Голем скандал во шпанскиот фудбал: Уапсени тројца играчи на Реал Мадрид поради снимка со малолетничка


  Како што дознава шпански El Confidencial, тројца играчи на Реал Мадрид се уапсени под сомнение дека поседуваат еротски видеа од малолетничка. Не станува збор за играчи на првиот тим, туку за оние од помладите категории. Сепак, како што дознаваат шпанските медиуми, видеото почнало да кружи и меѓу најголемите ѕвезди во првиот тим на Кралскиот […]

Вучиќ: Тежок ден во Брисел, неуспешна средба во невозможни услови


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека денешните преговори во Брисел со премиерот на Косово, Албин Курти и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, биле тешки и оти биле одржани „во речиси невозможни услови“. „Не беше лесен ден во Брисел. Во тешки и речиси невозможни услови, една неуспешна средба“, […]

Цените од септември нема да бидат основа за намалувањето од минимум 10 отсто


 Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека најавеното намалувањето на цените на одредени производи нема да биде од септемвриските и августовските цени туку од други месеци кога, како што вели имало пристојни цени. Бектеши најави дека следната недела во Собранието ќе биде доставено ново законско решение за нефер трговски практики.   -Ниеден од трговците не […]

Синот на Џозеф Бајден обвинет на федерално ниво поради нелегално поседување оружје


Синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер, денеска беше обвинет на федерално ниво за нелегално поседување оружје. Хантер Бајден е обвинет пред федералниот суд во Делавер дека лажел за неговата употреба на дрога за време на купувањето пиштол во 2018 година, велејќи дека не страдал од зависност. Тој претходно во тој период призна дека се […]

ЖФК Љуботен не доби согласност од Општина Тетово да го користи градскиот стадион


По вчерашното писмено барање како и денешниот состанок со одговорните лица во општината прволигашката женска екипа Љуботен не доби согласност да игра на градскиот стадион во Тетово. Според информациите кои ги соопшти клубот од општината добиле само ветување дека тоа ќе биде возможно по 24 септември. – Во врска со барањето на ЖФК Љуботен за […]

ФИФА ги објави 12-те номинирани за наградата Најдобар фудбалер


Управното тело на светскиот фудбал (ФИФА) објави список од 12 играчи кои се во конкуренција за наградата за најдобар фудбалер во светот. Наградата The Best FIFA е втора најмоќна во светот на фудбалот, а иако не се официјални награди на ФИФА, Златната топка (или Ballon d’Or) што ја доделува France Football се смета за највисока […]

Притвор за осомничен за силување во струмичко


 Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка денеска достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи […]

Реконструирано училиштето во демиркаписко Бистренци


Заврши реконструкцијата на училиштето во демиркапиското село Бистренци, информираше попладнево градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.   – Со почетокот на новата учебна година, завршија градежните активности во подрачното училиште. Поставена е нова термоизолациона фасада на училишната зграда, изработена е нова стреа, поставени се нови олуци и метални штитници на прозорците, како и настрешница на […]

Пописот во Црна Гора ќе почне на 1 ноември


Пописот на населението во Црна Гора, согласно законот, треба да започне на 1 ноември, а подготовките се одвиваат со полн интензитет, изјави денеска црногорскиот министер за финансии Александар Дамјановиќ и посочи дека нема теоретски шанси процесот да биде попречен.  „Потребно е да се постигне максимален фокус, имајќи ја предвид политичката позиција во која се наоѓа […]

Белгискиот премиер „шокиран“ од подметнување пожари во училиштата поврзани со сексуално образование


Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска изјави дека е „длабоко шокиран“ од серијата подметнати пожари во училиштата поврзани со протестите против задолжителните часови за сексуално образование. „Нашите училишта мора да бидат безбедно место за сите наши деца“, рече Де Кро во видеото објавено на Фејсбук. „Пристапот до сексуалното образование не може да се доведе во […]

Во Брисел започна скрининг состанокот за Поглавје 15 – Енергетика и Поглавје 21 – Трансевропски мрежи


