Синот на Бајден, Хантер, обвинет за оружје
Во поднесокот во судот пишува дека синот на претседателот нелегално набавил оружје лажно тврдејќи дека не бил корисник на дрога
Американските федералните обвинители во четвртокот го обвинија Хантер Бајден за оружје, откако договорот за признавање вина со синот на претседателот пропадна во јули.
Судскиот поднесок во американскиот окружен суд во Делавер тврди дека Бајден (53) незаконски набавил и поседувал револвер „колт“ во октомври 2018 година, откако лажно изјавил дека не бил корисник или зависник од наркотични дроги.
Ова е прв пат син на актуелен американски претседател да биде обвинет по федерални кривични пријави. Нему му се заканува затворска казна до 10 години за секоја од двете точки од обвинението за давање лажни изјави на дилер на оружје од Делавер кој му го продал пиштолот, и пет за тоа што го поседувал како некој со зависност од дрога.
Тоа, исто така, има значајни политички импликации по најавата во вторникот на претседателот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, дека републиканците треба да започнат истрага за импичмент на Џо Бајден за деловни зделки со неговиот син.
Три комисии на Домот ќе бараат банкарски документи и други документи во обид да ги докажат досега неоснованите тврдења дека претседателот незаконски профитирал од деловниот однос со неговиот син.
Неочекуваното обвинение во четвртокот беше поднесено од Дејвид Вајс, назначен од Доналд Трамп за американски обвинител за Делавер, кој беше именуван од државниот обвинител Мерик Гарланд, како специјален советник минатиот месец по пропаѓањето на договорот за вина.
Адвокатите на Бајден минатиот месец рекоа дека очекуваат дека обвиненијата за кривично дело оружје ќе бидат отфрлени во замена за тој да ги почитува условите од договорот за пренасочување, што тие го сметаа за одвоени од даночните прашања и затоа сè уште се валидни.
Белата куќа, во согласност со својот долгогодишен став, ги упати прашањата на новинарите до Министерството за правда и приватните адвокати на Хантер Бајден.
Вајс водеше петгодишна истрага против Бајден пред да биде именуван за специјален советник, и во јули поднесе договор за завршување на случајот на окружната судијка на САД, Мерилен Нореика, назначена од Трамп. Вклучуваше две години условна казна во замена Бајден да се изјасни за виновен за даночно затајување и пренасочување пред судење за обвиненијата за оружје.