Голем скандал во шпанскиот фудбал: Уапсени тројца играчи на Реал Мадрид поради снимка со малолетничка


 

Како што дознава шпански El Confidencial, тројца играчи на Реал Мадрид се уапсени под сомнение дека поседуваат еротски видеа од малолетничка. Не станува збор за играчи на првиот тим, туку за оние од помладите категории.

Сепак, како што дознаваат шпанските медиуми, видеото почнало да кружи и меѓу најголемите ѕвезди во првиот тим на Кралскиот клуб.

Приговорот против играч е поднесен на 6 септември од мајката на девојчето кое се наоѓа на видеата. Таа тврди дека еден од играчите снимал секс со девојка, а потоа го споделил со соиграчите, што е многу тешко кривично дело.

Инволвираните фудбалери моментално се во притвор, а истрагата би можела да се прошири и на други соиграчи во тимот.