Бегај: Приштина да ги следи сугестиите на САД за дијалогот со Србија, не ни треба самоизолација


 Албанскиот претседател Бајрам Бегај ги повика властите во Косово да ги следат препораките дадени од САД за процесот на дијалог со Србија. -Не ни треба самоизолација, ни требаат пријатели и поддршка, изјавил Бегај во интервју за Гласот на Америка, додавајќи дека Албанија го поддржува дијалогот со посредство на Европската унија и поддржан од САД. Нагласил […]

Мицкоски: Власта да ги исполни очекувањата на пензионерите


Власта да покаже повеќе разум и да ги прифати барањата на пензионерите, побара лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес од тетовска Брвеница, одговорајќи на новинарско прашање. Тој не го прифаќа ставот на власта дека нема простор за решение. – Па видете од власта велат дека нема простор за договор затоа што потрошија 200 […]

Во летната сезона во Дојран се остварени околу 100 илјади ноќевања


– На крајот на оваа туристичка сезона се остварени околу 100 илјади ноќевања, но точниот број не може да се утрврди бидејќи наплатата на туристичката такса не е целосно реализирана зашто таа е показател за точниот број на туристите, смета градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Општината е задоволна од посетеноста на Дојран, но како општина […]

Германија воведува гранични контроли со Полска и Чешка


Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави воведување гранични контроли на границата со Полска и Чешка, како што пренесоа денеска германските медиуми.   „Мислам дека сега треба да бидеме прагматични и да воведеме стационарни гранични контроли на границите со Полска и Чешка“, рече Фезерво интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“. . Таа нагласи дека […]

Полицијата во Хрватска апси навивачи на Динамо по потерница од Грција


Полицијата во Хрватска започна акција за апсење на членовите на навивачката група „Бед блу бојс“ поради европска потерница која стигна од Атина. Полицијата постапила според налогот и уапсила неколку навивачи. Уапсени се девет членови на „Бед блу бојс“. Полицијата не сака ништо официјално да потврди од како што велат „тактички причини“. Сè уште се трага […]

Се урна мал авион во Грција, загина пилотот


 Во аероклубот во близина на грчкиот град Тива, претпладнево се урнал мал авион со еден мотор, а загинал пилотот, јави дописничката на МИА од Атина.  Причините за несреќата засега официјално не се познати, а според грчката државна телевизија ЕРТ, се појавил проблем при полетувањето. Веднаш по падот, како што соопшти Противпожарната служба на Грција, интервенирале […]

Пожарот кај Милетино се гасне и од воздух – гори борова шума


Центарот за управување со кризи (ЦУК), известува дека полета еден авион на ДЗС, а втор авион се подготвува, за дејствување на реактивираниот пожар на тешко пристапни места кај селото Милетино во Општина Брвеница, каде што пожарот зафати борова шума.   Инаку, Регионалниот ЦУК Тетово информира дека врз пожарот на терен, од разденување, утрово интервенираат 15 […]

Месина Денаро падна во неповратна кома


Најбараниот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари откако беше во бегство 30 години, од вчера е во неповратна кома, јави новинската агенција АНСА. Тој боледува од рак на дебелото црево и неговите лекари велат дека Месина Денаро нема да закрепне. На негово барање, мерките за одржување на животот се […]

Со измените на Кривичниот законик Груевски не се враќа во Македонија, тврди Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Гласот на Америка“, прашан за измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за делото злупотреба на функиција, кажа дека “со последните измени на кривичниот законик, Никола Груевски, нема да се врати во Македонија“.  -Тврдам, досега не се вратил, заради овие измени нема ни да се врати, тоа […]

Хаос во Италија: Во тек е евакуација, има мртви (фото/видео)


Додека централно-северните региони на Италија се борат со грмотевици и град, Сицилија се уште е погодена од африканските горештини, а високите температури предизвикуваат пожари. Повторно најтешко беше на подрачјето на Палермо, кое пред два месеци се гасеше со пожари кои предизвикаа големи штети. Во петокот попладне, зградата 18 од универзитетскиот кампус во главниот град на […]

