Претставничкиот дом на Конгресот усвои нацрт-закони за финансирање на министерствата за одбрана и за внатрешна безбедност


Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон за финансирање на Министерството за одбрана, јавија британските медиуми, забележувајќи дека тоа се случи откако претседателот на Долниот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, го отстрани финансирањето за Украина, на барање на тврдокорните членови на неговата Републиканска партија. Претставничкиот дом на САД, исто така, усвои нацрт-закон за финансирање на […]

Њујорк Тајмс: Сослушани клучните соработници на Бајден во истрагата за чување доверливи документи


Специјалниот обвинител Роберт Хур ги испрашал клучните соработници на американскиот претседател Џо Бајден, вклучително и советникот за национална безбедност Џејк Саливан и поранешниот шеф на кабинет на Белата куќа, Рон Клајн, во предметот во кој се истражува начинот на кој претседателот постапувал со доверливи документи, јави весникот„Њујорк Тајмс“. Весникот наведува дека за тоа како владините […]

Инфлацијата во фокусот на меѓународната конференција на НБ и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс


„Повторното актуализирање на инфлацијата и новата геополитичка реалност во прилог на преосмислувањето на макроекономската политика“ е темата на Деветтата меѓународна истражувачка конференција, којашто Народната банка годинава ја организира во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ). Конференцијата, со поздравни обраќања, ќе ја отворат претседателот Стево Пендаровски и челните претставници на институциите-организатори, гувернерката Анита […]

Судот го отфрли барањето на Трамп да се одложи судењето по обвиненијата за измама


Апелацискиот суд во Њујорк го одби барањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се одложи судењето по обвинението, во кое се тврди дека давал лажни информации за вредноста на својот имот. Укинат е и налогот ма еден од судиите, Дејвид Фридман, донесен на 14 септември, да не се објави почеток на рочиштето, додека се […]

Во Куманово почнуваат меѓународните саеми „Органска Трпеза“ 2023 и „АгроМак“ 2023


Во Спортско рекреативниот комплекс во Куманово денеска ќе бидат отворени шестиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска Трпеза“ и вториот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак“. На саемот активно учество ќе земат околу 10.000 луѓе од кои 250 до 300 излагачи од Северна Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Република Српска, […]

Повеќе од 84.000 луѓе се преселија во Ерменија од Нагорно Карабах


Повеќе од 84.000 луѓе го напуштија Нагорно Карабах и пристигнаа во Ерменија до утринава, соопшти ерменската влада. „До утринава до 6 часот, во Ерменија влегле вкупно 84.770 раселени лица од Нагорно Карабах“, се вели во соопштението на владината служба. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан верува дека за неколку дена во Нагорно-Карабах нема да има  Ерменци. „Анализите […]

Прво конгресно сослушување во истрагата за импичмент на Бајден, фокусот на бизнисот на неговиот син Хантер


 Претставничкиот дом на САД, предводен од републиканците, го одржа првото сослушување во истрагата за отповикување на демократскиот претседател Џо Бајден, помалку од три дена пред се поизвесното делумно затворање на владата, доколку не се постигне двопартиски договор за буџетот.  Републиканците, кои ја водат истрагата за импичмент против Бајден, доставија детали за странските исплати на членовите […]

Отворање на изложба „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска


Во Галеријата „КО-РА“- (салон сутерен) во Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје вечер ќе биде отворена изложбата насловена „Пејзаж на тишината“ од авторот Маја Николовска, во рамки на кандидатурата на Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата 2028 година. Проектот е поддржан  од  Град Скопје и од Дом на култура „Кочо Рацин “ – […]

Во Охрид „ИТ Денови на кариера“


Во Охрид денеска и утре ќе се одржи на вториот настан „ИТ Денови на кариера-Охрид“, чија цел е да ги поврзе локалните ИТ таленти со водечките компании во ИТ индустријата во Македонија. Најавено е учество на 12 компании и две презентации. Денеска презентација „Како да бидете фриленсер“ и во сабота презентација од Сеавус. Тимот на […]

