Месо, овошје и зеленчук: Како да препознаете свежа храна во супермаркет?


Купувањето намирници во големи количини може да биде тешко. Ако купувате месо, овошје или зеленчук, многу е важно да знаете дали се навистина свежи како што се претставени во супермаркетите.

За да избегнете расипана храна и да го изберете најдоброто што се нуди на полиците, важно е да не купувате храна пред внимателно да ја прегледате. Вашите сетила за вид, мирис и допир се најдобриот начин да ја проверите свежината на храната.

Овошје
Доколку планирате веднаш да ги јадете, бананите најдобро е да се купат додека се жолти со кафени дамки. Ако не сакате да јадете банани во истиот ден, позелените банани се дефинитивно подобра опција.

Бобинките најдобро се мирисаат за да се знае дали се свежи. Обрнете внимание на контејнерите во кои се продаваат. Често, мувла ќе се развие на една или две бобинки на дното или центарот, а потоа брзо се шири низ пакетот.

Дињата и лубеницата треба да бидат миризливи и цврсти на допир. Избегнувајте дињи и лубеници кои имаат видлива мувла или многу мали флеки бидејќи тоа може да значи дека се премногу стари за јадење.

Кај јаболката важно е да се изберат најтешките, а при изборот на портокали да се изберат оние со посветла боја и со „сладок“ мирис.

Зеленчук
Коренестиот зеленчук, како што се компирот и репката, треба да биде цврст. Меките делови на овие видови зеленчук значат дека тие повеќе не се погодни за консумирање.

Тиквите, без разлика на видот, треба да бидат цврсти и мазни, а не е лошо да ги проверите со тапкање. Ако звучат како да се шупливи, тоа значи дека се свежи и подготвени за јадење.

Треба да се избегнуваат печурки кои се меки, збрчкани и речиси лизгави. Кога станува збор за зелената салата, секогаш избирајте ги оние со светли бои и без дамки.

Секогаш гледајте го кромидот по првиот слој. Кромидот кој има траги или пукнатини, секогаш проверувајте двапати за да бидете сигурни дека нема мувла.

Месо
При изборот на пилешко или мисиркино месо, купете ги оние парчиња кои немаат мирис и вишок течност. Црвенилото и цврстината се најважните карактеристики на црвеното месо. Кај производите од сушено месо, внимателно погледнете го пресекот. Не купувајте ги оние производи што имаат сивкаста боја.

Има само едно правило кое треба да го запомните кога купувате морски плодови, а тоа е дека треба да мирисаат на море, но не треба претерано да се осеќа мирисот на риба.