Нетанјаху ќе се сретне и со Маск за време на посетата на САД


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со технолошкиот милијардер Илон Маск за време на посетата на САД следната недела, пренесе ДПА. Средбата е закажана за понеделник, соопшти кабинетот на Нетанјаху. Маск неодамна беше обвинет за антисемитизам откако ги нападна финансиерот и преживеан од Холокаустот Џорџ Сорос и еврејската организација Лига против дефамација (ADL) со […]

Зеленски ќе го посети Вашингтон по Генералното собрание на ОН


Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да го посети Вашингтон по неговиот планиран говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, пренесе ДПА. За наредната недела планирани се средба со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа и разговори со членовите на Конгресот во Капитол, информираа „Вашингтон пост“, Блумберг и Си-Ен-Ен, повикувајќи се на владини […]

„Гугл“ ќе плати 93 милиони долари заради користење податоци за локација без согласност


Технолошката компанија „Гугл“ со седиште во САД се договори за 93 милиони долари со американската сојузна држава Калифорнија, решавајќи ги наводите дека компанијата користела податоци за локацијата без согласност, прекршувајќи ги законите за заштита на потрошувачите во Калифорнија. Спогодбата следи по повеќегодишната истрага на Министерството за правда на Калифорнија, кое откри дека технолошкиот гигант ги […]

Предлог-одлуката за основање анкетна комисија за случајот Онкологија пред Комисијата за политички систем


Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе расправа за Предлог – одлука за основање на анкетна комисија за случајот Онкологија по информациите за злоупотреби со биолошката терапија за онколошките пациенти на ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија за што веќе има отворено истрага. Формирањето на анкетната комисија е со потписи […]

Саем на мед и пчеларска опрема „Слатки денови на Тетово“


 Саем за презентација и продажба на мед и пчеларска опрема ќе се одржи денеска и утре на градскиот плоштад во Тетово. Манифестацијата е насловена „Слатки денови на Тетово“, а ја организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“.   -Оваа манифестација„Слатки денови на Тетово“,  е петта по ред. Повеќе десетици пчеларите кои се членови на здруженијата […]

Промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков


Романот „Мина“ на Игор Анѓелков ќе биде промовиран вечер со почеток од 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“, соопшти издавачката куќа „Или-или“. – Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Максим Ристески, кои низ разговор со авторот ќе се обидат да дојдат до суштината на ова дело, кое беше објавено во мај, како 222 издание во едицијата […]

Украинските власти наредија евакуација на цивилите од областа Херсон


Украинските власти наредија задолжителна евакуација на цивилите во јужниот регион Херсон, чиј дел е контролиран од руските сили и редовно е цел на напади. – Советот за одбрана во регионот Херсон донесе одлука за задолжителна евакуација на семејствата со деца од населените места под постојан непријателски оган, соопшти на Телеграм Олександр Прокудин, шеф на регионалната […]

„Соларен саем“ за обновливи извори на енергија во Скопје


Од денеска до 17 септември, во организација на „Македонската Соларна Асоцијација“ и Скопје Сити Мол ќе се одржува „Соларен Саем“. Со учество на преку 20-тина компании, на 24 резервирани локации, на приземјето во Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најновите технологии од соларниот сектор. На саемот ќе бидат присутни производители и […]

ОН: Стотици илјади луѓе погодени од катастрофата во Либија


Стотици илјади луѓе имаат потреба од итна помош по разорните поплави во Либија, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА). Агенцијата во апелот повика на итна помош од 71,4 милиони американски долари „за да се задоволат најитните потреби на 250.000 луѓе од вкупно 884.000 што се очекува да им биде потребна помош […]

Ким Џонг-ун пристигна во рускиот град Комсомолск на Амур


Ким Џонг-ун пристигна со воз во градот Комсомолск на Амур, јавија руски медиуми, прецизирајќи дека севернокорејскиот лидер отишол во фабриката за авиони во градот. Ким на градската железничка станица бил пречекан со црвен тепих од гувернерот на областа Хабаровск и други официјални лица. Потоа отишол во воздухопловната фабрика „Јуриј Гагарин“, која ги произведува најнапредните руски […]

