Еве колку во Хрватска ќе изнесуваат максималните цени на млекото, оризот, компирот, месото…


Хрватската влада ги ограничи цените на вкупно 30 производи, со важност од понеделник, 18 септември. За сончогледово масло, млеко, брашно, шеќер, пилешко, мелено свинско месо остануваат ограничувањата од претходните мерки, јавија хрватските медиуми.

Меѓу новите производи со ограничени цени се и јогуртот во чаша и шише – 40 центи; полутврдо гауда сирење за сечење 6,49 евра; ориз 2,29 евра за килограм; половина килограм шпагети 1,09 евра; свежи јајца класа М 2,45 евра; свински врат без коски 5,49 евра; говедски врат со коска 6,99 евра; пилешки или мисиркини виршли 2,69 евра; компири 5 килограми 3,99 евра, моркови 0,89 евра итн.

Комплетна кошница производи чии цени сега се ограничени ќе чинеше 99,68 евра на крајот на минатата година, а 76,19 евра по новите цени, што е за 23,57 отсто помалку, со заштеда од 23,49 евра, изјави премиерот Андреј Пленковиќ. 

Сите овие производи ќе бидат означени дека се со ограничена цена за да бидат видливи за потрошувачите.

Најмногу поевтинија оризот и тоалетната хартија.

Ова се новите максимални цени (во евра):

– јогурт 0,49
– Гауда сирење 6,49
– ориз 2,29
– шпагети 1.09
– свежи јајца 2,45
– свински врат 5,49
– говедски врат 6,99
– пилешки или мисиркини виршли 2,69
– хамбургер 6,99
– компири (5 кг) 3,99
– морков 0,89
– шарен грав 1,99
– пасиран домат 1,09
– лимон 1,49
– јаболко гала 1.39
– млечно чоколадо 1,29
– сируп со шеќер 2,99
– паста за заби 2,99
– гел за туширање 2,99
– шампон 3,49
– тоалетна хартија 2.99
– хигиенски салфетки 0,25
– пелени 0,30

 

Инаку, беа презентирани и пакет мерки кои ќе стапат на сила од 1 октомври и ќе траат до крајот на март се во вредност од 644 милиони евра. Тие што се на сила вредат 581 милион евра.

„Првата цел е да се задржи цената на енергијата ниска, а оваа мерка е вредна 288 милиони евра. Просекот на ЕУ е 141 евро за мегават час, најскап е Даблин. Загреб заедно со Будимпешта е најевтин по струја Цената за домаќинствата останува иста, но прагот се зголемува од 2.500 на 3.000 kWs. Тоа значи дека нашите домаќинства можат да трошат повеќе електрична енергија по поповолна цена. Оваа мерка се однесува на 2,2 милиони мерни места и чини 102 милиони евра“ објасни премиерот Андреј Пленковиќ.

Владата ќе продолжи да ја кофинансира електричната енергија за јавниот сектор. Опфатени се речиси 120 илјади корисници. Мерката чини околу 100 милиони евра.

Цената на струјата за малите и средни претпријатија ќе се субвенционира како и досега, а мерката е 86 милиони евра.