Ненадејно почина шефот на „Лукоил“
Владимир Некрасов, шефот на одборот на директори на „Лукоил“, ненадејно почина на 66-годишна возраст, објавија „Комерсант“ и ТАСС, повикувајќи се на соопштение на руската нафтена компанија.Според првичниот заклучок на лекарите, причина за смртта е акутна срцева слабост. Ова е уште една ненадејна смрт во врвовите на енергетскиот бизнис на Русија.
Владимир Некрасов работеше во индустријата за нафта и гас речиси 50 години, вклучително и на чело на компанијата „Лукоил-Западен Сибир“. Во 2005 година беше назначен за прв потпретседател на „Лукоил“. Ова е трета смрт на прв човек на Лукоил за година и пол. Претходниот шеф на управата на Лукоил, Равил Маганов (67), почина во септември 2022 година откако падна од прозорецот на болницата во Москва. Маганов службено бил во болница поради долгогодишен проблем со срцето, па паднал од прозорецот на шестиот кат и починал на лице место.Милијардерот Александар Суботин (43), главен менаџер на Лукоил, беше пронајден мртов во мај 2022 година откако посетил шаман. Една од теориите е дека Суботин, кој исто така поседувал бродска компанија, бил отруен за време на сеансата, што потоа предизвикало срцев удар.Неочекувано за многумина, Лукоил јавно зазеде став против инвазијата, а неговиот одбор на директори изрази загриженост за трагичните настани во Украина во изјава од март 2022 година.
Во првите два месеци од руската инвазија на Украина, основачот и претседател на компанијата Вагит Алекперов поднесе оставка од раководството на Лукоил, а нешто подоцна и неговиот заменик Леонид Федун. И двајцата кои решија да се пензионираат се уште се живи.