Мелони се договори со италијанската индустрија за задржување на ниските цени на основните производи


Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека е постигнат договор со домашната индустрија за задржување на ниските цени на основните производи, како што се храната, средствата за лична хигиена и производите за бебињата. Експерименталната програма трае од 1 октомври до 31 декември и вклучува 32 деловни здруженија кои се договориле да ги намалат цените на […]

Блокадата неизбежна? Владата на САД ги известува вработените, речиси 2,5 милиони службеници ќе останат без плата


Владата на САД денеска почна да ги известува федералните службеници дека блокадата на владините служби најверојатно е незибежна со оглед на отпорот што републиканците на Капитол хил го покажуваат да се гласа какви и да било финансирање. -Администрацијата на Бајден е присилена да вплови во формален, методичен процес на подготовка на запирање на работата на […]

Тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година


На 29 септември (петок), во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Ист гејт“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз“ во 2022 година. На настанот ќе бидат промовирани насловите „Писма од лудница“ од Срѓан Ивановиќ, „Мртва коска“ од Димче Парталоски и „Есента во животот на професорот по марксизам“ […]

Принстон станува бесплатен за семејствата на студентите кои заработуваат до 100.000 долари годишно


Принстон, еден од најпрестижните универзитети во САД, најави нова политика за трошоците за студии. Од оваа година „мнозинство од семејствата што заработуват до 100.000 долари годишно нема да плаќаат школарина“ за студии, а финансиска помош можат да добијат и оние со плата поголема од 100.000 долари, соопшти денеска Волстрит журнал. Принстон со оваа промена прави […]

Продолжува бранот насилство во Шведска: Две пукотници и експлозија на бомба, тројца мртви


Шведска го забележа својот најголем број на смртни случаи од пукање овој месец од почетокот на евиденцијата во 2016 година. Две лица загинаа во одвоени престрелки синоќа, со што месечниот вкупен број се искачи на 11. Уште едно лице загина утрово по експлозија на бомба. Земјата беше потресена од смртоносен бран престрелки и експлозии во […]

Неколкумина загинати во вооружен инцидент во Ротердам


Неколку лица загинаа откако напаѓач отвори оган во куќа во холандскиот град Ротердам, а потоа во Универзитетската болница „Еразмус“. По пукањето на двете места изби пожар. Сè уште не е познато колку луѓе загинале, а колку се повредени во вооружениот инцидент. Полицијата соопшти дека уапсила 32-годишен напаѓач. По апсењето на осомничениот, холандската полиција соопшти дека […]

ЕУ денеска го почна процесот за реформи за да може да се проширува


  Европската унија денеска ја помина првата фаза од проектот за реформи на блокот за да може тој да прими нови членки со измена на некои одредби за одлучување, како и финансирањето. На состанокот во јужниот шпански град Мурсија, министрите за европски прашања на ЕУ ги усвоија заклучоците за кои ќе одлучува самиот на европските […]

Џони Деп режира филм за Модиљани


 Џони Деп неодамна почна со снимање на својот нов филм во Будимпешта, Унгарија, во којшто една од главните улоги ќе толкува Ал Пачино.  „Моди“ е вториот долгометражен филм режиран од Џони Деп, а во него ќе глумат и Италијанците актери Луиза Раниери и Рикардо Скамарцио. Приказната го следи италијанскиот уметник Амедео Модиљани (Скамарцио) – сликар […]

Сандалите-еспадрили пронајдени во пештера во Гранада се стари 6.200 години


  Пред речиси 200 години, Хуан Мартин, сопственик на некое земјиште во Албуњол (Гранада), открил пештера недалеку од морето. Тешко за пристап, нејзиниот свод беше полн со лилјаци, а подот беше покриен со гуано. Тоа беше времето на чилеанскиот нитрат, ѓубриво добиено од изметот на птиците во странство. Пештерата на лилјаците стана главен извор на […]

НАТО потпиша рамковни договори за 2,4 милијарди евра за муниција за Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакна дека Алијансата потпишала рамковни договори во висина од 2,4 милијарди евра за муниција за Украина. – Ова ќе им помогне на сојузниците да ги надополнат своите резерви додека продолжуваат да ја снабдуваат Украина, истакна Столтенберг. Тој ја повтори поддршката за Украина, […]