Се урна дел од автопат во Шведска: Три лица се повредени


Голем дел од автопатот на југозападот на Шведска се урна во текот на ноќта, а три лица со полесни повреди се хоспитализирани, соопшти денеска полицијата. Свлечиштето го оштети автопатот меѓу вториот по големина град во Шведска Гетеборг и главниот град на Норвешка Осло, во близина на малиот град Стенунгсунд, на околу 50 километри северно од […]

ГН на Јапонија: Деветта пол – позиција за Верстапен


Водечкиот во генералниот пласман во Формула 1, Макс Верстапен (Ред Бул) ќе стартува од пол – позицијата в недела кога ќе се вози трката за Големата награда на Јапонија. Холанѓанецот Верстапен дојде до својата деветта пол – позиција оваа сезона, откако беше најбрз на денешните квалификации на патеката Сузука. „Ова досега е неверојатен викенд, особено […]

Нови напади врз седиштето на руската Црноморска флота


Еден ден по успешниот украински напад врз седиштето на руската црноморска флота, повторно одекнаа експлозии на полуостровот Крим, кој Русија незаконски го анектираше во 2014 година, пренесува Хина повикувајќи се на ДПА. „Според првите информации, во Севастопол работела противвоздушна одбрана“, напиша на Телеграм рускиот шеф на окупираната територија Михаил Развошеев. Делови од проектил паднале во […]

Земјотрес во Турција


Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди југоисточна Турција, а епицентарот бил во областа Гоксун во Кахраманмарас. Земјотресот, кој се случи во 11:22 часот по локално време, е почувствуван и во околните провинции, јавува ТВ Хабер Турк. Како што соопшти турската агенција за управување со катастрофи (АФАД), епицентарот на земјотресот […]

Пендаровски во Њујорк ја одликуваше ООН со Орден на Република Северна Македонија


Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш кое се доделува за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците […]

Продолжува штрајкот на холивудските сценаристи


Здружението на сценаристи на Америка (ВГА) и претставниците на главните студија вчера се состанаа трет ден неделава, додека толпа сценаристи се собраа да протестираат во знак на солидарност и се надеваат дека страните ќе постигнат договор за ставање крај на штрајкот во кој учествуваат десетици илјади луѓе. Сè уште нема договор. Директорите за компаниите во […]

Се отвори чекална за македонскиот чекач


На познатата локација кај Буњаковец во Скопје, отворена е чекална за македонскиот чекач, кој трпеливо чека 30 години да се сменат работите. Креативно активистичката акција „Чекална“ е посветена на сите граѓани на Македонија кои повеќе од 30 години чекаат да се случи нешто и работите да тргнат на подобро, велат идејните творци.  – Идејата на […]

Османи до Македонците во Албанија: Слободно да ја изразите вашата припадност


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача до Македонците во Албанија во следните шест недели слободно да ја изразат својата идентитетска припадност на тамошниот попис на населението. „Драги Македонци, препознавајќи ја вашата улога како лојални граѓани на Албанија, ве охрабрувам на пописот слободно да ја потврдите вашата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност, која претставува […]

Под мотото „Прекрасното непознато“ вечерва почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“


Под мотото „Прекрасното непознато“ Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 44. издание.   Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на македонскиот филм  „Домаќинство за почетници“ по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција.   Директор на […]

БРАКО ги помогна инвестициите во Велес со милион денари за проектирање


Велешката компанија БРАКО помогна со финансиска помош од милион денари за побрзо спроведување на проектите на територија на општина Велес. Општината ја искористи донацијата за побрзо и поефикасно  да спроведе постапката за повеќе инвестиции во градот кои се во интерес на граѓаните. Со финансиската помош беа изготвени основни, идејни и урбанистички проекти за реконструкција на […]