Општината им давала земјишта на младите да живеат – никнале вили со базени


Земјиште во близина на морето во Хрватска, за евро и пол по квадрат – 900 квадратни метри по за 1.500 евра! Ова беа цените на земјиштето во Сукошан што требаше да им помогне на младите семејства да го решат станбеното прашање. Но, наместо семејни куќи, за туризам никнаа вили со базени. И ова трае веќе со години, а работите да бидат уште поапсурдни, една од вилите дури доби и награда за туризам на округот, пренесува „Проверено“ во синоќешниот прилог.

Вакви приказни е тешко да се замислат без членовите на ХДЗ. Се продава гореспоменатата наградена вила од Сукошан – иако мораториумот на продажба од десет години според договорот – не е истечен. Нејзината сопственичка е Ана Сураќ е ќерка на жупанискиот советник на ХДЗ Никица Чалушиќ.

Опозицијата во Хрватска предупредува дека во овие вили никој не живее и дека не ја исполнуваат целта за која земјиштето, по ниски цени, им е дадено на луѓето.

Која е целта на проектот? Купува и продава по многукратно пониска цена? Изнајмување наместо живеење? Градоначалникот на Сукошан, Анте Мартинац, одговараше на прашањата на репортерката на „Проверено“, Барбара Мајсторовиќ – што не е забрането е дозволено.

„Договорот, односно одлуката и договорот не забранува некој да се занимава со дополнителни активности. Зошто да не, мислам дека би било добро младите семејства покрај местото каде што живеат, да се занимаваат и со овие активности“, вели тој. 

„Никој не живее таму“
И тука доаѓаме до најважното – младите семејства да можат да заработат нешто таму каде што живеат. Но, прашањето е дали навистина живеат таму? Според тимот на „Проверено“, во изградените вили нашле претежно собарки кои ги чистат објектите за нови гости.

„Повторно велам дека не познавам такво семејство, ниту едно. Повторувам, ако некој навистина живее, би сакал да ме контактира и јавно да каже – јас го изградив и живеам таму. Не познавам такво семејство. Ни јас, ниту мештаните. Мештаните го велат истото – никој не живее таму“, рече Петра Житко, советничка на округот.

На останатите триесетина купени парцели не е ниту почната градба, иако во договорот јасно стои дека одобрението за градба мора да се издаде во рок од три години, а изградбата на имотот треба да започне во рок од пет. Во спротивно, земјиштето ѝ се враќа на општината, но по пазарна, не по цена по која е купено. Сѐ уште никој не го направил тоа.

На купувачите не им беше дозволено да го продадат земјиштето во рок од десет години. Доколку земјиштето морало да се продаде поради виша сила, правото на прв откуп по истата цена го задржала општината. Но, вилата на Ана Сураќ моментално е огласена за продажба, иако во нејзиниот случај тој рок истекува на 10 февруари 2024. Цената е 750.000 евра, што е речиси петстотини пати повеќе од сумата за која е купено земјиштето.