Одбележување на Денот за пензиска свесност – 15 септември


Во рамки на својата мисија да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го одбележува 15 септември – Денот за пензиска свесност со низа активности користејќи ги електронските комуникациски алатки […]

Почнува 7. фестивал „АртАреа/Артериа #7“


Седмото издание на книжевно – мултимедијалниот фестивал АртАреа/Артерија почнува денеска.  Оваа година по повод 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, фестивалот е фокусиран на градот Скопје и ќе се одржува на две локации – МКЦ и Буква. -Во тек на трите фестивалски денови ќе има три настани во секој од нив. Ќе имаме прилика да бидеме дел од […]

Денови на германскиот филм


Со црната комедија-драма „Следната врата“ во режија на германскиот актер Даниел Брил, вечер во Кинотеката во Скопје ќе бидат отворени Деновите на германскиот филм. Деновите на германскиот филм ги организира Германската амбасада, заедно со Кинотеката, Центарот за балканска соработка „Лоја“ во Тетово, Домот на култура во Кавадарци и Европска куќа во Струмица и Крива Паланка. […]

Ковачевски, Бесими и Хан го отвораат третиот Скопски економски и финансиски форум


Третиот Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ) почнува денеска, а темата е „Европа – ДА, Европа – СЕГА“. Форумот ќе го отворат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими и еврокомесарот за буџет Јоханес Хан. На СЕФФ, кој е во организација на Министерството за финансии, ќе се одржат четири панел-дискусии: „Забрзување на европската и […]

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне наместа пороен дожд со грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен, а во североисточните делови од северозападен правец. Од пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе […]

Анкета: 66 отсто од Грците сметаат дека земјата оди во погрешна насока


Шест од десет Грци, односно 61 отсто имаат негативен впечаток за Владата, додека пак 66 проценти сметаат дека земјата оди во погрешна насока, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Metron Analysis“ за телевизијата „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина. На претходната анкета спроведена пред помалку од два месеци […]

ЕК: Ерозијата на демократијата и човековите права е реалност


Демократијата ги трансформираше и подобри општествата ширум светот, но сепак ерозијата на демократијата и човековите права е реалност која никого не поштедува, се наведува во заедничка изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарката за демократија и демографија Дубравка Шуица по повод Меѓународен ден на демократијата – 15 […]

Синот на Бајден, Хантер, обвинет за оружје


  Американските федералните обвинители во четвртокот го обвинија Хантер Бајден за оружје, откако договорот за признавање вина со синот на претседателот пропадна во јули. Судскиот поднесок во американскиот окружен суд во Делавер тврди дека Бајден (53) незаконски набавил и поседувал револвер „колт“ во октомври 2018 година, откако лажно изјавил дека не бил корисник или зависник […]

Месо, овошје и зеленчук: Како да препознаете свежа храна во супермаркет?


Купувањето намирници во големи количини може да биде тешко. Ако купувате месо, овошје или зеленчук, многу е важно да знаете дали се навистина свежи како што се претставени во супермаркетите. За да избегнете расипана храна и да го изберете најдоброто што се нуди на полиците, важно е да не купувате храна пред внимателно да ја […]

Мелони: Легалната миграција нема да ја реши европската демографска криза


Извесна легална миграција може да придонесе за европските економии, но миграцијата не е решение за демографската криза на континентот, изјави во Будимпешта италијанскиот премиер Џорџа Мелони. Таа зборуваше на демографскиот самит во Будимпешта, чиј домаќин беше унгарскиот десничарски националистички премиер Виктор Орбан, долгогодишен политички пријател на Мелони, пренесува Ројтерс. „Мислам дека квотата за легална миграција […]