АРМ вработува војници


Министерството за одбрана денеска објави оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава. Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се следни: – да се државјани на Република Северна Македонија; – да се полнолетни; […]

МОН: Документи за продолжување на ученичките стипендии се поднесуваат електронски и заклучно со 30 септември


Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, заклучно со 30 септември потребно е преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да достават потврда за редовен ученик во учебната 2023-2024 година и свидетелство од претходната учебна година. Учениците кои нема да постапат […]

УНЕСКО: Венеција вон листата на загрозено културно наследство


Организација за образование, наука и култура на Обединетите Нации – УНЕСКО одлучи да не ја вклучи Венеција и нејзината лагуна на листата загрозени места на светското наследство – спротивно на очекуваното. Комитетот на УНЕСКО ја донесе одлуката вчера на тековниот состанок во Ријад, Саудиска Арабија. Сепак, Комитетот ја повтори својата загриженост за правилно зачувување на […]

Единствениот авион направен во Македонија „Илинденка“ се врати дома


Првата македонска високо-способна возухопловна едрилица од стандардна класа „Илинденка“, произведена од „20 Мај“ од Скопје се врати во земјава и ќе биде изложена за време на аеромитингот по повод 100 години македонска авијација во сабота на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје. Проектант и конструктор на едрилицата бил инженерот Мирослав Илиќ, а таа за прв пат […]

Реконструкција на локалниот пат Илинден – Хиподром


 Општина Илинден денеска во рамки на проектот за Реконструкција на локалните патишта и улици, почна со реконструкција на коловозот на најоштетениот дел од локалниот пат Илинден-Хиподром, Како што информираат од Општина Илинден, увид на градежните работи на терен и динамиката на активностите изврши градоначалникот на Општината, Александар Георгиевски каде што тој се запозна со активностите […]

Врвот на модерното живеење: 4 степени во Аеродром од Golden Art


Голден Арт, познатото име на градежниот сектор во Македонија, ве кани да истражите два извонредни проекти: 4 Степени во Аеродром и КАРЕДО комплексот во Карпош. Совршено лоцирани, овие комплекси нудат близина до сите потребни услуги додека поставуваат нови стандарди во дизајнот и квалитетот кој 18 години го краси Golden Art.  „76м2: олицетворение на просторот и […]

Се појави игра „Јади паризер!“ – инспирирана од Вучиќ


„Јади паризер“ е многу едноставна игра – целта е да се стават само леб, паризер и јогурт во корпа што се движи лево-десно, притоа избегнувајќи месо и друга храна. Ги користи изјавите на Вучиќ од прес-конференциите, па кога ќе изгубите, можете да го слушнете гласот на претседателот кој вели: „Ајде сине, те молам исклучи го […]

Бесими: Земјите од Западен Балкан да се стават на брзиот пат кон ЕУ


Денеска, на Меѓународниот ден на демократијата, се фокусираме на ЕУ интеграцијата, на итноста земјите од Западен Балкан да се стават на брзиот пат кон ЕУ. Во изминатите две децении се соочивме со многу искушенија кои ја нарушија довербата на дел од јавноста дека европската агенда еден ден ќе стане реалност. Но, најтемниот час е пред […]

Грција: Повеќе од 200.000 животни угинаа по бурата Даниел


Повеќе од 200.000 мртви животни се пријавени во Грчката организација за земјоделско осигурување (ЕЛГА) во Тесалија, централна Грција, изјави министерот за рурален развој и храна, Лефтерис Авгенакис. Зборувајќи од Центарот за координација на кризи во Лариса, Авгенакис рече дека досега се пријавени за угинати 61.786 овци и кози, 19.355 свињи, 5.306 говеда и 123.810 птици. […]

Македонското сирење на фестивалот на природните сирења во Бра, Италија


Македонското сирење и млечни производи ќе бидат дел од „Cheese“, најголемиот и најважниот меѓународен настан, светски фестивал посветен на природни сирења, занаетчиски млечни производи што во организација на мрежата „Слоу Фуд“ од денеска се одржува во италијанскиот град Бра. Годинешната прослава на сирење и млечни производи на едно место ќе собере мајстори за сирење, сточари, […]

Спасовски за Oнкологија: Важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно


За случувањата во Клиниката за онкологија, важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за неделникот „Фокус“. Во врска со истрагата и обезбедените докази, Спасовски нагласи дека прво сака да потенцира оти на самата помисла за сè она […]

(Во живо): Обраќања на Ковачевски и Бесими на третиот Скопски економски и финансиски форум


Третиот Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ) почнува денеска, а темата е „Европа – ДА, Европа – СЕГА“. Форумот ќе го отворат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими и еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.  

БиХ има подобар затвор, ЕУ издвоила 11 милиони евра – Лога повика да го следиме нивниот пример


Министерот за правда Кренар Лога, два дена е во посета на затвори – прво ги посети македонските, од каде објави фотографии кои ја згрозија јавноста, а денеска од новиот затовр во Босина и Херцеговина, изграден од пари од ЕУ. Министерот за правда Кренар Лога за време на работната посета на БиХ го посети најсовремениот затвор […]

Вечерва почнува „Звукот на Скопје“ – „Фолтин“ на плоштад,


Вечерва, на сцените на плоштадот „Мајка Тереза“ и паркот „Ибни Пајко“ ќе се одржи уште едно издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ „Звукот на Скопје“ е нов, летен, open air фестивал, кој прераснува во ново скопско музичко жариште и е во организација на Културно информартивен центар. Во рамките на овој фестивал, на голема сцена ќе […]

Општината им давала земјишта на младите да живеат – никнале вили со базени


Земјиште во близина на морето во Хрватска, за евро и пол по квадрат – 900 квадратни метри по за 1.500 евра! Ова беа цените на земјиштето во Сукошан што требаше да им помогне на младите семејства да го решат станбеното прашање. Но, наместо семејни куќи, за туризам никнаа вили со базени. И ова трае веќе […]

МОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк


Студентите од втора и повисоките години на студии кои аплицирале и ги исполниле условите за субвенциониран студентски оброк, за што добиле потврда од Министерството за образование и наука, заради остварување на правото, како следен чекор имаат обврска задолжително да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурираат своите податоци на […]

Извештај за НЛО на НАСА: Што научивме од студијата за неидентификувани аномални феномени


Истражувањето на НАСА за стотици забележани НЛО откри дека нема докази дека вонземјаните стојат зад необјаснетите феномени, но вселенската агенција исто така не можеше да ја исклучи таа можност. Ако вистината е таму некаде, овој долгоочекуван извештај не нуди убедливи докази. Но, наведува како НАСА ќе ги истражи, како што ги нарекува UAPs (неидентификувани аномални […]

Еве колку во Хрватска ќе изнесуваат максималните цени на млекото, оризот, компирот, месото…


Хрватската влада ги ограничи цените на вкупно 30 производи, со важност од понеделник, 18 септември. За сончогледово масло, млеко, брашно, шеќер, пилешко, мелено свинско месо остануваат ограничувањата од претходните мерки, јавија хрватските медиуми. Меѓу новите производи со ограничени цени се и јогуртот во чаша и шише – 40 центи; полутврдо гауда сирење за сечење 6,49 евра; […]

Ќе има ли амнестија за Катица Јанева?


Измените на Кривичниот законик, но и новиот Закон за амнестија се надеж за сите затвореници дека ќе излезат побрзо од казнено-поправните институции. Меѓу нив е и ексобвинителката Катица Јанева која е осудена за злоупотреба на службена положба и овластување. Според проценките за ефектите од евентуалното усвојување на Законот за амнестија и за измените на Кривичниот […]