Тројца поранешни министри на СИРИЗА: Партијата е во сериозна криза


Итно свикување на Политичкиот секретаријат на СИРИЗА и одржување на Конгресот што е можно поскоро, бараат Ефи Ахциоглу, Насос Илиопулос и Алексис Харицис, пратеници од СИРИЗА и поранешни министри, велејќи дека ситуацијата во партијата е сериозна и „сите имаат одговорност за единството, а пред сè раководството на партијата“, јави дописничката на МИА од Атина.  Во […]

Роботаксите на GM повеќе не смеат да возат по улиците на Сан Франциско – закана се


Регулаторите на Калифорнија ја одзедоа лиценцата за услугата роботакси во сопственост на Џенерал Моторс (ГМ), откако открија дека нејзините автомобили без возачи кои неодамна почнаа да превезуваат патници низ Сан Франциско, претставуваат закана. Одделот за моторни возила ја суспендираше услугата на неодредено време само два месеци откако друг државен регулатор, Комисијата за јавни комунални услуги, […]

Концертното пијано „Петроф“ – донација за НОБ е потврда за трајните врски со Чешката Република


Во Националната опера и балет синоќа се одржа пијано-концерт во организација на Амбасадата на Република Чешка, а по повод Националниот ден на оваа пријателска земја. На концертот беше промовиран клавир од прочуената чешка компанија  „Петроф“, како донација, со што се потврдува традиционалната соработка во културата меѓу двете земји. Во присуство на Зузана Петрофова, актуелна сопственичка […]

Амстердам наметнува брутално висока туристичка такса


На посетителите на Амстердам ќе им се наплаќа највисоката туристичка такса во Европа од 2024 година, во обид да се намали хаосот во градот и ефектите од масовниот туризам. Зголемувањето на цените ќе биде до 12,5 отсто, што значи дека просечната цена за ноќевање е 175 евра по лице, додека данокот за престој ќе се […]

Анчелоти: Не ми се допадна што ѝ дозволивме на Брага да постигне гол


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти упати забелешки кон своите фудбалери и покрај победата над Брага (2:1) синоќа во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. – Родриго постепено почнува да постигнува голови и тоа е многу важно за нас. Генерално мислам дека одигравме многу добар натпревар. Не ми се допадна […]

Мигранти минуваат низ Унгарија, а Орбан ја обвинува ЕУ за неуспешна контрола на границите


Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврди дека ја „брани Европа од бранот мигранти“. Сепак, пакувањата од  чоколатца и шишиња вода оставени околу изгорениот камперски оган на границата со соседна Словачка сугерираат дека неговото фалење со „унгарскиот како единствен успешен модел“ не е сосема оправдано. Повеќето соседни земји на ЕУ повторно воспоставија гранични контроли со Унгарија, бидејќи […]

Опасен ураган му се заканува на популарно туристичко одморалиште


Ураганот Отис се движи кон популарното одморалиште Акапулко и се подготвува да стигне на брегот на Мексико во Тихиот Океан како „исклучително опасна“ бура од петта категорија. Отис се очекуваше утрово да дојде до брегот, носејќи силен ветер и обилен дожд. Вчера доцна попладнето веќе беше ураган од четврта категорија, со максимални постојани ветрови од […]

Хамас: Повеќе нема да ослободуваме заложници


 Официјален претставник на Хамас рече дека исламистичката група повеќе нема да ослободува заложници доколку не се дозволи проток на медицински материјали и гориво во Појасот Газа. Во петокот Хамас со посредство на Катар ослободи двајца заложници кои се американски државјани. Исламистичката група држи над 220 заложници, вклучувајќи бебиња и мали деца. „Од хуманитарни причини, безусловно […]

Почина Ричард Раундтри, најпознат по улогата на приватниот детектив Шафт


Американскиот актер, „првиот црн акционен херој“, најпознат по улогата на приватниот детектив Џон Шафт во филмот „Шафт“ од 1971 година и продолженијата „Шафт Биг Скор“ и „Шафт во Африка“, но и по улогите кои се занимаваат со расните односи во Америка, почина во вторникот на 81-годишна возраст, изјави неговиот менаџер за Hollywood Reporter Раундтри почина […]

Финска полиција: Гасоводот во Балтичкото Море најверојатно го оштетил кинески брод додека влечел сидро


