Хрватска ги ограничи цените на уште 30 производи, цената на струјата замрзната наредните шест месеци


Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска во Загреб го претстави новиот пакет мерки за заштита на граѓаните и претприемачите од инфлација, со кој се предвидуваат ценовни лимити за уште 30 производи и финансиска помош за пензионерите со приходи помали од 700 евра.

„Како дел од новиот пакет мерки, од 1 октомври и во наредните шест месеци цената на струјата ќе остане иста за граѓаните, стопанството и институциите, за што државата издвојува 288 милиони евра“, рече премиерот. .

Тој додаде дека тоа не важи за големите стопански субјекти бидејќи е намалена пазарната цена на струјата, но и тие ќе бидат субвенционирани доколку има значително поскапување.

Заедно со пензионерите, еднократна парична помош ќе добијат и корисниците на детски додаток.

Со новите мерки се ограничуваат цените на уште 30 производи.

Новиот пакет мерки е вреден 464 милиони евра, а постоечкиот 551 милион евра.