Полски параглајдерист повреден кај Трескавец – удрил во карпа


Во понеделникот, во 19,05 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во близина на манастирот „Траскавец“ во прилепско, при удар во карпа се повредил параглајдерист Р.Г.Т.(44) од Р.Полска.

Во Итна медицинска помош Прилеп му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е пренесен во болницата „Систина“- Скопје за понатамошно лекување.