Оштетувањето на гасоводот во Балтичкото Море на почетокот на овој месец се верува дека е предизвикано од брод кој влечел големо сидро по морското дно, но рано е да се каже дали се работи за несреќа или намерен чин, соопшти финската полиција. Инспекторите рекоа дека сега го извлекле изгубеното сидро од локацијата на морското дно […]

Инвазијата на Израел во Газа е одложена поради внатрешни поделби и меѓународниот притисок


Израел се уште не почна копнена инвазија врз Газа, и покрај тоа што ја најави, а доцнењето медиумите и експертите го припишуваат на меѓународниот притисок, политичко-воените поделби и загриженоста за заложниците.  Осумнаесет дена по најсмртоносниот напад што некогаш бил извршен врз Израел од страна на палестинското исламистичко движење Хамас, кое владее со Газа, израелската војска […]

Косовскиот министер Свечља вели дека нови групи за напади се обучувале во Србија


Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља вели дека косовските служби поседуваат разузнавачки информации за тоа дека во Србија се обучуваат други групи за можни нови напади врз Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју на КТВ, еден месец по нападот во Бањска, на северот на Косово, Свечља рече дека […]

Јокиќ подобар од Леброн Џејмс: Почна новата сезона во НБА-лигата


 Со два одиграни натпревара ноќта вторник кон среда отворена е сезоната 2023/24 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Почетокот на првенство го одбележа Никола Јокиќ со трипл-дабл во победата на Нагетс над Лос Анџелес лејкерс. Србинот мечот го заврши со 29 поени, 13 скока и 11 асистенции. Во поразениот тим се истакна Леброн […]

Мајк Џонсон е најновиот кандидат за претседател на Претставничкиот дом на Конгресот


Републиканците го избраа конгресменот Мајк Џонсон за свој најнов кандидат за претседател на Претставничкиот дом на САД, неколку часа откако претходниот кандидат Том Емер ненадејно се повлече. Конгресменот Емер се повлече наспроти противењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и некои конгресмени од редовите на Републиканската партија. Џонсон од Луизијана, кој е ниско рангиран член […]

Израел ги отфрли повиците за прекин на огнот


Израел повторно вети дека ќе го уништи Хамас и ги отфрли повиците за прекин на огнот од шефот на ОН, Палестинците и многу други земји на состанокот на високо ниво на Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека војната во Газа не е само нејзина војна, туку „војна за слободниот свет“. Израелскиот министер за надворешни […]

Почна чистење на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со Македонија


Фирмата „Милениум тим“ започна со истражни работи на проектот – чистење од експлозивни остатоци од војната на трасата на гасоводот Лесковац-Врање, кој треба да обезбеди интерконекција со гасоводниот систем на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Официјалниот проект го подготви Центарот за деминирање на Република Србија, чии претставници ќе ги контролираат сите работи […]

Бајден за копнената офанзива во Газа: Израелците сами одлучуваат


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „Израелците сами одлучуваат“ дали и кога ќе ја почнат копнената офанзива на Газа. Тој оваа куса изјава ја даде за време на посетата на австралискиот премиер Ентони Албанесе на Вашингтон, кога беше прашан дали побарал од Израел да ја одложи копнената инвазија. Израел со денови најавуваше дека неговите сили […]

„Реплек“ на престижниот Саем за фармација во Барселона


  Годинава „Реплек АД“ повторно учествува на престижниот Саем за фармација (CPHI) во Барселона, каде има можност да ги унапреди своите позиции на странските пазари и да ја продлабочи соработката со останатите фармацевтски компании од светот. „Нашето учество на Саемот е значајна можност да ги унапредиме веќе постоечките партнерства, како и да ги зацврстиме пазарните […]

Концерт на Дино Имери во Кралскиот колеџ за музика во Лондон


По повод јубилејот – 30 години билатерални односи меѓу Македонија и Велика Британија, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт во Лондон, во Кралскиот колеџ за музика (Royal College of Music). На концертот тој ќе настапи како солист на пијано, но и заедно со хрватскиот пијанист Ведран Јањанин, ќе изведат дела од македонски автори, како […]

Адвокатската комора организира отворен ден за граѓаните по повод Европскиот ден на правдата


Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ) денеска од 10 до 13 часот организира отворен ден за граѓаните, по повод Европскиот ден на правдата, 25 Октомври. На овие средби, како што соопштуваат оттаму, што ќе се одржат во просториите на Комората лоцирани на ул. „Руди Чајевац“, бр.1, лок. 15 во Скопје, граѓаните преку разговор со […]