Во Новаци ќе биде отворена фотоволтаична централа, нова домашна инвестиција


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на свеченото отворање на фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци”, нова домашна инвестиција, во Општина Новаци. Како што најавија од владината прес-служба, на настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фамир Битиќи, министерите за економија и за транспорт и врски, Крешник Бектеши и Благој […]

Со проекција на „Лена и Владимир“ завршува фестивалот „Браќа Манаки“


Со проекција на македонскиот игран филм „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов, проект во кој кинематографер е Душан Кардалевски, вечер во Битола завршува 44 издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Според востановената традиција, пред доделување на фестивалските награди за најдобрите кинематографери за кои одлучуваат неколку жири комисии, на сцената во […]

Сончево со умерена облачност, во Скопје со слаб до умерен ветер


 Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје, сончево […]

Составот на Анкетната комисија за случајот Онкологија на комисиска расправа


 Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија. Утврдување предлог-одлука за избор на претседател, членови и нивни заменици на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, е единствената точка по која ќе дискутираат членовите на Комисијата за […]

Собранието ќе ја одржи 126 седница


Во Собранието на Северна Македонија денеска треба да продолжи 126. пленарна седница. На дневен ред како неразгледани точки останати се ратификации, како и измените на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Предлог-измените на Законот за здравствена заштита. Пратениците ќе треба да ги разгледаат и Предлог одлуката за распределба на средства […]

Повеќе од 2.500 мигранти загинале или се исчезнати во Средоземно Море во 2023 година


Од почетокот на годината над 2.500 мигранти загинаа или исчезнаа обидувајќи се да го преминат Медитеранот на пат кон Европа, изјави претставник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци. -До 24 септември, над 2.500 лица се евидентирани како мртви или исчезнати годинава. Овој број претставува зголемување за две третини, во споредба со 1.680 лица за […]

Сите за… една цел: СДСМ објави фотографии дека нема поделби, заедно со Заев


  Изгледа дека Фејсбук објавата на пратеникот Мартин Костовски пред некој ден за обединување во СДСМ била подготовка за она што требаше да биде претставено вечерва.  Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва објави три фотографии и текст преку кој соопштува дека партијата е обединета, дека поранешниот лидер Зоран Заев е тука да му даде поддршка […]

Швајцарските глечери изгубија 10% волумен за две години: „Ова е катастрофа“


Глечерите во Швајцарија ја претрпеа својата втора најлоша стапка на топење оваа година, по рекордните загуби во 2022 година, намалувајќи го нивниот вкупен волумен за 10% во изминатите две години, соопшти мониторинг телото ГЛАМОС. Топењето на глечерите во Швајцарија за време на третото најтопло лето во земјата досега значи дека тие изгубиле мраз за две […]

САД се најголем снабдувач на Франција со гас и нафта


 САД се најголем снабдувач на гас во Франција во 2022 година, пред Норвешка и Русија, покажуваат денеска објавените официјални француски податоци. Пред војната во Украина, Франција повеќе од 15 проценти од потребите за природен гас ги увезуваше од Русија. Со оглед на големото  зголемување на цените и тензиите поврзани со снабдувањето со енергија предизвикани од […]

Екстремен страв повторно ги прогонува пазарите. Еве зошто инвеститорите се исплашени


Инвеститорите се навистина нервозни во моментов. Индексот на страв и алчност на Си-Ен-Ен, кој следи седум индикатори за расположението на пазарот во Соединетите држави, се претвори во „екстремен страв“ во четвртокот за прв пат од март, кога банкарската криза сееше паника меѓу инвеститорите. Денес тоа е болна мешавина на раст на цените на нафтата, очекувања за […]

Ковачевски најавува амандмани ако постои можност да бидат амнестирани од „Монструм“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање рече дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман доколку постои можност да се амнестираат осудени лица од убиството кај Смилковското Езеро.  – Штом законот влезе во собраниска процедура, доколку има такви случаи кои ги наведувате, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе амандман со […]