Нетанјаху ќе се сретне и со Маск за време на посетата на САД


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со технолошкиот милијардер Илон Маск за време на посетата на САД следната недела, пренесе ДПА.

Средбата е закажана за понеделник, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Маск неодамна беше обвинет за антисемитизам откако ги нападна финансиерот и преживеан од Холокаустот Џорџ Сорос и еврејската организација Лига против дефамација (ADL) со седиште во Њујорк.

Според медиумски извештаи, Нетанјаху прво ќе оди во Калифорнија пред да присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк на крајот на следната недела.

Не е јасно дали Нетанјаху ќе се сретне и со американскиот претседател Џо Бајден. Летоска двајцата лидери се договорија да се сретнат „наесен“, но не беше одреден конкретен датум.