови. Пациентите доживеале хипогликемија и напади, кои се сериозни последици што укажуваат на тоа […]

Најголемиот фонд за управување со имот во загуби од 34 милијарди долари 


  Норвешкиот суверен инвестициски фонд со тежина од 1,4 билиони долари, што го прави најголем во светот, денеска пријави загуба од дури 34 милијарди долари во третиот квартал, т.е. 2,1 отсто од неговата вкупна вредност. Државниот пензиски фонд Глобал вторпат во последните две години забележа загуба и за лошиот трет квартал ги обвинува берзите. – […]

Новата цена на парното ќе важи од ноември


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до крајот на месецов ќе донесе одлука за цената на парното греење во Скопје што ќе важи од следниот месец, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Одржавме состанок со трите државни компании на ЕСМ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија кои реферираа како се одвива стартот […]

Француската развојна агенција обезбеди 50 милиони евра за зелени и социјални инвестиции во Македонија


Педесет милиони евра средства наменети за зелени и социјални инвестиции обезбедени од Француската развојна агенција (АФД) ќе бидат достапни преку Развојната банка. Ова претставува старт на работата на оваа Агенција во земјава која ќе придонесе за унапредување на односите помеѓу нашата земја и Франција, како и дополнителен поттик за достигнување на европските стандарди. Ова беше […]

„Амазон“ ќе ја прошири услугата за испорака со дронови на пазарот во Европа


Компанијата „Амазон“ во САД веќе испорачува пакети со помош на дронови, а сега најави проширување и на пазарот во Европа. Минаа 10 години откако технолошкиот гигант ја објави новата услуга што требаше да го револуционизира пазарот за испорака. Според плановите тогаш, „Прајм ер“ услугата за испорака со беспилотни летала, денес веќе требаше да биде достапна во […]

Ненадејно почина шефот на „Лукоил“


Владимир Некрасов, шефот на одборот на директори на „Лукоил“, ненадејно почина на 66-годишна возраст, објавија „Комерсант“ и ТАСС, повикувајќи се на соопштение на руската нафтена компанија.Според првичниот заклучок на лекарите, причина за смртта е акутна срцева слабост. Ова е уште една ненадејна  смрт во врвовите на енергетскиот бизнис на Русија. Владимир Некрасов работеше во индустријата […]

Вучиќ: Со Курти за два до три дена повторно одиме во Брисел


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува за два до три дена повторно да оди во Брисел на разговори со косовскиот премиер, Албин Курти, но дека засега не може да зборува за тоа бидејќи така било договорено, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање во Лесковац дали ќе има […]

Ист Гејт продолжи со работа, пукањето го смета за „изолиран инцидент“


Трговскиот центар Ист Гејт Мол, по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по инцидентот со огнено оружје што се случи денеска во 15 часот, информираат од трговскиот центар. -Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но […]

Костадиновска-Стојчевска во Лондон: Музејот „Ашмолеан“ го промовира нашето културно богатство


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска престојува во работна посета на Лондон каде што ќе присуствува и на настанот по повод одбележувањето на јубилејот – 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство. Во рамките на престојот, Костадиновска-Стојчевска, придружувана од вршителот на работите во македонската амбасада во Лондон, Билјана Глигорова и од […]

„Аџиевски има(ше) најкомпликувана и најнеобична биографија, речиси холивудска“: Реч на Јелена Лужина


Денес, на 97 години, почина доајенот на македонската ликовна уметност, скулпторот Илија Аџиевски. Македонската јавност, лани, во октомври, го виде богатото портретно творештво на Аџиевски на изложба во Даут пашиниот амам, насловен „Портретот во фокус“. Инспиративна реч за монументалното портретно творештво, тогаш, на отварањето на неговата ретроспективна изложба , имаше писателката, и поранешен професор на […]

Сопствениците на земјиштето имаат 30 дена да го отстранат оловниот отпад од Орман


Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски се огласи во однос на лоцирањето на опасната депонија во близина на општината. -Поради новонастанатата ситуација и лоцирањето на новата депонија на територијата на општина Ѓорче Петров, каде беше утврдено дека се депонирале огромни количини на отпад од преработка на акумулатори и батерии кои што не се дозволени за […]

Макрон побара „решително враќање на мировниот процес“ за време на посетата на Израел


  Францускиот претседател Емануел Макрон се обиде да направи деликатен чин за балансирање за време на неговата посета на Израел во вторникот, повикувајќи на повторно активирање на мировниот процес со Палестинците додека вети солидарност со Израел по смртоносните напади на Хамас против Израел. „Безбедноста на Израел не може да биде долготрајна без решително повторно започнување […]

Во Скопје утре конференција посветена на транзицијата кон обновливи извори на енергија


– Во Скопје утре ќе се одржи конференција посветена на транзицијата кон обновливи извори на енергија што ја организира Македонското здружение за обновливи извори на енергија МАРЕС.  – Идејата за асоцијацијата потекнува од една глобална иницијатива којашто е започната одамна, а таа е Транзиција на производителите на електрична енергија од фосилни, односно загадувачи, кон незагадувачи. Таа […]

На 97 години почина Илија Аџиевски, еден од доајените на македонската ликовна уметност


Денес почина доајенот на македонската ликовна уметност, скулпторот Илија Аџиевски на 97 годишна возраст. Роден е  во Струга на 22.12.1926 година. Основно училиште завршил во Струга во 1938. Образованието го продолжил во Дебар во Економското училиште. Во 1942 година се вклучил во младинското движење за отпорот против фашизмот. Во 1946 година се запишал во тогашното […]

Полски параглајдерист повреден кај Трескавец – удрил во карпа


Во понеделникот, во 19,05 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во близина на манастирот „Траскавец“ во прилепско, при удар во карпа се повредил параглајдерист Р.Г.Т.(44) од Р.Полска. Во Итна медицинска помош Прилеп му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во болницата „Систина“- Скопје за понатамошно лекување.