Грција: Повеќе од 200.000 животни угинаа по бурата Даниел


Фото: Авгенакис на Х

Повеќе од 200.000 мртви животни се пријавени во Грчката организација за земјоделско осигурување (ЕЛГА) во Тесалија, централна Грција, изјави министерот за рурален развој и храна, Лефтерис Авгенакис.

Зборувајќи од Центарот за координација на кризи во Лариса, Авгенакис рече дека досега се пријавени за угинати 61.786 овци и кози, 19.355 свињи, 5.306 говеда и 123.810 птици.

Како што јави Екатимерини, според Авгенакис, тешко се пристапува до сточарските единици, поради што има проблеми во собирањето и справувањето со угинатите животни.

Авгенакис изјави дека „справувањето со прашања во врска со јавното здравје е одговорност на сите нас“, охрабрувајќи ги поединците да преземат мерки за да се обидат да ги избегнат здравствените опасности.