Рајанер укинува голем број есенски летови


 Ирскиот дисконтен авиопревозник  најави дека значително ќе го намали бројот на летови оваа есен поради доцнење на нарачаните авиони Боинг. Рајанер во соопштение наведува дека очекувал испорака на 27 авиони Боинг во периодот меѓу септември и декември. Но, поради доцнење на производството во објектот Spirit Fuselage во Вичита, Канзас и доцнење во поправките и испораките […]

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт


  Сеавус официјално се ребрендира и ќе работи под името Киншифт (Qinshift). Оваа значајна промена е дел од најавената трансформација на технолошкиот столб на KKCG Групацијата, која на почетокот на летото објави дека ќе работи под два главни бренда, за да ја утврди својата позиција како меѓународен лидер во областа на информатичката технологија (ИТ). Компаниите […]

Чии бакнежи на чии кошули: Нова „драма“ во Собранието


  Дали вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната собраниска седница ѝ испраќал воздушни бакнежи на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, како што жестоко тврди таа, не успеа да се дознае затоа што телевизиските камери не го покажаа тој момент, ако се случил. За време на процедуралното обраќање на Стојаноска, откако министерката за труд […]

Еве за кои производи се намалени увозните давачки, познати и производите со повластена стапка на ДДВ


Владата денеска донесе повеќе одлуки со кои се намалуваат увозните даваќки или се допрецизираат вече донесени одлуки насочени за заштита на животниот стандард на граѓаните и со кои треба да се придонесе за намалувања на цените на зеленчук и овошје, ориз, јужно овошје; најниска повластена даночна стапка за основните прехранбени прозводи Така, со Одлуката за […]

Цената на нафтата Брент е највисока во последната година


Цената на нафтата Брент денеска достигна цена од 97,56 долари за барел, што е највисока во последната година. Како што објави Си-Ен-Би-Си, главната причина за овој раст е загриженоста за падот на залихите на нафта во САД. Залихите на сурова нафта во Кушинг, Оклахома паднаа на 22 милиони барели во четвртата недела од септември, блиску […]

Под клуч ставени уште пет маркети кои не ги продавале артиклите по „гарантирана цена“


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) синоќа казнил и пломбирал уште пет маркети ширум земјава кои не ја испочитувале одлуката за ограничување на цените на дел од прехранбените производи за кои Владата одлучи дека ќе се продаваат по „гарантирана цена“ до 30 ноември. За ова на својот профил на Фејсбук информира првиот човек на Пазарен, Горан Трајковски. […]

Богоев: Работиме на побрзи процедури за царинење и олеснување на трговијата


Царинската управа работи на конкретни мерки и активности што ќе резултираат со скратено време на завршување на процесите за царинење и помали трошоци за компаниите. Секој ќе има придобивки од овие политики, бидејќи се клучни за генерирање повисок и одржлив економски раст. Ова го истакна директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, на настан по повод […]

За следната година обезбедени нови 5.000 дозволи за транспортерите


  Министерот Благој Бочварски на традиционалната средба со превозниците, во организација на Асоцијацијата Макам Транс информираше за напорите кои се прават со цел обезбедување на дополнителни транспортни дозволи со кои се нудат дополнителни можности за македонските транспортни компании. „Од наредната 2024 година Северна Македонија како полноправна членка на Организацијата за црноморска економска соработка за нашите […]

Лога ја обвини заменичката за правда за лажен исказ


Министерот за правда, Кренар Лога е дециден дека измените на Кривичниот законик не ги поготвувала работната група составена од академици, обвинители, судии, туку дека ги подготвувала неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ. Според Лога одговорноста е на пратениците кои ги изгласале овие измени, а заменичката ги потпишала додека тој бил во странство. За одговорот кој беше лиферуван […]

Скопје ќе биде достојна и впечатлива европска престолнина на културата


Бенефитот од изборот на Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“ ќе го имаат сите граѓани на Скопје, затоа што претставува одлична можност за соработка и комуникација меѓу регионите и европските држави. При тоа во Скопје активно ќе соработуваат двата града од Чешка и од Франција, а блиска соработка ќе има и со […]