Во Брисел денеска започна билатералниот скрининг состанок за Поглавје 15, „Енергетика“ и Поглавје 21, „Трансевропски мрежи“, кои се дел од Кластерот 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. Состанокот, како што е наведено во соопштението од СЕП, го отвори државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, која […]

ЦУК: Поради засилен ветер пожар се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира за пожар којшто денеска попладне избувнал покрај железничката пруга кај местото Ореше, Општина Чашка, и којшто и покрај напорите за гаснење е сеуште критичен и доста активен, а поради засилениот ветер се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени. -Во 12:38 часот, во Центарот за управување […]

„Бехтел и Енка“ во Прилеп нудат работни места за повеќе профили потребни за изградба на автопатот Прилеп-Битола


 Компанијата „Бехтел и Енка“ денеска отвори штанд во центарот на Прилеп и на прилепчани им нуди работни места од повеќе профили за изградба на автопатот Прилеп-Битола. Ова е четврт саем по оние ово Тетово, Гостивар и Битола, а од 20-ти септември ќе има и во Кичево, Велес и во Куманово. Компанијата досега има ангажирано 35 […]

Во Србија за седум дена од Ковид се заразени 1.529 лица


Во Србија во изминатите седум дена се регистрирани 1.529 заболени од коронавирусот, објавено е денеска на веб-страницата kovid19.rs. Во тој интервал биле тестирани 7.437 лица, се наведува на веб-страницата на Министерството за здравство на Србија, пренесе Бета. Во Србија е присутна новата варијанта на коронавирусот, соопштија властите на 6 септември, прецизирајќи дека е потврдено присуството […]

Хрватска ги ограничи цените на уште 30 производи, цената на струјата замрзната наредните шест месеци


Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска во Загреб го претстави новиот пакет мерки за заштита на граѓаните и претприемачите од инфлација, со кој се предвидуваат ценовни лимити за уште 30 производи и финансиска помош за пензионерите со приходи помали од 700 евра. „Како дел од новиот пакет мерки, од 1 октомври и во наредните шест […]

Блумберг: Руските олигарси повлекоа најмалку 50 милијарди долари од Европа по почетокот на војната во Украина


Руските олигарси повлекоа десетици милијарди долари од Европа од почетокот на руската инвазија на Украина под притисок на меѓународните санкции и повиците на претседателот Владимир Путин да го вратат своето богатство дома, јави Блумберг. Во август, акционерите на United Medical Group Cyprus и MD Medical Group Investments, контролирани од Игор Шилов и Марк Куртцер, одобрија […]

Русите основаа речиси 7.000 компании во Србија


Руските граѓани имаат основано 6.976 компании во Србија од почетокот на војната во Украина. И покрај оваа „неверојатна“ бројка, прашање е дали сите овие компании ќе придонесат за растот на српската економија или се само начин руските граѓани да добијат дозвола за постојан престој во Србија, со чија помош потоа ќе можат безбедни визи за […]

Компанијата што ќе го гради „Чебрен“ ја градела „Палмата“ во Дубаи


Грчката компанија „Архиродон“ , што треба да го гради проектот „Чебрен“ на Црна Река е градежен гигант што оставил печат на неколку континенти. Според она што го објавува самата компанија таа во моментов има проекти од 4 милијарди долари, а нејзините активности се протегаат на три континенти и во 30 земји. „Архиродон“ започнала како изведувач […]

Минималецот во Србија од следната година 400 евра, зголемена и најниската цена по работен час


Владата на Република Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за висината на минималната плата за периодот јануари-декември 2024 година, според која минималната плата, без даноците и придонесите за задолжително социјално осигурување, ќе се зголеми на 271 динари по работен час за наредната година. Тоа значи дека минималната цена на трудот, наместо досегашните 230 динари, […]

Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во Мачкини дупки


Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во местото наречено Мачкини дупки, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во 17:15 часот вчера во Полициската станица Аеродром, пријавено било дека во селото Горно Лисиче, на место викано „Мачкини дупки“, настанал пожар, при што биле опожарени викенд куќа, сопственост на Т.С., на возраст од […]